1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.443 глас(а)
    75,5%
  2. Не сум сигурна

    168 глас(а)
    8,8%
  3. Не, не верувам

    301 глас(а)
    15,7%
  1. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Istok e sirok poim.Bidi konkretna na koj Istok mislis.Izobilstvoto e mnogu cesto izvor na vojni i potragata po povece i povece otkolku sto navistina ti treba.Siromastija e subjektivna rabota.Nekoj sto ima 5 stana a saka 8 sebesi se smeta za siromasen.Na nekomu i 2 stana se dovolni i e srecen so toa.Zavisi od prioritetite koi ti se bitni vo zivotot.

    Moze da se postavi i sosema druga teza.Vo imeto na religijata bile spreceni ogromen broj na civilni zrtvi a golem del od levicarskite ideologii kon krajot na 19vek zemale idei od hristijanstvoto.

    Zapadno evropskite i skandinavskite zemji ne se ateisticki.Najdobar model baziran vrz vremenska distanca od 50 godini?Toa mozeme da zaklucime edinstveno vrz dolg vremenski period mozebi od nekolku vekovi.
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Она што јас го направив е хармоназација меѓу божественото и науката, а не синхронизација. Синхронизација е кога нешто временски порамнуваш, на пример да синхронизираш два часовници

    Латинската поговорка целосно вака оди: ex nihilo nihil fit - во превод: Он ништо произлегува ништо. И ова е директна последица на првиот ФУНДАМЕНТАЛЕН термодинамички закон во природата, кој вели дека енергоматерија не може ниту да се создаде, ниту да се изгуби, туку само променува од еден во друг вид.

    Јок, не се тоа научни сознанија. Кога материја се спојува со антиматерија, материјата не се губи, туку само преминува во енергија. На пример електрон + позитрон = гама зрак со висока енергија. И обратно, од електромагнетни бранови со висока енергија може да се создадат честички. Но од ништо не може нешто. Сори, never happened. Научната фантастика познава такви работи, но не и научниот метод и објективната наука.

    Запомни, ние сме производ на Бог, а не на природата. Знаеш што е природа? Природа е дрвото, реката, каменот, планетава, ѕвездите итн. Тие се убави, но тие не создале, ниту можат да создадат живот, ни најобична елементарна жива клетка.
    Си чула ли за предизвикот на еден од врвните научници на сегашницава - Џејмс Тур? Тој вели, бујрум, собери ги врвните и најинтелигентни научници на светов, одбери го најдоброто и најпогодно место за „создавање“ живот на целава планета. Одбери си најсоодветна лабораторија со најврвна технологија. Ќе ти ги дадам сите аминокиселини, нуклеински киселини, липиди, јаглени хидрати. Ќе ти ги дадам и равенките за нивно спојување и синтетизирање (он е врвен синтетички хемичар), се што ти треба. Бујрум создади една единствена клетка :) Никогаш не се случило, ниту ќе се случи. А очекуваме безмозочната карпа да го создаде тоа?


    Уффф подобро не навлегувам во таа насока. Цела книга од 180 страни напишав и издадов неодамна за совршениот и фасцинантен дизајн природата околу нас и во нас, од макроскопско до микроскопско ниво. Ќе имам деновиве и промоција во Струмица, Охрид, Битола, повели :)

    Нашата свест е конкретен пример на трансцедентност. Никој никогаш не објаснил како тоа ние луѓето сме свесни битија, свесни сме дека постоиме, свесно пишуваме, размислуваме, ја бараме нашата смисла итн. Електронот, протонот, неутронот итн. не можат да го направат тоа. Не се живи. Тие само се движат согласно природните сили што делуваат на нив.
     
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Немој да ме сфатиш дека имам против вера, религија и свештеници и сл. И јас сум религиозна и сл. Но тоа што сфатив е дека многу често ако ги слушаш свештениците се што правиш е грешно и претставува грев. И тие не се безгрешни. Знај дека и тие имаат многу грешки дури и поголеми од на другите. И многу сум разочарана од свештениците.
    Мој совет да не се замараш толку со ова. И ако не ти помини анксиозноста подобро разговарај со психолог.
     
