Ако е тој случајот, зошто на моќните би им одговарало да лажат за таква работа, им се оди во пеколот?
Она што науката никогаш не може да го создаде. Животот, животниот дух еднставно е, зошто да навлегуваме во филозофија. И живиот и неживиот организам имаат ист состав, само што живиот има живот, кој науката не може да го создаде и одговори како настанува. Тука доаѓа верувањето на науката како било, а како ќе биде, а верувањето води кон интелигентното битие кое создава.
Каков животен дух, какви црни камења. Хемиски реакции и електрицитет е. Имаш учено биологија, хемија, физика?
Видовме овде дека има и луѓе кои не веруваат во постоењето на Бог или едноставно не сакаат така да живеат. Слободна волја на секој човек. Бог не создал роботи, програмирани сите да го сакаат, туку луѓе со чувства и слободна волја, и ако го сакаат тоа да биде вистинско, а не програмирано.
електрицитетот ниту создал живот, ниту ќе создаде. Уште помалку пак информација која ја имаат сите организми и ја пренесуваат генерациски. А информацијата може да настане исклучиво во ум на интелигентно битие, и никако поинаку. Тој научен факт води кон Создател.
Нема сакам-не сакам во животот. Претежно нештата се прават од што се мора и против околностите не се може.
Да, ама прашањето е каде е настаната. Информација може да настане исклучиво во умот, не може да ја создаде природата или енергијата. Тое е еден голем факт кон постоењето на Создател како личност, а не безлична енергија.
Комуникацијата меѓу животните и претворањето на сигналите од еден во друг вид. Тоа прво се случува со зборувањето и преносот на звукот низ коските на лицето и воздухот. Не бодете смешни, држете се до темата, не на инаетење. Кажете си свој став и мислење, не мора да одговараме со прашања и поставуваме прашања за да се покажеме како попаметни.
ne ti posakuvam da te zakaci nekoja tragedija pa ke vidis se, so drugi oci. sto e krivo nekoe detence sto e rodeno tezok invalid, zivotot e surov i tezok za zal. kakva pravda ljubov itn. srvajver ZA ZAL
Не е и ова во темата, ама е за тие што не верувате во Бог и велите дека човекот може да биде добар и да има добар карактер и морал и се во контекст на тоа, ама брзо покажавте дека вие барем не сте тоа со потсмевањето на оние кои веруваме во Бог и изнесуваме свој став и мислење. Можевте и вие само до тука, без прашања и изјави кои водат кон потсмевање. Преиспитајте се или можеби сте премногу горди за да си признаете прво на себе се. Верувам во Бог и не се срамам и нема да се откажам од тоа.
Во ДНК-та. Знаеш дека само 1% разлика во ДНК имаме со горилите? И нив ги создал Бог по свој лик, само со поќе влакна и поголеми таш*ци? Си придавате многу значење. Не сме ништо позначајно од било што друго во универзумот. Не сме посебни, не сме специјален изум на некого, туку само сме се случиле. Не знам од кај да почнам да објаснувам... многу има за објаснување. Ти викам, седни читај хемија, физика, биологија и ќе научиш како сме создадени.
јас не те исмевам и стварно би сакал да има бог кој е се најдобро ама реалноста ми вели нешто друго, поздрав
Ти и каменот исти сте? Вака лесно е да се каже, абе што јаглерод водород азот делиме, па што тоа е тоа.