Темава е доста осетлива и контреверзна, но сепак ќе си споделам мислење. Не верувам поради повеќе причи, но во глобала не можам да верувам во нешто што е пишано и е недокажано. Не дека сум сатанист или нешто слично, бев дете со многу прашања и не добив содветни одговори. Немам ништо против верници, сакам да дискутираме и да имаме еден пријатен разговор, но очигледно повеќето те гледат како да си убил некој кога ќе им кажеш не си верник па и да кажам не се нешто open minded. Ќе почнаат да те и убедуваат на лице место да станеш верник, имав и случај каде професор ме дискриминираше поради самава причина. Сега дека сум малку постара не дебатирам на темава веќе зошто стварно стана здодевно да слусам како некој ми соли памет. Сега па ја одбегнувам темава за зборење.
Верувам во Бог но Бог не беше праведен кон мене и не е и ден денес. Ништо никому не му грешев си ја гледав мојата работа а се некој мене ме мразеше и ми правеше лошо што мене директно што на моите најблиски и на крај успеаја да ме скршат или јас така се чувствувам. Уште се надевам дека Бог ќе го казни тоа зло зошто јас сум немоќна. И да ви кажам, лесно е да веруваш во Бог кога ти оди во животот како подмачкано. Кој нема среќа ќе почне да се сомнева. Затоа донегде ги разбирам атеистиве.
Хм..За некои постои за некој не..Секој различно си размислува и секој си има свое индивидуално право за што и како да мисли околу тоа! А колку и да се наговарате дали постои или не едноставно е залудно и можите да дебатирате и да се расправате со денови и пак нема да најдите исто мислење околу ова тема!
Не, незнaм не сум пoчуствувaл декa пoстoи и не ме интересирa, битнo ми е мoите пoстaпки дa бидaт кoректни, ништo другo.
Не да ја верујем да Бог постоји, ја знам да Он постоји. И то ми је једино знање што има вредност од свег мог знања. -Михајло Пупин
Бог дава искуштенија, но дава и излез со нив. "Верувам во Бог, но.." не е вера. Некои работи ги сфаќаш после неколку години. Најмногу сум се разочарала од црквите во Македонија и конкретно луѓето внатре - водачите и верниците. Мислам дека уште не сме дојдени до ниво да сме сплотени и да имаме вистинско заедништво, туку се' е некаков натпревар и "сакај го ближниот" е строго во наводници. Во делот со атеистите. Многу почитувам атеисти што не вреѓаат верници и верници што не вреѓаат атеисти. Нешто што најмногу ми паднало во очи е што верници вреѓаат други верници, а го прават тоа на суптилен начин и ова е најгнасното нешто што може да постои. Таквите членови на црквата не се опоменуваат, а сметам дека треба да бидат отстранети.
Не верувам ради тоа што нема вистински докази. За мене некоја пишана книга пред 2000 години ништо не значи, ако постои нека се појави колку да го видиме.