    На nora mora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @nora mora а дали посети психолог или психијатар? Тоа е стручно медицинско лице за вакви работи.

    А од духовна терапија, ти предлагам да си ги читаш евангелијата во Новиот Завет (Библијата). Ако ги направиш овие две, сигурен сум дека ќе ти биде подобро и тоа многу брзо.
     
    На nora mora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    За се што постои на земјата во најголем процент има научно објаснување. Без верување во чуда.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека и без да чита библија, само ако посети стручно лице ќе и помине.
     
    На Lady D ❤️ и nora mora им се допаѓа ова.
  7. nora mora

    nora mora Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Sleden cekor so mislam da go napravam e da posetam - psiholog.
    Se custuvam kako gospod da gi krenal racete od mene!
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Подобро посети психолог. Он ќе ти помогне. Бог не се откажува од никој. Очигледно е дека си преоптеретена со овие работи. Мое мислење, концентрирај се на други работи, не се замарај сега со бог. Ти да се чувствуваш подобро и после можеш пак да размислуваш за овие теми.
     
    На Lady D ❤️ и nora mora им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Токму затоа покрај психолог, ти треба и духовна помош. Но не од свештеник (кој исто така е човек), туку од нашиот Спасител Исус Христос - Кој никогаш не кренал раце од нас, туку ги крена за нас кога дозволи да биде распнат за нашите гревови. Свештеник не може да ти ги прости гревовите. Единствено Исус е Тој што плати за нашите гревови и Тој може да ни ги прости и да ни даде ослободување од нив, смисла за живот, радост, љубов, мир.
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Баш пред некој ден со еден другар зборевме за тоа дека атеистите многу повеќе веруваат во чуда, во споредба со верниците. Не знам дали ти си атеист, но атеистите веруваат дека животот на пример настанал од безживотните хемиски материи. Зарем има поголемо чудо од ова?
    Кај верниците барем чудото има објаснување - Бог е тој што може од безживотни хемиски соединенија да направи живо суштество. И обратно се разбира.
    И уште десетици вакви слични чуда има што атеистите ги веруваат, ама ај да не пишувам долги текстови.
     
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Не сум атеист. Православна христијанска сум. Зависи со кој си разговарал. Имам зборено со атеисти и за се имаат издржано научно толкување.
    Сметам дека ја пренагласуваш важноста дали бог постои или не. И да, за мене Христос постои. Но има членови кои сметаат дека не постои. И нема потреба од толку убедување да верува некој или не. Тоа е лична одлука.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Членовите кои веруваат дека Исус не постои, веројатно бегале од часови по историја :) За Исус има многу историски извори, ептен треба човек историски да не е информиран, за да тврди дека не постоел. Образованите атеисти кои јас ги познавам, воопшто не го спорат Исусовото постоење, туку само Неговите натприродни чуда и воскресение.

    Јас сум во секојдневна интеракција со луѓе од научно-образовниот слој (пред се професори), доктори по природни науки, научни работници. И самиот сум голем љубител на науки и тоа со прилично добри достигнувања. И овие научници имаат научни објаснувања, но во никој случај тие не им се косат со верата во Бог. Верниците (христијаните) секогаш биле предводници во науката, тие ги правеле врвните дострели во науката, тие се мнозинство и во Нобеловите награди (за разлика од атеистите кои се едвај 3 % ).
     
