Ок и? Темава е дали верувате во Бога-да/не, не дали сте христијани/сакате да бидете преобратени во христијанство/ причини зошто christianity rules ? Што ќе биде доколку други почнат да поставуваат спротивни клипови против христијанството/негативни последици од исто тука со убедувања и форсирања на други колку е тоа погрешно ? Каде ќе иде темава ? Под клуч ете каде.
Модераторите да се размрдаат малце и да бришат несоодветни коментари. Ана веќе на сите на глава ни се качи со срањево, никој не доаѓа овде да чита *ДОКАЗИ ДЕКА БИБЛИЈАТА Е ВИСТИНА!!!!*
@EvAngelos, де запознајте се со познаничкава и обожавателка Девојче, ко првоодделенски буквар ја знаеме веќе реториката на другар ти, и од овде и од групи, аман оладете нè lmfao
За читано, немаш читано. Ама тук таму имаш прочитано научни аргументи кои јасно покажуваат дека вселенава и животот имаат Создател. И немаш ти интелектуални бариери да го прифатиш тоа. Други се причините и ти најдобро го знаеш тоа
Јас читав и не прочитав ниеден аргумент искрено. @EvAngelos ај во кратки црти кажи ми ги аргументите плс
Реалност е, и тоа секојдневна реалност. Дури и ти секојдневно кога гледаш дизајн знаеш дека позади тоа стои интелигентно битие. Ако на плажа прочиташ некој збор напишан на песокот, ти одма ќе заклучиш дека брановите не е можно да го направиле тоа, туку дека човек го напишал. Дури и атеистичките научници на НАСА кои работат на проектот SETI (Search for Extra-Terrestrial Intelligence) и го „слушаат“ деноноќно небото надевајќи се дека ќе уловат некоја интелигентна низа на електромагнетни бранови кои би биле пратени како порака од вонземјаните. Зошто тие би заклучиле дека тој сигнал од небото е порака од воземјани, а не случајна низа на електромагнетни бранови? Затоа што знаат и свесни се дека зад интелигетните информации стои интелигентен дизајнер, интелигентно битие. Секаде каде што гледаат атеистите интелигентен и комплексен дизајн во природата заклучуваат дека тоа морало да биде направено од интелигентно битие, НО кога ја гледаат вселената толку интелигентно и прецизно подосена пред се за да постои, а потоа и за да поддржува живот - е тука одма ја менуваат логиката на размислување и велат: „Таа настанала случајно. На неа не и треба Создател!“ Тоа се нарекува логичка неконзистентност, или логичка шизофренија. Зошто? Затоа што имаат подвоена логика. Затоа што за секој комплексен дизајн тврдат дека мора да постои дизајнер, освен за вселената и Бог. Бог не постои и не смее да постои, и покрај тоа што вселената и животот се далеку покомплексен дизајн од се што сме виделе со очиве. @candy.cane прочитај го ова што го пишав тука и ќе сфатиш зошто интелигентниот дизајн во природата е доволен доказ за секој искрен истражувач на ова прашање.