Хаха, ај да не биле научниците верници, сите родени пред и во доба на средновековието кога влијанието на црквата било нај репресивно па, не смееле да не веруваат во Бог зошто во спротивно би биле мачени и убиени со запалени научни трудови. Скоро, до 19-ти век траеше тој протагонистички witch - hunt. Гинеле катари, константинополци и масони по цутот на езотериските доктрини единаесетти век, ама кој ги ебе нив. They died for higher purpose нели. Се во име на ,,изворното" учење - христијанство. Кога во дискусија со религиски настроен батка ќе спомнеш контраст, дете кое расте во џунгла изолирано од релиската контролна догма и кое нема идеја за постоење на Бог како апстрактен поим, ќе ти речат детето со тек на време само ќе почне да бара ,,повисока" цел - сила. Yeah, sure. Ич не е Бог колективна измишљотина, nope.
Omg, каде го реков јас тоа? Можеш ли да ме цитираш каде го велам тоа? Ме читаш ли воопшто што пишувам пред да ме цитираш? Три поенти сакам да истакнам овде: 1. Римокатоличката инквизиција ги прогонувала оние кои ќе ги прогласела за „еретици“. Тоа биле стотици слободоумни теолози и едвај 3-4 научници. Научниците биле толку мал исклучок што се знаат и по име: Никола Коперник, Галилео Галилеј, Џордано Бруно и можеби уште некој. Тие се тие имиња што се вртат по сите текстови на оваа тема. Поради овие 3-4 имиња направена е цела генерализација дека Црквата (намерно не спомнуваат Римокатоличка, за да се генерализира кон сите цркви) ги прогонувала научниците. 2. Не сум католик и не сакам да ја бранам Римокатоличката црква, но фер е да се спомне дека таа, и покрај сите нејзини киксови, има голем придонес за развојот на науката. Најстариот универзитет во светот (Болоњскиот) бил основан од таа црква, а исто и универзитетите во Париз, Кембриџ, Оксфорд итн. Многу големи научници, како Коперник, Галилео, Блез Паскал, Рене Декарт, таткото на генетиката - Грегор Мендел, основачот на Big Bang теоријата – Жорж Леметр - кој бил католички свештеник итн., биле припадници на Римокатоличката црква. 3. Црквата, т.е. црквите правеле, прават и ќе прават многу глупости низ вековите. Црквите забегувале и во теорија (далеку од Исусовото учење) и во практика. Забегувале и поединци и цели раководства и цели цркви, особено оние институционализираните кои се побратимувале со власта. Затоа и се случила Протестанската реформација во 16-ти век. Црквата не е музеј на светци, туку болница за грешници. Христијаните ова одлично го знаат, но не стануваат атеисти поради тоа. Проблемот е кога вината, поради недоличните верници или свештеници, неосновано се префрла врз Бог или врз Исусовото учење. Во сите народи, култури, па дури и племиња во џунглите се среќава масовна вера на луѓето во Бог. Тие немаат правилно разбирање и познавање на Бог, но се гледа дека во срцата нивни тие имаат копнеж за Бог.
Те читам пред да те цитирам, а веќе немам намера да читам некој што убедува дека треба да се верува во Бог. Секој има право на избор, а ти ако си вистински христијанин ќе знаеше дека не треба да го тераш некој да верува. Слободата и правото на избор се основи на христијанството! Едуцирај се малку пред да пишуваш на некои теми.
Никого јас не терам да верува во Бог. Да те потсетам, се наоѓаш на подфорум „Религија“ и овде природно и нормално е да се зборува за Бог, вера, духовност, аргументи за постоење на Бог и сл. Ти имаш слобода дали ќе дискутираш или не на овие теми.
Точно дека се наоѓам на овој подфорум и да, се дискутира на овие теми, ама ти се обидуваш да ги наметнеш твоите ставови на сите членови на форумот. Има разлика меѓу дискутирање и наметнување став!
Се гледа дека си протестант, и тос е во ред. Во што сакаш ќе веруваш и што сакаш ќе бидњш протестант, католик, православен, муслиман, хиндуист итн. Но ти тука го пласираш протестантизмот како врвна религија. Сфати дека нема врвна религија, сите религии се еднакви ниту една не е суоериорна!
Во право си @Lady D ❤️. Затоа и не одговори на тоа што го пишав вчера. Сите религии се еднакви. Нема супериорна.