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Тоа што потенцирав Христос дали постои (сакав да потенцирам зашто така правилно се нарекува во православната црква, ама не се доизјаснив).
    Исус обично го нарекуваат протестантите. НЕМАМ НИШТО ПРОТИВ НИВ И ПРОТИВ НИЕДНА РЕЛИГИЈА.
    Во интеракција сум со доктори на науки, електроинженери и сл. И голем процент од нив се атеисти. И тие имаат научни објаснувања и веруваат во науката. Како што кажав, секој со своето мислење.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не сфаќам која е потребата денес во 21 век да се потенцира дека некој (особено високо образована личност) верува во наука? Извини вака, ама зарем постои човек што завршил факултет и не верува во науката? :) Сите христијани што ги познавам јас (од кои многу се универзитетски професори, доктори на науки, асистенти, академици) си веруваат и во Бог и во наука. Христијани се и воопшто не гледаат конфликт меѓу науката и верата во Бог. Според мене за жалење се тие атисти што создаваат вештачки јаз меѓу науката и верата во Бог. Пак ќе кажам, врвните научници најчесто биле верници. Атеистите се минорен процент помеѓу нив.

    By the way, Исус е името, Јешуа на еврејски, а Христос е титулата на Исус. Христос е грчки превод на еврејското Месија = што значи Помазаник.
     
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Ова не е вистина. Синхронизацијата онтолошки во својата изворна дефиниција опфаќа многу повеќе од ,,временско порамнување". Воопшто не бев надвор од контекст или грешка кога реков дека се обидуваш да компарираш - синхронизираш две содржини кои една на друга се потполно контадикторни (science vs. religion). Ти ја препорачувам Јунговата верзија објаснета во скратен формат.

    https://www.livescience.com/43105-synchronicity-definition-meaning.html

    Не гледам причина да ставиш целосната поговорка, кога сосем легитимно е напишана, јасна и концизна. Доказ за тоа е твојот цитат. Очигледно од напишаното си разбрал за каков филозофски концепт станува збор. Впрочем, тоа беше хипотетичко прашање, не мој личен став за настанувањето на светот. Што јас мислам, не е воопшто важно.

    Термодинамичкиот закон на природата досега е единствено физички и математички конципиран. Никаде и никој не извел формула која во својот состав вклучува такво нешто како ,,божествени" честички, бар не сеуште. До сега ниту во физиката ниту во хемијата имаме таков случај. Службено. Неслужбено, во Месопотамија, изчувањето на алхемиските принципи вкличително тогашниот архаичен периодичен систем (можеби само можеби) го содржел и можел да го изведе елементот 115 (кој подоцна преминува во 116), а чие постоење е дискутабилно од две причини. Првата - не може да се стабилизира во рамките на овоземскиот физички свет, а друг - може да е типичен NWO подметнат fraud. Постојат и некои други, но за нив не смеам да пишувам на овој форум.


    https://www.space.com/antimatter.html

    In 2018, scientists were even more perplexed when they made the most precise measurement of antimatter to date and found that antimatter and matter behave nearly identically. The finding suggests that particles and their opposites should have been created in equal numbers at the beginning of the universe; however, if true, the fact that matter prevails over antimatter is ever more difficult to reconcile.

    Слична со материјата и се мери со варијабли и параметри што имплицира дека иако не е доволно истражено поле, сепак е нешто кое може да се нотира, следи и истражува следниве декади. Да беше вистински (не)материјална немаше да може да се види ниту измери, ниту со нај современите конглометари и справи со кои науката располага денес.

    И те како може ништото (еx nihilio) да постои. Нашиот ум не може да замисли ништавило, зошто е ограничен. Нашите когнитивни и креативни капацитети се ограничени, но интелигенцијата на универзумот која експанзира 1000000,00000 нови честички/соѕвездија/консталации секоја секунда не е!

    Патем, можам буквално да постирам уште неколку нови статии кои го потврдуваат горе напишаното (matter/antimtetter) ако само малку подлабоко се ангажирам при пребарување. И тоа се факти без оглед дали некому се допаѓаат или не. Научни легитимни факти.

    Објективната наука е сепак физичка ЕвАнгелос. Нема допирна точка со научна фантастика. Со научна фантастика имаат врска тврдењата за натприродното. Не сакам да те навредам, навистина. Гледам дека доста се трудиш и вложуваш квалитетно време при откровение на вистината, но навистина нема продуктивност во спој меѓу теолошката индоктринација и науката, ќор сокак е.

