Верувам во Бог како интелигентно битие затоа што сите живи организми во себе носат информации (кои притоа се и многу сложени) кои се пренесуваат генерациски, а информација може да настане единствено во ум на интелигентна личност, а никако случајно да ја создаде природата или некоја си енергија. Инфомација може да настане само во умот.
Да. И всушност е електричен импулс, предизвикан од хемиски реакции. Изгуглај синапси *Прочитај го и ова за ДНК-та и информациите. Rewritable digital data storage in live cells via engineered control of recombination directionality
Синапса не создава и е само место кај што се пренесуваат импулсите од неврон на неврон. Прашањето беше како може една сложена информација и свесноста што ја имаме(што патем е сѐ уште мистерија како точно се создаваат мислите и каде) да никне туку така спонтано.
Тоа што не знаеме нешто, не е доказ за Бог. Спомнав претходно низ постовиве. Во Египет, пред 4000-6000 години, Врховен Бог бил Ра - Сонцето. Денес знаеме дека не е Бог. Немам ништо против и да има и да нема Бог. Само сега-за сега, нема ни еден доказ за неговото постоење. Може сме симови и Бог е некое детиште шо си игра мајтап со нас
Да кажеш дека генетските информации настанале во ДНК-та, е исто како да кажеш дека оперативниот систем Windows 10 настанал во хард дискот. Не станува овде збор за незнаење. Напротив, ние денес многу повеќе од кога било во историјата знаеме дека сложени и комплексни информации не настануваат случајно. Дури и ти сега кога ги читаш и реплицираш на постовиве на темава, ти многу добро знаеш дека зад нив стои интелигентна личност која ги пишува и добро знаеш дека тие не настануваат со случајно куцање на букви затоа што рецимо некоја мачка гази по тастатурата Затоа и реплицираш на нив, бидејќи си убедена дека комуницираш со личност, а не со слепа случајност.
Тоа што си личност, не значи дека не си слепа случајност. Оти нема рај за животни? Кај одат животните? А растенијата? Бактериите? Или не се тие битни? Ние сме 'најбитните производи' на универзумот. Многу се преценувате. Оперативниот систем ти е во мозокот (интерфејсот кој ти комуницира со околината и е ситмулиран од сетилата), хардверот ти се органите. ДоС-от ти е ДНК-та Ако споредуваме со компјутери *Заборајв. И ништо од ова не е доказ дека постои Бог.
Ете така. На ова само фали да додадеш: И како што софтверот и хардверот настанале од интелигентен создател, така и мозокот, органите, ДНК.
Господ што поскоро нека ми даде вили, јахти, милиончиња и се друго што сакам, и ќе верувам многу, многу повеќе. Ама сега мејнстрим рисјаните ќе пишат дека така не се влегува во рајот туку во спротивна насока. А оти постој спротивен правец, размислувате ли некогаш на таа тема?
Душички, ние сме биле интелигентни битија. Според кој? Што ако постојат битија милион пати по интелигентни од нас и ние за нив сме им тоа што сунѓерот во морето е за нас? Или ете не мора милион пати, нека биде само 1%. 1% поразвиени/попаметни и голема е веројатноста дека тоа што Стивен Хокинг го прави во неговите најдобри денови, нивното 3 годишно дете (еквивалент де, не мора буквално човечко битие да биде) го прави пред појадок. Патем, тоа што го опишувате погоре како бог е simply природа, односно комбинација на биологија, хемија, физика, итн. Проблемот е што човечкиот мозок не може да го укапира концептот дека нешто само постои. Па се прашува, "да, ама кој ја создал таа биологија и таа хемија и таа физика? Кој ги создал елементите и материјалите и условите? Кој го создал просторот во кој сите нешта се создадени? Што има после тој простор? Што имало пред тој простор?". Одговорот е: премногу сме неразвиени како битија во секој можен поглед за да може да дадеме одговор на било што. Што е причина плус да човештвото треба да престане да си го троши времето на измислувања на приказни и да се фокусира на повеќе истражувања и откривања.
Ова се нарекува Atheism of Gaps = кога незнаењето се пополнува со атеизам. Ќе ти илустрирам со пример: Замисли два вонземјани влегуваат во некоја огромна библиотека. Едниот восхитен вели: - Wooow, види колку убави книги, би сакал да ги запознаам авторите? Сигурно некои од нив се многу интелигентни. - Абе какви интелигентни автори. Сите овие книги се создадени од слепата природа. Се е комбинација на хемија, биологија, физика... - Абе како може хемијата да ги создаде сите овие реченици, слики, графици во книгите? Тоа се изобилство на информации!! - Не знам, ама сигурно не постојат интелигентни автори! Премногу сме неразвиени како битија во секој можен поглед за да може да дадеме одговор на било што. Што е причина плус за вонземјаните да престанеат да си го трошат времето на измислувања на приказни и да се фокусира на повеќе истражувања и откривања...
Одговарате на прашањето дека се што направил човекот е копија на тоа што Создателот го создал во природата.
Ние како ограниќени суштества временски и просторно не можеме ни да замислиме ни да одговориме што имало пред тој простор и што има после тпј простор, не можеме да ја сфатиме целосно бесконечноста затоа што сме ограничени. Создателот не е, зашто постои и пред времето (кое е само категорија за нашето постоење) и пред просторот.
Не. Природата создала, ние имитираме нејзини 'изуми'. Како напредува технологијата, шо ти се чини? Со изучување на Бог, или со изучување на природните науки?