Не реков дека има Господ, туку дека се' околу нас доживувам како 'чудо'. Amazing, Magnificent, Glorious
Самото тело како е создадено, или најмалите микроорганизми како се дизајнирани и како работат, колку се прецизно составени нивните делови се исто така голем доказ дека се создадени од интелигенција бидејќи носат информација која ја пренесуваат генерациски. Всушност се што е создадено од човекот е копија на нешто што Создателот веќе го има креирано во природата или животот. Научниците можат да дадат одговор само на тоа што може експериментално да се повторува и само тоа може да биде научен доказ. За се останато само веруваат дека било или ќе биде така, тоа е веќе сферата на верување. Дури и силата на гравитацијата не е научно докажана зашто лабораториски не може да се направи експеримент. Затоа останува многу голем простор или празнина која Бог секојдневно ја исполнува. Кој бара (искрено, а не иронично или дрско) ќе го најде.
Природата се вика тоа, не Бог. Природните закони, физичките и хемиските реакции се причина за се' што е создадено во видливиот универзум. Точно е дека не знаеме многу работи, ама не е тоа доказ оти има Бог, туку оти не сме докажале научно како нешто функционира. Што е нормално, бидејќи и капацитетите за истражување ни се толкави. Првите Богови биле природни појави кои денес ги разбираме и знаеме дека не се Богови, туку физички појави и манифестации. Како на пример, Сонцето. Денес знаеме дека е термонуклеарно тело составено од хелиум, а во Египетската култура Сонцето било Врховен Бог - Ра.
Се согласувам 100%. Членот помешал баби и жаби со последниот коментар околу дизајнирањето. Да се надоврзам со она што стално го зборам - сè уште премногу сме примитивни битија и за многу нешта кои сè уште не ги познаваме, луѓе си даваат објасненија со измислени работи. Истото што се случувало со старите народи, а денес ни е совршено јасно колку грешеле. Така да, со тек на време со повеќе еволуција ќе се откриваат сè повеќе нешта и како што тогашните религии сега се само дел од човечката историја/антропологија/етнологија, така и сегашните религии еден ден ќе бидат само нешто што постоело во овие периоди од времето.
Неколку пати спомнав дека клучна улога во еден од печатите на дизајнерот дека е битие, а не природа или енергија е информацијата која настанала и се пренесува. А таквата може да настане исклучиво во ум на интелигентно битие, а не во енергија или нешто неживо. А историјата, има најмалку две истории. По едната историја со настанокот од Адам и Ева апсолутно се се поклопува понатаму. И цензури на нешта што не одговараат и форсирање на нешта што даваат поинаква слика. Верувам во Бог зашто истражувам со отворен ум и го гледам неговиот удел насекаде околу мене. Слично како споредба сега според договорот Македонија нема ништо заедничко со културно-историското наследство со античка Македонија, а Грција има селосно наследство и право. А знаеме дека не е баш така. Не се однесува на политика, туку само на пример како историјата се прави онака како што им одговара на помоќните во моментот.
религијата е добра за контрола на народот, да имаше бог кој е љубов добро и бла бла зар оволку трагедии неправди болести ќе имаше кај лугето. јас од срце би сакал да има БОГ ама се кажува дека нема за жал
a sto ne se javi toj bog i da kaze jas sum toj i zivejte vaka ako ne pekol, nego se e iza sedam brda i dolina i u davnoj proslosti kakvi adam i eva kakvi bakraci, deca umiraat vo naj teski maki a stoka od luge zivot si ziveat
Како Бог постои и е љубов, а "невини"страдаат? При падот во грев освен добро, на земјата има и зло. Заради гревот се случуваат и неубавите рабори ама тоа е друга тема. Телевизорот и формирањето на слика во системот за гледање (очи-мозок), автомобил - животни за транспорт (магаре, коњ...).
А што е за тебе жив организам? Не е многу далеку од 'нежив'. Комбинации на јаглерод, кислород, водовод, азот итн. 'Неживи' молекули.