Верувањето во Господ е исто како што знаеме дека имаме мозок а не можеме да го гледаме,така што знаеме дека Господ постои а не можеме да го гледаме.Прво прашање што треба ди са ја прават себеси оние што не веруваат е:Кој ја имаше моќта да ме креира мене да ми дава живот и да ми овозможи да живеам 9 месеци во стомакот на мајка ми??Тоа е прв убедлив факт.Тоа е тоа..Јас лично целосно верувам во Господ..позз
Кој ја имал моќта тебе да ти овозможи 9 месеци да живееш во стомакот на мајка ти? Епа Фемина душичке , постои еден процес кој се вика оплодување(може да е инвиво и инвитро), кога јајце клетката од мајка ти и еден од милијардите сперматозоиди на татко ти ќе се спојат и настанува ЗИГОТ(оплодена јајце клетка), која се спушта во телото на утерусот(матката) и таму преку континуирани делби се развива во ембрион, кој преку плацента се храни и добива кислород од крвта на мајка ти ..А, ти додека си во стомак, се развиваш во вода(пренаталниот период се одликува со тоа што не се во функција белите дробови..) И, после девет месеци, оооооп...Ти си се родила, си се развивала , си растела и си стигнала до тука - да бидеш член на форум на фемина и да трабуњаш глупости Извини, немој да се навредиш, само сум искрена со тебе
Не верувам во Господ, меѓутоа верувам дека на овој свет постои некоја виша сила која не создала,сепак нели не сме можеле да се појавиме од нигде никаде Сега ако некој ја замислува било како Господ таа виша сила или пак како Алах, немам ништо против меѓутоа сметам дека е смешно во 21 век да веруваме дека сме направени од кал и слични работи ..
Верувам во Господ. Верувам дека постои некој таму горе, далеку на небото кој не гледа,ни враќа за лошите работи, и не наградува за добрината.
Епа preetygirl-J душичке тоа е твоја лична логика и лично мислење јасно е дека живееш со мотото Човек може да создаде се..ок е..ке идеш у Систина ке ти зимат 2000 евра ке ти праат ВЕШТАЧКО оплодување али душичке немаат апарати кои даваат за 2000 евра душа и дишење..Гревота што ова чудо е толку едноставно во твојот ум..Немој да се навредиш само сум искрена со тебе
Ме просветли со твоето знаење и логика....WOOOW!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! [/quote] Добро ај нема да испаднам на исто ниво со тебе гледај си ја работата срцка не ме замарај
Добро ај нема да испаднам на исто ниво со тебе гледај си ја работата срцка не ме замарај [/quote] Бакнежиии до тебе...
Ме згрозува фактот што се повеќе запознавам луѓе кои се атеисти,а се поморални отколку оние најтврдокорните христијани...
Колку е ова вистина . Колку луѓе се прокламираат за верници, а какви гревови и неморални работи прават. И тоа најмногу ме лути во целава *јас сум верник* приказна. Ми солат памет на мене, зошто не одам секоја недела во црква, а самите не виделе како се однесуваат и колку само идењето во црква не значи да се биде верник.
Да бидеш верник не значи и да не правиш гревови. Секој човек на земјава има направено гревови. единствено недостапно за гревот е Божеството.
И те како си контрадикторна!!! Значи ти го славиш Велигден, денот кога Исус воскреснал, ама тоа за тебе се глупости???? Одиш во црква, бакнуваш икони и се крстиш, а не веруваш во тие светци. Се молиш на Бога, а не веруваш дека таму некаде тој постои и ги слуша нашите молитви. Ја сакаш твојата религија, ама Библијата за тебе е обичен стрип или приказни за мали деца?????? Извини ама не си ми јасна
Не се разбира самата...почитува традиција,а не е религиозна,ниту е верник,има јасна граница која не ја гледа или верува за да не ја пече совест и од неоснован страв кој патем го имаат половина од квази верниците.Веруваат декларативно,но не и вистински. По оваа тема сум агностик.Кој сака нека верува,јас не наметнувам ништо.Ако дојде ден да верувам,ќе верувам.Иако,признавам дека сметам дека постои нешто кое на врзува и ни дава енергија,но веројатно тоа се желбите,надежта,љубовта.Релгијата ја замислувам поинаку,освен историјата што покажала дека е еден од начините најлесно да се контролира народот,сепак сметам дека е фино да постои како таква затоа што ако некој нема природно чувство за исправното,таа му го наметнува и не дозволува вака или онака да се изгуби вербата во нешто и чуда,а тоа не движи заедно покрај љубовта.Но,сепак,сметам дека моралот е неврзан со неа,а зошто и самите верувам дека знаете... Велат дека со годините се повеќе се убедуваш да веруваш во Господ и навистина почнуваш,а додека си млад се потпираш на науката и желбата за бунтовност.