На официјалната страница од University of Cambridge, во делот Research news, наидов на мошне интересен наслов кој гласи "Disbelieve it or not, ancient history suggests that atheism is as natural to humans as religion", каде професорот Tim Whitmarsh во неговата книга "Battling The Gods" тврди дека атеистите напредувале во политеистичките општества во античкиот свет - предизвикувајќи значителни сомнежи за тоа дали луѓето навистина се „wired“ кога станува збор за религија. https://www.cam.ac.uk/research/news...t-atheism-is-as-natural-to-humans-as-religion “Rather than making judgments based on scientific reason, these early atheists were making what seem to be universal objections about the paradoxical nature of religion – the fact that it asks you to accept things that aren’t intuitively there in your world. The fact that this was happening thousands of years ago suggests that forms of disbelief can exist in all cultures, and probably always have.” Раните примери, како што се атеистичките записи на Xenophanes of Colophon (c.570-475 BCE) се современи со Second Temple-era Judaism, и значително му претходат на христијанството и исламот. Дури и Платон кој пишувал во 4 век пр.н.е. тврдел дека современите неверници не биле првите кои кои го имале ова гледиште за боговите. Whitmarsh сугерира дека добата на античкиот атеизам завршил бидејќи политеистичките општества што генерално го толерирале биле заменети со монотеистички империјални сили кои барале прифаќање на еден „вистински“ Бог. Според него, усвојувањето на христијанството во Рим во 4 век од н.е. било „сеизмичко“, затоа што бил употребен религиозен апсолутизам за да се одржи Империјата. Од историска гледна точка, лицата кои не верувале во ниедно божество, биле обвинети за атеизам, што според античкото законодавство се сметало за capital crime и истото се казнувало со смртна казна. Сократ, поради политички причини, во Атина (399 BCE) бил обвинет дека бил atheos (одбивал да ги признае боговите кои биле поддржани од државата). Барем од моја перспектива, сметам дека е релевантно да се земе во предвид дека концептот за религиозен универзализам е делумно изграден врз идејата дека раните општества, од генерален аспект, биле религиозни по природа само поради верувањето дека вербата во бог е наследен “default setting” за луѓето, што не е точно. P.S. - Зошто субјективниот концепт за "the fine-tuned universe" во темава е третиран како валидно признат научен аргумент? Уште поиронично, одреден дел од овој аргумент ја поддржува хипотезата дека универзумот можеби е дизајниран од страна на екстра-универзални вонземјани. Како дел од филозофија на религијата, "the fine-tuned universe" е дефиниран како "proposition" - изјава или тврдење што изразува лично мислење, што по автоматизам не го прави вистинито, бидејќи не е признат од научната заедница како валиден и доволно издржан аргумент.
Кој сака на што сака нека верува чиј е вистинскиот си знае он сам , ја викам нашето е вистинско вие викате вашето така да мене не ме интересира на што веруваш , ти битно ми е на што верувам ја и како сите што имаат пишано и ја така да неме замарај со глупости позз Несакам никаков конфликт .
Три поенти сакам да истакнам овде: Не е баш така. Го имаме водено овој разговор низ темите. Антрополошки постојат племиња кои се политеистичко осврнати кон езотериските сознанија, не нужно кон еден Бог. Тонга, Паломајомбе и Санторија се еклатантни примери за тоа. И секако, племињата со домороци кои единствен Бог кој го воздигнуваат е Карниворус - Богот на месото (особено човечко). Но, за нив секако нема да прочиташ бидејќи нивниот коефициент на интелигенција не го достигнува степенот на свесност за да може да расудуваат или создадат било каква идеја за постоење на било што, а најмалку на Бог, па затоа антрополошки и куртолошки се небитни. Дете кое изолирано расте во прашума (како Могли) не би имало идеја за Бог како колективна идеја што е случај со денешните општества во цивилизираните средини. Неговата цел се заснова на примарни егзистенцијални инстикти. Не се ни егзистенцијални дури, пошто немаат корелација со општеството како социолошка жива динамика. Не е направена никаква генерализација на Црквата. Црквата и без прогон од eдинаесеттиот век, а и по падот на царот Константин подоцна до шеснаести, е позната по вперување прсти кон секој оној кој се чинел како еретик. Секој оној кој се обидел да следи поинаков шаблон од веќе зацртаниот бил брутално погубуван. Луѓе гинеле и без посредство или учество во некаква окултна/езотериска индоктринација. Зошто? За да Црквата биде сигурна дека ги владее структурата и системот па никој не и пркоси, а најмалку науката. Што да правеле во тој период научниците освен да веруваат во духот на сопственото време - религијата и црквата. Од толкава репресија не е ниту чудо што во единаесеттиот век започнале да се создаваат андерграунд империјални секти. Темпларите на пример како позначајни темелници против кои немам ништо против бидејќи без нивна помош светот каков што го познаваме денес не би постоел. Коперник, Галилео и Бруно биле научници за кои официјално знае светот денес. Тоа не значи дека биле само десеттина по број. Математиката и метафизиката. Брилијантен изум, вечна му слава.
Мене теоријата на еволуцијата ми е ептен непоимлива. Како тоа од два организми што пред милиони години биле едноклеточни, едниот и ден денес останал тоа, едноклеточен, а другиот се развил до невидени граници и станал човек? Кои биле тие услови што за едниот биле мајка, а за другиот маќеа? Зарем не би требало сите прости облици на живот да еволуираат до сега во нешто посложено? Да, верувам.
Посложен од попрост организам настанува по пат на мутации на простите организми. Ако мутацијата му овозможува на организмот поголема шанса за опстанок, тогаш тој се размножува и го пренесува понатаму. Ако пак мутацијата е некоја што му одмогнува на организмот, најверојатно ќе умре и нема да ја пренесе таа особина на своите потомци. Едноставно е: некои од простите организми мутирале на начин што ги прави посложени. Некои од посложените исто така мутирале и станале уште посложени итн. Тоа ни овозможува да имаме широк спектар од прости, не толку прости и сложени организми. Едноставно некои од простите се развиле, некои останале исти.
Еве ме конечно дојдов, невернички некои. Јас се појавувам во облик каков што ке ме замисли верникот. На нерверниците им се формирам во свеста како идеја дека "не постојам". За мене не е битно да веруваат во моето постоење. Тоа е смешно. Кога ЈАС не би постоел тогаш ништо друго не би постоело. Но бидејки сите сте дел од мене јас им ги исполнувам желбите на сите. Така на неверниците им давам докази дека не постојам за да им биде животецот полесен.