Некако не се вклопува реалноста со прокламацијата дека 90% сте верници. Тргнувајќи од премисата дека 'верник' подразбира 'моралност, емпатија, чувство за заедница' Ќе да не сте верници колку што си мислите дека сте. Освен, се разбира, кога се молите на Бога 'да ви поможи нешто'. Така и јас сум 'верник'.
Личности што се прават најпобожни се уствари наголемото зло што шета на планетава. Знам вакви случаи за тоа морам да спомнам дека навистина е така.
Да се биде верник и не е така комплексно, колку што испаѓа денес. Верувањето и поврзаноста со Бога е внатрешно, душевно и интимно. Која било света книга да се следи, сите велат, не кради, не лажи, не убивај, не мрази, ме нанесувај зло на другите...така некои основни работи. А не со објавување на слики од Исус, цитати од Куран, Библија, Тора и лупање во гради дека си верник, а ваму одење кај Вера од Карбинци да им растури врска на бившиот ми со сегашната, носење свадбени торти на гробишта зошто младенците ти одат на живци, вреѓање на сите различни околу себе во однос на пол, сексуална ориентација, изглед, припадност. Тие се најлажни и најгнасни луѓе
Да, верник сум. Баш како што вика библијата- прифати го Исус како твој спасител и комплетно предади се (сите твои планови, стравови, трауми...) и тој ќе те трансформира во ново битие, ќе ти даде ново срце..(Ќе ви дадам ново срце, и ќе вдахнам нов дух во вас!) Порано не бев верник, бев практикувач на new age спиритуалности.... Фала ти господе што ме спаси
Зависи по која филозофија. Според мене, секој индивидуално треба да си го 'најде Бог'. Интимен, субјективен поглед на светот е 'Бог'. Религиите немаат врска со спиритуалноста и 'Бог'. Алатка за контролирање на масите се, преку јутилизирање на 'универзален' концепт за истиот. Што физички не е можно, бидејќи сите различно ја перцепираме реалноста, затоа што имаме различни тела (физички и психички) и различни искуства. 'Мојот Бог', не е ист со 'Твојот Бог'. И тоа не не прави 'лоши' или 'добри', туку само е експресија на нашата различност како индивидуи. Едит Надополнување: 'Мојот Бог', не е ист со 'Твојот Бог', or lack there of one.
Секој различно го сфаќа Господ. Некој мисли дека е човек, некој дека е битие, некој дека е сила итд. Тоа е индивидуално и интимно. Некој мисли дека е се во "адети" и следење одредени правила, додека внатрешно не верува во Бога, туку некои работи ги прави ради реда. Мислам дека сите поминуваме фази низ кои сами сфаќаме дали веруваме или не, а реализацијата кај сите доаѓа од различни причини, на различни начини и во различни периоди.
А во која насока да го барам, ако сакам да откријам дали постои, односно дали верувам? Како и секој, имам некаква општа перспектива кон светот, кон постоењето, кон човештвото, кон животот, кон смртта. Но како да го дефинирам конкретно, како да го сведам на едно специфично нешто?
Не би знаела да ти го опишам процесот, ама во основа е заклучок базиран на посматрање на случувањата, чувствување на истите, начинот на кој процесираш 'проблеми' и 'решенија', сплет од одгледувањето од родителите, влијанието од околината, медиумите... итн итн... За мене, на пример, 'Бог' се природните правила, врз кои е базиран физичкиот свет.
Сум била таму... Мнг луѓе не објаснуваат, а тие (црковни лица) што објаснуваа користат мнг тежок јазик и строг пристап (барем така ги доживував јас на почетокот)... Сакав да го запознаам Исус, да го разберам Бог...и еден ден многу случано налетав на едно видео и овој човек ми го смени светот... Ако имаш тешкотии со англискиот, ти треба помош, можам да ти преведам, слободно пиши ми пораче пс-провери им го каналот, имаат мнг квалитетни а природни видеа...
Чим те копка убаво е. Таа тема е многу комплексна отвори на интернет гуглај се шо те имтересира или читај библија.
Многу просто прашање е, а ти велиш има милион докази, наброј 2 цврсти докази, ете не мораш повеќе. Светите книги не се докази ако гледаме реално.
Го очекував овој одговор. Имам прочитано и Библија и практично секој обид за доказ на Бог и немам сретнато ниту еден што го докажува, па секако сметав дека е фер да споделиш со нас барем еден од тие милион докази.