зошто да не се разбира самата???и јас се наоѓам во иста ситуација,ја почитувам религијата како традиција,одам во црква,ги прославувам празниците ама ете не можам да верувам дека сепак постои некој семоќен кој го создал Aдам па од неговото ребро Eва итн итн....ја поштувам религијата и како потреба на луѓето да се држат заедно исто и како љубовта,да се поврзуваат,сакаат...многу од нас кога им е тешко бараат утеха во Gоспод,одат на црква се молат и ги сфаќам и јас сум го правела тоа а велам дека не верувам дека постои,но во такви ситуации самата состојба те тера да бараш излез па макар и во нереални нешта.тоа јас самата на себе си го објаснувам како вера, како подршка на сите мои успеси и падови.во себе се тешам,си поставувам прашања и си барам одговори и решенија.тоа е за мене религијата па не знам како ке ме сфатите и каде ке ме сместитте како квази верник,неверник,контрадикторна самата со себе...јас така мислам и така верувам а мислам дека секој на свој начин си ја доживува верата и религијата и никој друг нема право да оценува кој колкав верник е или не...
Ова всушност цело време се обидувам да го кажам , ама не можев соодветни зборови да најдам Потполно се соглавувам со тебе
Да верувам...И тоа е мое и само мое право и никој не може да ми наметне мислење колку и да мисли дека е во право и да тврди дека ја познава тајната небесна и задгробниот живот. Кога не бил таму и не се вратил од истиот. Во самиот збор Господ јас наоѓам душевен мир. А сега сакам да ги прашам тие што се од нашата вера а не веруваат во нашиот Господ . 1.Кој е нивниот Бог? 2.Дали се крстени? 3.Каде на крај ќе заврши нивното безживотно тело? Кое е тоа место кое ќе го прими нивното тело...кога во својот живот не верувале во Бога а се крстиле .Не верувале во светците а ги славеле.Со самото крштевање Бог го примиле во себе. Неверниците се полоши и од ѓаволт... тој бар признал дека Бог постои. А сега освен на тие три прашања не примам и не давам одговор на истата тема .Затоа што нема таков човек кој може да ми одговори поинаку на истата. Поздрав.
Епа значи сега си ти онаа што ги убедува дека Господ постои, а самата велиш дека нема да те убеди никој дека не постои. Што и да кажеш и д анавредуваш дека сум полоша и од ѓаволот, јас пак нема да верувам во господ. Ме крстиле, па дури после тоа јас самоволно сум рекла дека не сакам да верувам во него.. Тоа никој не може да ми го нареди. Нема да кажувам никакви, факти , зборења....ке кажам само едно, се што си правам во животот си правам сама, онака како што јас сакам. НИКОЈ не ми помогнал...да беше се така лесно, најголем верник ке бев. Но, нас не заслепува лажен идеал. Таков народ сме, или пак кај нас општо не се почитува религијата, првенствено зошто самата црква не ја почитува во целост. Нормално немам ништо против оние кои веруваат во Господ, и токму тие треба да знаат дека немаат право да ме осудуваат тие туку господ.
1./ 2. Ne sum krstena.Ni jas,ni sestra mi.Do pred dve godini ni praznici ne slavevme. 3.A moeto bezzivotno telo ke zavrsi kade sto ke zavrsat i site drugi.Dva metra pod zemja.Izvinete ako se izraziv premnogu mracno,no taka e! I mislam deka ovde nikoj nisto ne nametnuva,sekoj si kazuva svoe mislenje,zatoa e forum neli?Opkruzena sum so ludje sto veruvaat vo boga,no nikogas,bas nikogas ne sum probala a i nesakam da go nametnam svoeto mislenje ili da gi ubeduvam vo nesto.Sekako ni tie mene.Ednostavno ne diskutirame na taa tema i gotovo.Tie veruvaat-jas ne,i toa e toa.
Поздрав до тебе душо.Како прво тебе лично не те навредив-извини ако така си ги сфатила моите зборови.Не наметнувам мое мислење само барав одговор на три прашања а не ги добив . Сама си си пронашла таму но на крај сепак излезе дека ГОСПОД ЌЕ ТИ СУДИ .Сите грешиме и за тоа никого не осудувам лично ПОЗДРАВ завршена тема.