А што корист има црквата од тоа, ако така прави само за да привлече внимание? Од пари? Не, човек ако сака може да остави пари пред икона, ако не, нема да остави, тоа не е нешто што е морално, но е само поради тоа дека наводно е таква процедурата, што незначи.Самата црква не тера никого да влезе во црква, а ниту пак налага да се оставаат пари.Значи тоа оставање пари пред икона, само е создадено како неоснована процедура, нешто „како така треба“.За да се остави нешто, треба вистински да се почувствува потреба од тоа.Мене лично, не ми е проблем да оставам малку пари покрај икона, за кои знам дека нити ќе ме осиромашат, а нити збогатат, па макар и да биле наменети за свештенството, наместо за други цели, а што би значело како јас лично да сум ги дала на некој поп, да речеме, а дали пред икона се дадени или лично, исто е.Јас верувам во овие работи, затоа што знам дека постојат, не само што знам, туку сум сигурна.Не може на една икона бојата сама да исчезне и фрескоживописот да се врати во првобитната состојба за кратко време, освен ако има некакво оштетување на подлогата на која е изработен, што во случајов не е логично да станува збор за оштетување на подлогата, поради временскиот период на оваа случка.Поради што првично, ова што го напоменав за подлогата, веднаш пропаѓа во вода, не држи, па останува на тоа да се рече дека може и да е чудо.Не е дека јас верувам, туку дека е невозможно фрескоживописот ако е оштетен, веднаш самиот од себе да се поправи.Црквата нема апсолутно никакво фајде од тоа да на ваков начин привлече внимание.
Не реков дека сакаат да ги намамат луѓето да оставаат пари на иконите, таман работа. Сакав да кажам дека во денешно време многу луѓе ја имаат изгубено вербата во цркавата и нејзината моќ па ова можеби е начин да го привлечат вниманието на луѓето со „чудо“ да веруваат во неа. Ова ми се само претпоставки, којзнае, никој неможе да докаже дали било вистинско чудо или масло на црквата.
Погледнете колку беше возбуден отецот кога раскажуваше,целото лице мислам му сјаеше од среќа. Сигурно ги обновил,и после,како некој актер одглуми пред камери дека е изненаден Ако некој не верува,не мора,ама да не не нарекува тие што веруваме прости и глупи луѓе.
ВЕРУВАМ и те како верувам во ова со иконите.Баш сега гледам на канал 5 пишува дека продолжува чудото пред очите на јавноста ке ги чекам вестите во 23 часот
angelce1 каде прочита дека некој ве нарекува прости и глупи луѓе? Реакцијата нормално дека ке биде таква, зарем да биде смирен како презентер на вести? И небива тој самиот ги обновил, ако е навистина ова игра на црквата тогаш најверојатно е дека свештеникот нема никаква врска со ова. Сепак предалкеу отидовме со една обична претпоставка.
Уклучи канал 5. Фреските се чистат и понатаму, пред очите на граѓаните. Дури и ѕидовите изгледаат, како да се кречени. Не сакам никого да убедувам. Меѓутоа, според мене, не станува збор, за привлекување на внимание и сл.
Јас сега видов на тв, нема шанси некој толку живописно да ги наслика ореолите на светците, нивните ликови, крилјата на ангелите, нивните врвови направени со црвена боја, па и да е најдобар уметник, нема шанси така да ги наслика.Ма и Микеланџело може вода да му носи на оној кој ги направил иконите. Иконите и да ги обновиле, не е можно толку живописни да ги направат боите, па макар мешале одредени бои за да го постигнат ова, ореолите да изгледаат како златни, а посебно црвената, која е специфично направена.Црквата беше премногу темна, пред да се случи ова.Има нешто :geek:
Ау како немало... секако дека е Господ. Утре Стефан ќе го продаде џипот и ќе почне да пости без зејтин. Ова све беше смешно пред,ама веќе преоѓа во претерано и комично. Не сакам да помислам што заебале, па со чудово да се вадат. Затоа малце суптилно го потпикнаа,ама шо знаеш,може утре и папата ќе дојде, па и црквата ќе ни ја признаат. Не ми се верува дека има луѓе шо веруваат... Мислам од Лилит ништо више не можете да очекувате,да,да. Јас и неверни Тома,тие сме.
Леле ама ме насмеа свештеникот - колку само беше изненаден и радосен! Па и јас би била кога пред очи ќе ми се случува такво нешто! Црквата ја знам и отсекогаш си помислував дека е жално што фреските се скриени од чадот на свеќите низ годините. А сега, целата свети од внатре! Тоа чистење на фрески е многу долг процес. Тоа го знам бидејќи во Св. Богородица - Каменско во Охрид се правеше таков проект - исчистување на фреските. Мислам дека траеше 3 месеци. Цела беше со скелиња и доста работници. Со памук го чистеа секое делче со посебна течност која не и штети на боите на оригиналните фрески. Си бара време и многу трпение. Па така, ако ова некој го монтирал, ќе се знаеше. Плус, црквата е баш градска и секој секогаш имал пристап до неа. Јас само ќе речам: Слава Му...
