Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Не е ист?Ист е само што сите го нарекуваат со свое име....што би било кога се на овој свет би било исто?Секој си е свој,си има своја вера и религија а Господ е ист еден и единствен
     
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Chicka ne mislev vo taa smisla zosto ne e za site ist :) pogresno sme se razbrale.Sakav da kazam zosto togas ne e praveden so site,zosto ne pomaga na site,ako vece pomaga.Toa sakav da kazam.Pozz
     
  3. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Е сега се разбираме :lol: Па ете едноставно се се лучува со некоја причина...доколку биде се исто и праведно нема да биде интересно...и јас честопати си поставувам многу прашања но ете едноставно на нив нема одговор..
     
  4. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Не знам дали можам да верувам во нешто невидливо. Сум верувала, сум се молела, но не сум видела многу убави нешта во животот..
     
  5. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Би сакал да верувам во Господ, да видиме сите дека тој постои :!: Ама врз која основа??? Само еден пример ќе ви насочам - сигурно повеќе го гледавте клипот , pay attention or pay the price... Доволно само овој пример...Ако постои Бог, се прашувам - Зашто секојдневно гаснат млади животи , гинат невини деца??? Зашто луѓето страдаат од страшни болести и цел живот се измачуваат? Зашто злобните и лошите луѓе Бог не ги казнува??? Ако постои Бог, тогаш е многу неправеден кон луѓето :tmi:
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Јас мислам одговорот лежи во Исусовото страдање..Затоа се случува страдањето кај обичниот човек.
     
  7. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Hmmm,neznam Julie77..... ne mi se jasni bas tie raboti.Ama jas kolku svativ,bog se zrtvuval za nas,poradi grevot na Adam i Eva,i tuj umrel za da nasite grevovi ustvari,za da ni bidat prosteni na nas,za da ziveeme nie ubavo. :worried: neznam....taka nesto bese prikaznata,iako,povtoruvam...ne veruvam vo gospod...voopsto!
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    незнам дали верувам. Животот ми дал премногу причини да не верувам, сум изгубила премногу и баш се прашувам ако имаше нешто Горе, зошто ваков живот ми дал. А од друга страна, има многу работи кои ме натерале да се запрашам како се возможни, и да помислам дека се преголема случајност, доколку не се некаков знак. Незнам. Збунета сум по оваа тема
     
  9. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Не верувам. Така ми влијаеле од дома, така ме учеле, но и ден денес не ми е променето мислењето и верувањата поради тоа што учењето на религијата не се поклапа со учењето на науката, а јас сум доста навлезена во проучување науката. Така да мислам дека моите исправно постапиле, па и јас моите деца ќе ги учам така ;)
     
  10. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Во потполност се согласувам со тебе :!: Науката се темели на докази и разумни хипотези, кои имаат потенцијал да преминат во научни тврдења :!: а, инаку во врска со ова тема би додала , дека не треба да се нанесува зло на луѓето, зашто се враќа тоа... :| Велат - "Господ да ти плати , за тоа што си го направил" на пр. Дали Господ или нешто друго, верувам дека лошите луѓе, животот со лошо ќе ги изненади...А, тие што страдаат и се мачат, па после дождот изгрева сонце, така велат :) Инаку јас не сум атеист, одам во црква, ја сакам мојата религија, дома ги правиме сите православни обичаи за празници и имаме наша куќна слава...Но, трабуњања од типот дека живиот свет на Земјата го создал Господ, оние приказни за Адам и Ева, за јаболкото итн... :| Тоа искрено е смешно за мене :worried: Верувам само во тоа што е со докази потврдено или во најмала мера има цврста хипотеза за истото поставено :)
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ова според мене е малку контрадикторно :^) Веруваш во науката, но веруваш и во религијата? Па ете Господ не е со докази потврден дека постои, па ти веруваш во него...Религијата отсекогаш се косела со науката, па така и на времето со првите научни пронајдоци кога црквата кревала толкава прашина. Ајде ако не ти е тешко малку појасни на кој начин тоа веруваш во него, што е тој за тебе, и како го замислуваш...Баш ме збуни со твојов пост, а по твоите мислења на форумов мислев дека си тежок атеист кој нема шанси да го убедат дека има таму нешто горе :)
     
