Хеј баш погоре над твоето прашање имам постирано две интересни видеа, мислам дека второто видео е баш поврзано со докази, кога имаш време види ако ти треба помош со англискиот слободно пиши ми пораче (ме радува што ја имаш прочитано библијата) пс-имаш многу видеа на јутуб што можат да ти помогнат во твојата потрага доколку не би ја побарал во црква кај некое свештено лице ппс-ова ти пишува екс практикувач на new age spirituality, личност која веруваше во атеистие и продуховените (јога-гуру..) луѓе се најдобро
Па добро, можеш да дадеш шанса на каналов, има други видеа каде дискутира за докази Но те разбирам комплетно, бидејќи и јас бев на твоето место.... Најубав доказ е присуството на светиот дух, можеш да слушнеш мнг сведоштва за тоа и самиот се разбира да го почуствуваш. Исто така убав доказ е и Господовата милост во ситуации каде што нели викаме само господова рака може да не спаси (сообраќајка не дај боже или слично) Секако ни се случуваат и незамисливо тешки работи и поради тоа нашата верба не е силна.... Уште еден доказ....ако не можеме лично да го почуствуваме светиот дух, тогаш сигурно имало сиутации кога сме го виделе тој свет дух во некој човек.. Верувам дека сите сме имале некоја можност во нашите животи, да видиме, да запознаеме личност која едноставно блика со светлина, го има најмекиот поглед и едноставно знаете дека не припаѓа во овој свет (среќа имам таква другарка , штета што ми требаше толку време да го препознаам светиот дух во неа) Докази како да кажам...има...некогаш треба само очите да ни се измијат, срцето да ни омекне за да ги видиме....јас сега можам да ги видам, но претходно стварно не сум верувала и сум барала црно на бело да ми се покаже... Значи јас сум доказ ама само за себе, бидејќи видов какви работи Господ направи во мојот живот. Ми требаше време да разберам дека Господ не е наметлив и не не присилува на неговата вера, Господ не сака да се докажува на неверниците...Тој е милослив и секогаш е тука но никогаш нема да ти ја скрати слободата на твој избор! Најубав доказ е неговото присуство, кое ненаметливо се појавува кога искрено со молитва е повикано Доколку трагате по докази, продолжете сигурна сум дека ве очекува нешто неописливо пс-еве едно инспиративно видео мнг ми се допаѓа неговото сведоштво ппс- малце ранливо од моја страна што вака се отворив, сепак ова е само дел од моето искуство, ако трагате по докази продолжете, верувам во добрината на секој што ќе го порчита ова
Ако имплицираш дека Бог има улога во тоа кој ќе одлучи живее тој ден, тогаш веруваш дека Бог исто така праќа рак на невини мали деца, а и природни катастрофи на милиони луѓе. Според кој критериум одлучува тебе да те спаси од сообраќајка а да не спаси дете што го силуваат? Каков е тој бог што спасува едни, а не спасува други? Ова е субјективен ,,доказ". Не негирам дека ги имаш почувствувано сите тие работи, ама не треба ни ти да негираш дека во суштина ова не докажува ништо. Не можеш да се потпреш на својата несовршена сентиентност. Ова е исто како да кажам дека доказ за духови е фактот што видов еден вчера вечер како последица на халуцинации предизвикани од парализа во сон. Почувсвување енергии, светлини и души се реални искуства, ама целосно фабрикувани од мозокот. Ако ова го сметаш за доказ, тогаш мораш и мојата парализа во сон да ја сметаш како доказ за духови. Од ист ранг се. Јас лично не трагам по докази. Прашањата што ги поставувам не се бидејќи сум збунета или уште го немам пронајдено Исус, туку за да покажам дека нема логичен одговор на нив. А срцата, душите и емоциите не се логичен одговор. П.С. Добронамерен совет, луѓето ќе се многу поотворени за што и да е тоа што проповедаш ако не користиш видеа. Никој не сака да гледа видеа. Многу подобар ефект ќе постигнеш ако вака со свои зборови пренесеш поента.
Ниту на верник ќе докажете дека не постои Бог/Господ, ниту на атеист, дека постои. Дискусиите на овакви теми ми се бесцелни. Секој нека верува во што сака.
