Интернетот е само пренос на информации. Системот (апаратите) се сите копија на нешта што веќе ги има во природата создадени од Создателот.
Аспираторот е проток на гас низ садови - класична физика Нуклеарна бомба е 'растурање' на атомот - квантна физика. И да не се случува во човечко тело, се случува во природата и е примена на природен процес стимулиран со механизација под одредени услови. Не измислуваме нешто што не може да се случи во природата, само ја 'манипулираме' природата за наши потреби.
Едно е религија, друго е вера. Вербата во Бог нема врска со религија. А да бидеш религиозен е сосема друго од тоа да веруваш во нешто.
Проблемот со интелигентен дизајн за кој сте збореле пред некое време не е дека апсолутно нема никаква опција тој да постои, туку дека се претставува како задоволително објаснување на она што го гледаме во природата. А не е. Ако информацијата не може изникне од ништо, тогаш зошто да направиме исклучок за создателот на информацијата? Ако е доволно интелигентен да создаде информација, очигледно и самото негово постоење бара исто толку (ако не и повеќе) extraordinary објаснување. Нема апсолутно никакво оправдување интелигентиот дизајнер да биде исклучок од правилото дека комплексност бара комплексен дизајнер. Со вметнување дизајнер во сликата само се префрла топката подалеку. Сфаќам дека верниците сметаат дека дизајнерот е основен, вечен, позадински итн. ама пак тоа се само верувања и не објаснуваат ништо. Ако вакви објаснувања го задоволуваат постоењето на дизајнер, тогаш шоќение дизајнерот кога комотно можеме истото да го кажеме и за самиот универзум без да мешаме дизајнери во него?
Верувам, се што ми се случува во животот се случува затоа што тој така сака, барем јас така мислам. Му благодарам за се што направи за мене.