  12. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    Не ми е воопшто контрадикторен постот...Јас сум православна христијанка и ќе останам како таква до крајот на животот...Јас во погорните постови, водев остра дебата во однос на следново - верувања во задгробен живот, реинкарнации, приказните за Адам и Ева :lol: , дека Господ го создал светот и што ли уште не се изначитав...Исто смешни ми се изјавите дека горе на небото е Господ и сите не гледа, но во ниеден мој пост немам негирано дека некогаш пред многу и многу векови, постоел можеби човек , кој се викал Исус Христос и имал мајка Марија и истиот тој помагал на луѓето..Немам некако соодветни зборови како прецизно да се изјаснам, за да не се сватат како дволични моите постови :| ..Единствено Исус за мене е човек., што пред многу векови го родила мајка му Марија, бил ѕверски измачуван и распнат на крст...И, тоа е све....Али приказни дека воскреснал од мртвите, како и она погоре што го наведов, тоа се искрено глупости за мене...Значи јас неговото име го поврзувам со чистота на душата, со хуманост, со храброст...А, све останато, се само приказни за мене...И, кога ќе одам во црква и ќе си речам во себе - ГОСПОДЕ, веднаш мислам на тој човек по име Исус, кој бил , е и ќе остане олицетворение на хуманост и чиста душа и ништо повеќе...И, после неговата смрт неговото тело било подложно на сите оние биохемиски процеси, кои ги имам објаснувано..Значи за мене Исус, бил исто како нас, човек од крв и месо, без натприродни сили и сл.
     
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Како можеш да се нарекуваш себеси Православна Христијанка, а притоа да кажуваш вакви работи ? |(

     
  14. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    Epa mora nekako da se narekuva t.e. mora da e nekoja vera.Koga ke ti dojdat doma da ti pravat anketa,ne te prasuvaat dali veruvas vo gospod ili ne,tuku te prasuvaat sto si po veroispovest.I treba da kazes dali si hristijanka,muslimanka i dr.A ti posle pak prodolzi da veruvas ili ne veruvas vo gospod. :)
     
  15. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    A,какви работи кажувам??? МИслам дека доволно ми се јасни реченициве во постот, нема двосмислени изјави или конфузни работи :!: Не мислам да се повторувам :!: А, кој дел од постот те буни, прашај ме слободно и ќе ти објаснам... :)
     
  16. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Мислам дека Wild Child друго сакаше да каже. Инаку христијанската религија опфаќа повеќе правци меѓу кои се вбројуваат и католицизмот и православието. Се зависи од тоа какви гледишта имале приврзаниците во однос на Светото Тројство, Бог, Исус, Богородица и тн.
     
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Значи сега Прити ако добро разбрав, веруваш во човекот Исус дека постоел и целата таа приказна, но сепак останува на тоа дека не веруваш дека има виша сила т.е. Господ Бог кој управува со све наоколу? Ако е вака тогаш пак не ми е јасно зошто би се декларирала како верник во бога. Еве и јас можам да верувам во таа приказна дека постоел некој човек Исус и му се случило тоа што му се случило, но тоа не ме прави верник, јас сепак сум си атеист.
    И јас го почитувам христијанството и луѓето што си се верници, никогаш не сум пробувала да се наметнам некому затоа што е верник, секој си има право дали ќе верува или не.
    Традиционалните празници ги запазуваме, иако реков дека не сум од религиозно семејство, но тоа повеќе останало само како традиција, ништо друго. Во црква не одам, освен ако морам.
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Точно е тоа дека друго сакав да кажам, само што некој на форумов е многу контрадикторен, а не сака да признае.
     
  19. preetygirl-J

    preetygirl-J Нов член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    79
    само што некој на форумов е многу контрадикторен, а не сака да признае.

    Тој "некој" на форумов не е воопшто контрадикторен, туку едноставно некои членови, не знам од која причина, немаат доволно аналитичност во себе да ги анализираат "неговите постови"... Или пак доволно се аналитични и паметни, ама обожаваат да водат инает со него, кој е далеку позрел, поискусен и пообразован од нив :) Поздрав
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Без навреда, ама или е некој христијанин или не е. Јас верувам во Исус т.е. верувам дека реално постоел и живеел, ама не верувам дека воскреснал на пример ниту пак би сакала да го наречам Бог или што и да е. И затоа не се ни декларирам во ниетуедна вера.
    А ако некој не верува во „глупости“ кои се основата на една религија, тогаш мислам дека е чудно да се нарекува себеси христијанин, муслиман или будист :^)