На 26ти јули 2004та година, ми се случи несреќа. Се онесвестив додека возев точак, паднав на левата страна директно на глава, од што ми се појави внатрешно крварење. Другарките што беа со мене, не можеле да ме освестат, па викале помош. Сум го голтнала јазикот и сум почнала да се гушам, ама за среќа тука се нашол некој болничар што успеал да ми го извади јазикот. Бидејќи вилицата ми била целата вкочанета, сум му ги раскрварила рацете додека се обидувал да ми ја отвори устата за да не се угушам. Вујко ми кој живее во близина каде што ми се случи тоа, веднаш дошол за да ме пренесе во болница. И до ден денес кога ми кажува за тоа, ми вика дека кога ме видел, бил сигурен дека ме изгубиле. Сум била бледа како крпа. Како човек да гледа мртовец. Веднаш ме пренеле во болница, се сеќавам дека таму се освестив ама уште бев во делириум. Ми направија КТ, видоа дека имам внатрешно крварење, па веднаш ме сместија на Ургентен. Ми прикачија инфузии и бев некое време во болница. А другарките кои беа тогаш со мене, толку многу беа испоплашени, што мораа да ги носат на бајачки. Го поминав цело осмо одделение на клупа додека другите играа на физичко, затоа што мене ми беше забрането. Не смеев да се движам многу, со цел да се повлече крварењето. Постојано правев прегледи, и еве денес се вратив во нормала и се е во ред. Не знам што се' се случи тој ден, ама оттогаш го славам како втор роденден. Свети Архангел Гаврил ми е како заштитник, бидејќи на 26ти јули се слави тој празник. Оттогаш секој година на тој ден одам во црква, оставам зејтин и палам свеќа. Ако сум во можност одам во Зелениково, каде има манастир посветен на тој светец.
Да. Но не би ги нарекла Божји, едноставно енергетски. Зошто - не знам. Имам ситуации во животов, во кои сум била на чуден начин заштитена од лоша енергија, зло, и знам дека нешто таму некаде ме чува. Можеби е само аура од висок напон, универзален и космички, кој си го претставуваме како божја волја. Но во едно верувам - дека енергијата нема пол. Не е машка, женска. Едноставно е струење кое умот не може да го следи, а постои. Во два наврати - сообраќајни несреќи, токму таа мисла ми има пројдено низ глава. И верувам.
Абе и јас верувам во бог, и да го прочитав ова пред една година и тоа како ќе верував. Сега, знаејќи на што се е спремен македонецот, не верувам некако. Семоќниот господ нема друга работа, па ќе прави тричкиња за еден од најпростите и најнесвесни народи во светот. Пошо гледам само овде се дешава нешто секогаш. Де на јајце, де на дрво, па сега и ова. Не знам, да не грешам душа, можеби е вистина, ама по толку глупирања и лажења на народот, сега и да е точно не можам да поверувам. ЕДИТ: http://www.youtube.com/watch?v=TLJUQ6Yyvz8 Пазете на од 01:30 .... Порано во црквава имало по 20 венчања неделно, а сега толку имало годишно... Е сега сѐ ми е јасно!
Не можам и не можам да поверувам дека некој верува во актуелниов настан Па уште се собирале од цела Македонија да видат
Луѓе џабе се сите коментари, тоа треба само да се види со свои очи. Неописливо нешто. Колку и да сте оддалечени од Господ, ќе сфатите дека постои и дека е тука цело време.
Оној кој не верува во Бога, нема да верува ни во Божје чудо. Оној кој верува, верува, не му требаат чуда. Јас сакам да верувам, затоа што чистењето фрески е толку мачна и бавна работа, која ја прават само експерти, што не верувам дека може да се прави незабележано, колку да се излаже народот. Навикнати сме да сме скептични, да не веруваме во ништо, и тоа можеби е во ред, ама да не им ја нагрдуваме вербата на оние кои веруваат или кои сакаат да веруваат. Па самите често велиме „Чуда се случуваат“, ама изгледа не им веруваме ако се случуваат пред наши очи. И можеби има некое издржано, научно објаснување што се случува со фреските, ама додека некој не даде такво објаснување, убаво ми е да си верувам дека не погалила Божја рака. А за тоа дали сме мали и неважни... пред Бога сите се исти, барем така учи верата. А мали и неважни сме онолку колку што тоа го мислиме за себе.
Запрепастена сум од коментарите на страната на канал 5 по повод оваа вест. Господ прави чуда ама нз колку сето тоа вреди кога вербата ни` е заменета со скептицизам...нз дали и колку заслужуваме да Го видиме.
Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното. Абе ајде?? А малку бог да и помогнеше на оваа кутра државичка каде народот е научен на крадење и неправди на секој чекор, држава каде што човек едвај успева да се школува, кадешто се добиваат едни мизерни плати со кој сам не можеш да се гледаш, а не па дете да гледаш. Наместо кога си млад да го шеташ светот и нормално да си живееш (општо зборувам за поголемиот дел во Македонија), ти треба да се мислиш дали ќе ти дојде плата, или дали ќе си најдеш работа било каква, да не зборувам што си давал годишно 500 евра за факултет, а после тоа да работаш за мизерна плата од 150 евра. Не дај боже па ако сакаш настрана нешто да тргниш, на свети никад! И премногу сум револтирана од ова божјото чудо што го измислиле, и уште пуфки ќе продаваат да сме се свртеле кон духовното. И што? Тоа духовно ќе му даде на народот леб и ПРИСТОЕН ПРОСЕЧЕН ЖИВОТ? Па луѓево едвај излегуваат од крај на крај, државата ги цица колку што е можно повеќе, загреота народот. Па нека не коментираат такви глупости , ти се молам. Луѓето во Македонија не станале такви ради реда, туку со причина, од мака и тешкотија, немаат пари, ни за основни работи! Да не се разбереме погрешно, верувам во Господ, ама за ова сум сигурна дека е уште една измислена работа. И плус слушнете на клипот, од Митровден скоро никој не одел во црквата, и сега оп се исчистиле фреските сами од себе, и црквата е посетена. Да, да Митровден е на 8 Ноември, па имале доволно време да го направат чудово. Само нека не ни мачкаат очи дека светецот преку ова сакал да покаже колку жали што црквата не била посетува. Господе боже!