    Можеби еден ден кога човештвото ќе се осврне кон изнаоѓање решенија преку истражување на квантната физика/механика би имале вистински резултати. До тогаш како што кажав - сме осудени на проклетство да веруваме на она што го имаме во моментот.

    Брзаш. Природата е многу повеќе од дрво и река. Природата е моќ. Моќ за создавање на праклеточни организми од кои нужно зависи животот на земјата денес. Сите живи единки зависат од волјата и однесувањето на природата. Една природна катастрофа, едно нејзино наплаќање за сето хемиско ѓубриште на земјата би било кобно. Природата ќе постои и после нас, бидејќи земјата е во релативно млада фаза на живот и ,,созерцание". Таа постоела уште кога на земјата не постоел животот каков што го знаеме денес. Постоела уште во добата на соларниот минимум. Затоа те молам, не ја потценувај моќта на природата.

    Секако дека нема да се случи сега затоа што физиката не ги познава сите закони на природата кои впрочем ги учи и усовршува секој ден етапно од почетокот на нашата историја. Генетскиот инжинеринг во иднина треба да даде резултат (читај за три декади од сега) и на таквиот предизвик. А ќе се случи и тоа сигурно, со оглед на тоа дека сите службено знаеме за експериментот со овцата Доли. Штом може да се изведе клонирање (што опфаќа генетски инжинеринг), секако дека може да се случи и вакво ,,чудo" но, се во свое време нели.


    Тоа е така затоа што ти ги евалуираш естетските и етичките вредности на природата. Насекаде ја забележуваш убавината и мислиш дека е таа Божји печат затоа што изгледа премногу добро за да е случајно. И тука нема ништо лошо, само науката кога ги истражува биохемиските поставки (макро/микроскопија) се заложува повеќе од тоа. Не ја имам прочитано твојата книга, но се надевам дека ги нема само овие две погоре набројани гранки туку се базира на докази.

    Патем, кога сме веќе кај биохемијата цело време ..таа веќе одамна повеќеклеточните организми ги истражува на микроскопско ниво и ја следи нивната днк генеза која не е ништо повеќе од комплексни молекуларно - нитрогенски бази и соединенија.
    А, околу универзумот..Толку е гигантски што да се мисли дека нашата раса е special superior во однос на другите билиони раси кои постојат (прашање на време е само кога официјално ќе се потврди овие три години) е наивно. Премногу сме егоцентрични, затоа секогаш ќе робуваме на Платоновата сенка на платното. :D
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Имаш реален проблем, премногу си окупирана со тие поминати настани, ти преминало во опсесија и ти предизвикува депресија. Не знам за што се работи што толку те мачи и не мораш да објаснуваш, не знам ни колку ќе го прифатиш ова, ама пошто спомна блуд и целава ситуација ја вртиш околу верата и свештеникот - те молам барем малку земи го предвид ова: што и да си правела со сопственото тело и живот - не е никаков неморал и грешка за која треба да се обвинуваш, освен ако си повредила некого притоа. Сè друго се наметнати правила кои објективно не ти требаат за да си добар човек пред сè, правила кои често вака репресираат луѓе и им предизвикуваат чувство на вина.
    За повеќе, се надевам ќе најдеш добро стручно лице кое е компетентно реално да ти помогне да се справиш со животни проблеми, за разлика од свештенициве (среќа барем тој во случајов пробал да те утеши, наместо да те осуди).
     
    На nora mora и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    6.624
    Пол:
    Женски
    Голем дел од моите универзитетски професори се атеисти (не веруваат во бог), затоа потенцирав дека веруваат во науката.
    By the way исус е името, но ниту еден свештеник немам слушнато да вели само исус. Во православната црква правилно е Христос или Исус Христос
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    И? Како ова го негира она што јас погоре го пишав дека материјата и енергијата ниту се создаваат, ниту се губат, туку само преминуваат од еден вид во друг. Што има врска тоа што некои претпоставуваат дека анти материја постои исто толку колку што има и материја? Каква врска има тоа со нашиот муабет? Антиматеријата не е ништо друго туку материја со негативен полнеж. И таа не се губи, ниту создава, исто како и материјата, само преминува од еден вид во друг.

