Posle site raboti sto gi imam videno so svoi oci,stanuva zbor za tazni covecki sudbini nepravdi,perverzni raboti mislam deka ne postoi
Верувам на свој начин. На крајот на краиштата секоја религија се сведува на тоа како една личност да се пронајде себеси, да се просветли духовно, да најде душевен мир, преку вербата во религјата да прави добри дела, да помага на болните, сиромашните, послабите, да знае да ги цени вистинските вредности во животот. Само така може да ја пронајдеме вербата во бог.
да, но не чекам стално на него... ако постои, има попаметни работи да се занимава отколку со ситниците за кои го бараат. гледам да зависам од себеси.
Верувам и ништо не може да ја поколеба мојата верба во Бог. Вината за лошите работи ја наоѓам кај луѓето, а не кај Бога. Луѓето знам какви се. Бог е неспоредливо посовршен и поправеден, но Неговото Царство не е на овој свет.
Верувам. Не можам за целото лошо што се дешава да светот, да го обвинам Бог/Господ. За целото лошо на светот, самите ние сме виновни.