Па исто е, само се во различни комбинации распределени. Кај нас се посложено организирани, кај каменот попросто. Каменот е хемиски е релативно стабилен, во однос на човечкото тело. А и за нас и за каменот и за се' во универзумот важат исти правила. Без разлика дали си фотон, или комплексно тело како мачка, физиката е таа. *Башка сите потекнуваме од честички од универзумот. Изреката на Карл Саган, веројатно повеќето сте ја чуле: "We are made of star stuff" - е во буквална смисла, не во преносна.
Еј Игор баш гледав денеска мнг убаво видео од поп Поповиќ и баш има еден дел каде објаснува з а убиство на младо дете, убиецот и Божја правдина, го постирав во друга тема (се што ве интересира за рел) пред саат време, провери го ако те интересира
дај боже да сум во грешка и стварно да има БОГ, ама се ми кажува дека нема, човечки судбини. сталин палел цркви убивал попови и миљони убил и мачел, умре во длабока старост и 30 години беше "цар" ???
Не е само посложената организација која ги одделува живата и неживата природа. Едноставно, не може нежива супстанца сосема спонтано да добие карактеристики на жива и да создаде жив организам.
Не спонтано, ама со различни влијанија на околината и реакции меѓу честичките, може. Сега, знаеме дека од камен нема да стани антилопа, ама од неоргански јаглеродни полимери, може да се направи жив организам, во одредени услови.
Никаде не те исмеав. Ако добро те сфатив, ти пишуваш дека докази за постоењето на библискиот Бог има (нели си истражувал и си ги препознал насекаде), но структурите на моќ ги прикриваат и шират лажна пропаганда дека Бог не постои. Јас прашав зошто би го правеле тоа, кое фајде ако на крајот од патот се зијан? И друго што сакам да прашам е до кога ќе (се) залажувате дека постои слободна волја?
мила се е ок, ни даде до знаење, во ред е немаш време мнг е 2 саати, секој со своите приоритети и интереси, кога ќе можеш и имаш желба слушни материјалот си е тука а свештеников е феноменален пс-литургија исто така знае да трае 2-3 саати
Јас не можам да ви објаснам, со инка не можам да ви ставам во глава. Треба отворен ум, истражување, читање, информирање, размислување и користење на разумот. Искреното срце (искреноста кон самиот себе) треба да не води.
Првилата (природните закони и влијанија) се исти, ама не сите исто се однесуваат на тие влијанија. И некој требало да ги подреди тие закони така идеално да фукционираат. Случајно може да се случат некои нешта, ама случајно да бидат секогаш идеални неможе. Од експлозија секогаш настанува хаос, никогаш не настанува ред. И исто не мора да значи дека изреката е точна.
Науката досега се обидувала, ама никогаш не успеала да направи живо од неживо под било какви услови. Тоа е особина на Бог, само Тој може да создаде живот, оти само Тој е извор на животот. (науката не е во спротивност со Библијата, тие може иделано да се потврдуваат и надополнуваат особено со интердисциплинарен пристап кон прашањата).