    Ова е многу убава поезија. Ама само поезија. Не е наука. Научниот метод не го тангира колку нешто убаво и поетски ќе биде напишано.

    Чекај малку, дали сакаш да кажеш дека имаш пророчки моќи? :D Јас сум на магистерски студии по биоинформатика (што вклучува и генетски инженеринг) и вакво нешто не сме ни спомнале, нема ни на подвидок некој што би направил жива клетка. Напротив, колку повеќе учам за молекуларната биологија, генетиката, протеомиката, толку повеќе согледувам дека тие се толку комплексно дизајнирани, што едноставно нема шанси случајно да настанат, туку е јасно дека плански биле дизајнирани од некое супер-интелигентно битие - Бог.

    Чекај малку, дали ја имаш прочитано мојата книга? Ако не, тогаш од каде знаеш што евалуирам ја таму? Еве ќе ти кажам: Воопшто не пишувам за естетика и етика таму. Таму пишувам за научните докази кои недвосмислено покажуваат дека мора да постои Создател (Бог) во природата.

    Да да, ништо повеќе од тоа. Бујрум, ќе ти ги дадам сите тие „ништо повеќе од комплексни молекули“ и ти направи живот од нив :)

    Повторно се јави пророчицата во тебе :D Ме импресионираш со твојата вера во билиони раси на вонземјани, иако до сега немаме најдени ниту едно единствено вонземјанче. Еххх ти завидувам на твојата вера, кога само би имал дел од неа, јас би бил голем верник.
     
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Затоа што ти реферираш на натприродна а не на физичка енергија. Кога еден организам умира, енергијата не се трансформира во натприродна. Тие закони единствено важат за физиката на твоја жалост. Затоа ја направив паралелата материја - антиматерија, бидејќи се дрзна да зборуваш како антиматеријата нема коренсподенција со физичкото.

    Поезија е дека природата има моќ преку природна катастрофа од географска карта да избрише еден цел континент, а во најлош цела земја да реформира? Океј тогаш, нека биде поезија. :D

    Не станува збор за никакви пророшки моќи. Три декади од сега делуваат многу футуристички, можеби временската рамка ќе биде поголема, но ќе се случи затоа што пред само неколку векови воопшто немавме поим за постоењето на универзумот и законот за гравитација. А види не сега, ги усовршуваме формулите на Миновски, праќаме сонди за да го побиеме парадоксот на непостоење на други цивилизации, и гребеме по површината на универзумот.

    Како што кажав, човештвото секојдневно ги учи законите на природата, ја моделира нејзината намена (вештачката интелигенција е доказ за тоа). Зошто да не може во иднина да се изведе и еден ваков проект?

    За твоја информација, во 2011 беа пронајдени остатоци од ликвид на Марс. Сега се настојува да се истражи ,,Европа". Зошто би било чудно постоењето на вонземски живот макар и во форма на едноклеточен организам?

    Квантната физика теориски не ги исклучува мултиверзумите и можноста за постоење нови раси. И тоа е научен факт, на кој секако може да се смееш до утре, а само прашање на време е кога ќе стане официјален, а не само теориски.

    Едит: Сега се сетив на твојот неодамнешен лапсус во врска со информатиката каде @DAngel те коригираше. Чудно тоа како еден биоинформатичар може да направи катастрофални грешки за нешто толку базично и просто за својата област.
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На WildMk и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Omg во 21 век за некој да биде врвен научник мора да биде верник?!
    Не сум атеист, ама не поддржувам вакви ставови. И (не) верувањето во Бог е приватна и лична работа која не треба да биде пласирана или оспорувана на форум. Или некој да кажува треба или не треба да се верува во Бог. Секој има право на свое мислење и уверување!
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.