Фала за советот Видеава се само инспирација и доколку сакаат да слушнат други сведоштва. Мене лично ми се милина за гледање, па затоа ги споделувам Не е за да постигнам конкретно некој ефект и не сакам да проповедам... само да го споделам моето гледиште, искуство и некои инспиритавни видеа. Да, кажаното горе е субјективен ,,доказ". Затоа и пишав дека сум доказ, ама доказ само за себе. Сепак сакам да го кажам моето искуство. (Почувсвување енергии, светлини и души се реални искуства, ама целосно фабрикувани од мозокот- и јас порано верував во ова и го кажував истото со цврста сигурност, но како што пишав погоре, сега поинаку гледам и не можам да се сложам со тебе и тоа е во ред ) Јас само ја следам неговата мудрост и не кажав дека секогаш ги разбирам неговите начини. (природни катастрофи или рак на мали деца) Во библијата има мнг катастрофи и немили настани кои им се случуваат на добри луѓе..Како во библијата така и во реалниот живот... не сакам да судам и не викам да можам да останам емотивно прибрана кога ете се случуваат такви работи. Но верувам во неговите патишта! Ниту на верник ќе докажете дека не постои Бог/Господ, ниту на атеист, дека постои. Дискусиите на овакви теми ми се бесцелни. - Мислам дека не треба да го гледаме ова како докажување или како бесцелни разговори.... Никогаш не се знае кој на каков муабет може да се трогне или да подразмисли на поинаков начин Фала за вашето внимание.
Навистина почнав да верувам. Но сега прашање што ме вознемирува дали кога ќе ми испадне религиска слика на фејсбук треба да коментирам Амин? И дали ќе е грев ако ја прескокнам сликата без да коментирам на неа?
Ниту во Библијата, ниту во една друга книга со духовна содржина, не пишува дека треба Амин да се напише на некој пост. Еден напиша и сите по него. Од кај му текнува?! Амин се кажува после молитва, ама не на фб. Нема никакво значење тоа. Ниту среќа, ниту несреќа ќе ти донесе. Нема Господ да ти услиши молитвите ако напишеш Амин на фб и обратно. Така да, игнорирај.
На ФБ амин и под фотографија од црква ставаат... Кога е напишана молитва разбирам...ама под фотографија од икона или црква ... Не ,не е грев...
Е да си ми жива јас и сите што ги знам лично што изиграваат верници, немаат ни х од христијански живот, прави бездушници, злобни, ова со одењево во црква им е како параван за нивната злоба Ако веќе постои господ валда му се повраќа кој се влегува во црква, и кој све се нарекува верник
Така вели Господ: проклет да е човекот кој се надева на човек и кој телото го смета за своја крепост и чие срце се одвраќа од Господ. Тој ќе биде како троскот во пустина и нема да види кога ќе дојде доброто, па ќе се насели во топли пустински места, во земја солена и непогодна за живеење. Благословен е човекот кој се надева на Господ, и кому надежта Му е Господ. Еремија 17:5-7
Верувам дека постои некаква енергија,сила во универзумов ете и бог може да ја наречам,ама не во форма како што прикажан во верските книги и во интерпретација на верските лидери.Некако премногу контрадикторности има .Еве Стево Жигон го објаснува тоа.
Стартна грешка, цитирам Бог рекол ако не сакате да ме слушате ќе одите во пекол. 3 секунди ми беа доволни, да разберам дека ова се глупости и тука нема факт туку лично мислење. Кој тоа го кажал и кога и каде, па секој се може да каже во име на Бог. Не, Бог му дал на човекот слободна воља, но го предупредил за последиците од постапките. Никој никаде никогаш не кажал дека некој нешто мора. Ако не ме слушате ќе одите во пекол значи, дека ако не бегате од злото тоа ќе ве проголта а ако не побарате да ве спасам ( тргнете по мојот пат) нема да можам да ви помогнам и вечно ќе страдате. Ако Бог Исус не го знае вечното страдање кој го знае, овој, ние?! Затоа тој е толку добар и сака да ни ги спаси душите, а не да условува.