@EvAngelos а Создателот како е "создаден"? Го создал некој друг? А него кој? Така може до бескрај да се оди. Дали па толкава интелигенција како него е случајно настаната, или случајно постои од секогаш? Мислам сфати што сакам да кажам, пошто ти велиш дека за нешто комплексно како универзумот или човекот не може да е туку така создадено. За мене универзумот сам по себе е Создател, сам по себе е прекрасен и мистериозен. Ние сме настанати благодарение на него, ние сме потомци на ѕвездите кои пред милијарди години умреле. Мене ми е тоа сосема доволно и не барам интелигенција поголема од онаа на самиот универзум. Најголемата причина поради која постоиме е што на оваа планета се создале услови за живот. И скоро целосно сум сигурна дека не сме единствени во цел универзум, ние сме едно преситно делче, планети како нашава може да има милиони, трилиони. Тоа и баш не е така случајно и уникатно. Но толку е незамисливо голем универзумот што не можеме да пронајдиме друг живот, дали има некои со интелигенција на човек или многу поголема. Затоа не верувам во Бог и немам потреба да верувам.
На сите нешта кои имаат почеток на своето постое-ње, им треба причина, им треба создател. Христијаните не веруваат во создаден Бог, туку во вечен Бог, кој е создател на СЀ што постои. Бог, кој е создаден и има свој почеток, по дефиниција не може да биде Бог. Создаден Бог е исто што и четириаголен круг или триаголна коцка или сува вода итн. Тоа се оксиморони – спојување на два противречни зборови. Прашањето „Кој го создал Бог?“ е слично на прашањето „Што е појужно од јужниот пол?“ Така што, на ова поле, и атеистите и христијаните се согласни во тоа дека не веруваат во „создаден Бог“.
Затоа што тоа е теоретски невозможно. Како може нешто само од себе да се создаде? Еве, земи еден празен новчаник и стави го под кревет вечерва. Дали очекуваш утре наутро во него да се создадат пари во него сами од себе? Се разбира дека не. Сами од себе работите не се создаваат. И верувам дека сите ние се сложуваме со ова во секојдневниот живот. Тоа го потврдува и првиот термодинамички закон кој вели дека материјата ниту се создава, ниту се губи, туку само преминува од еден вид во друг. Атеистите веруваат во ова во сите други полиња и сфери, освен, освен кога станува збор за Бог Одеднаш за Бог употребуваат сосема друга логика и начин на размислување. Тоа се нарекува логичка неконзистентност.
се најде себеси во религиозниве теми...умница,ајде сега одлепршај малку во женски домаќински муабети и остај не нас што веруеме да ни се смеат таквите ко тебе
Толку ли ве пецкаат прашањава, па мора да се спушташ на толку ниско ниво за да ме избркаш од темава? Многу зрело, нема што.
Види. НЕМА ДОКАЗИ! Ни за вонземјани, ни за Бог. Докажете, ќе знам. Вака, може има, а може нема. Џабе ме убедуваш иначе, да верувам само. Не верувам, во ништо, што не е докажано. Ако се докажи, тогаш го прифаќам.
Не да е контрадикторно, Господ од нигде никаде постои, ама вселената не може од нигде никаде. Па уште и во домаќински муабети ме избркаа со @Shalitra, кога веќе не се способни да одговараат на прашања.
Додека постоиме ние како нација ќе постои и верата и се во светот, малце за некого ќе е глупо и смешно ова ама почна да се докажува, многу работи се поврзани сами од себе ама докажувањата ќе ги оставиме за наредна прилика
Најиронично е што во женски домаќински муабети (групите), низ најтрагикомичните постови врие од 99% хардкор вернички токму како тебе, што исто вака виртуелно на клада ги ставаат сите поразумни вернички и атеистки кои ќе пишат нешто реално и разумно. Во домаќински муабети нè праќа нас како жени токму христијанството. Се деградираш и брукаш и како личност и како жена, бранејќи мизогина религија со вреѓање други жени кои макар и најтолерантно и културно поставуваат обично прашање. Жал ми е за вас жените кои се однесувате и размислувате вака...
Ако не веруваш во Бог и останати натприродни или духовни ентитети, автоматски веруваш во натурализмот. И тоа е вера. Што има врска што не веруваш во Бог? Бог е само една од милионите работи во кои човек може да верува. Скоро сите атеисти веруваат во натурализмот, со исклучок на оние кои веруваат во виша сила (што пак е некаква флуидна неперсонализирана верзија на Бог). Е сега, сега вистинското прашање е зошто би верувал во екстремната неверојатност дека овој свет е случајно настанат, кога еднставно можам да му верувам во разумот дека овој свет има Создател? Плус предност на оваа вера е што е конзистентна со нашето реално и секојдневно користење на разумот и логиката. За жал, за голема жал атеистите се принудени да користат една логика во вакви дискусии, а друга во реалниот живот. И тоа ги прави логички неконзистентни.
Верувам во некоја сила, во нешто што е поголемо од нас. Одам во црква само за Велигден, некогаш ни тогаш и не мислам дека црквата е поврзана со верата која што секој човек ја носи во себе. Се имам со поп закарано кога ни пееше дома за слава затоа што пробуваше да ми проповеда нешто, а после зема да лока пиво како да е вода, и сфатив дека во секоја куќа пие по едно пиво и муабетот што го прави не му е ни на трезно можеби. Нејсе, за поповите не ни сакам да коментирам, ги има секакви и нив. Поентата на религијата, според мене е човек да има нешто на кое што ќе се потпре во тешки моменти и ќе се заблагодари за убавите. Поентата на религијата е да го научи човекот на правилните морални начела во животот. Неважно дали е Господ или Алах или Буда. Јас би рекла дека најмногу верувам во карма. Тоа верување ме спречува од лоши мисли и ме мотивира да правам добро на луѓето, бидејќи нели What goes around comes back around. Не ни сакам да навлегувам во дискусии за дали Господ постои како таков или не, најискрено ми се без поента и немаат крај. Се додека човек прави и мисли убаво, не е важно во што верува.
Ова е животен тест за сите оние што не ВЕРУВААТ Во ГОСПОД на крај ќе дадат испит затоа и ќе горат во пеколот!
Не верувам. Верувам во работи кои не можам да ги видам,но барем ги чувствувам на било кој начин. За овој Господ или Бог или како сакате не верувам дека постои, нема доказ,не го гледаме,не чувствувам ништо во врска со таа тема. Ако постоеше немаше сигурно да се крие некаде со векови. Сите тие '' чуда '' ги објаснувам како состојба на свеста на луѓето или случувања за кои науката нема одговор, но во ниту еден момент не ги сметам за божји работи.