Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Да, верувам. Верувам во Господ Исус Христос.
     
    На Rama, Reina.Gitana, Kimberly11 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Ама пред сѐ што има, Бог сѐ создаде. Бог создал природа, луѓе и им дал разум на тие луѓе да знаат интернет како да направат. Мислам дека те прочитав во друга тема што викаш дека религијата била скарена со логиката и здравиот разум. Еве јас сум верник. За во лудница сум? Силувам? Убивам?
    Јас од тебе разбрав за таа речи ја наука што докажала такво нешто. Таков "доказ" или "докажал" некој што е неарен во главата, или некој сатанист или што е многу поверојатно лага е.
    Мислам дека сѐ е јасно.
     
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Па не е дека нема илјадници силувачи во Ватикан и останатите цркви. Али, дај кажи прво од која провиниенција си, па да започнеме тогаш со дискусијата.
     
  4. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Ти го базираш христијанството на силувачите кои се претставуваат како христијани? Ватикан нема х од христијанство.
     
    На Rama и mesecar им се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Добро, познато е дека секоја протестантска секта се смета себеси за единствената најправилна и најхристијанска.
     
    На Amellie13 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  6. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Кои се тие од Ватикан што силувале, а се претставувале како Христијани?
    Ако сум верник значи од провинција сум? Тоше Проески беше верник, заостанат беше ли?
     
    На Rama и mesecar им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Да, да и да!
     
    На Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    Можеби се направени многу лоши работи во име на религијата, но тие всушност немаат врска со религијата. Религијата не е зло. Вербата во Бог го прави човекот подобар. Се надевам не ви пречат и мирољубивите верници заради таквите кои всушност со себе имаат проблем. Секој може да направи глупост и да рече Е тоа е во името на Бог, така тој сакал, така треба ама не е тоа тоа.
     
    На Kimberly11, Rama и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Провиниенција, не провинција. Ваљда знаеш што значи.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  10. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Пречат институциите и милитантите. Никому не смета личната вера ослободена од црковните догми.
     
    На Angie1432, Amellie13 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  11. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Од каде сум, сум. Тоа е најмалку важно во темава. Работата е што по интернет и во живо како змии пуштате отров како немало докази дека постои Бог и религијата било најстрашно нешто на светот.
    Бог нека ни е на помош. Јас немам право да судам како и сите други. Само Бог знае како да пресуди и нема право никој таму да се меша.
    Поздрав.
     
    На Kimberly11, Rama и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Провинција - се надвор од главниот град
    Провениенција - припадност на одредена идеологија. Пример: христијанка од англиканска провениенција.

    Ти од која христијанска провиниенција си?
     
  13. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Православна Христијанка сум.
     
  14. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Дали мислиш дека јогата е сатанизам? Дали жената треба да е потчинета на мажот? Дали е христијански МПЦ да се занимава со комерцијално градежништво?
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  15. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    910
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е сатанизам, ама знам дека јогата не е за Христијаните. Многу Христијани мислат дека јогата е само како разонода и тренирање на телото, ама зад јогата има долга филозофија што прави јогата со духот на човекот.
    Нормално дека не треба. Не знам од каде ти дошла оваа идеја дека Христијанството ги учи луѓето дека жената треба марионета да му биди на мажот.
    Па не знам што има лошо во тоа со градежништво да се занимаваат ако станува збор за градење на цркви. Што МПЦ со градење на стокатници да не се занимава? Немој да сфатиш дека реков дека лошо е да се градат стокатници само земав за пример бидејќи знам дека МПЦ ако се занимава со градежништво значи дека само цркви гради, не нешто друго...
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    Не е твое ти да определуваш кој е христијанин. Бог да сакал некои луѓе да направи подобри, ќе ги направел, така да... Не осудувај :yawn:
    Ем св. Петар е запамтен ко првиот бискуп на Рим, не на некое друго место, источно или северно.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Каде во светите книги е пропишано ова?
    upload_2021-9-21_21-21-24.png
    upload_2021-9-21_21-21-47.png
    upload_2021-9-21_21-23-57.png
    upload_2021-9-21_21-24-29.png
    МПЦ е инвеститор на проектираните висококатници кај Холидеј Ин. МПЦ исто така поседува хотели и огромни имоти на брегот на Охридско и со години се тужи за да заграби уште повеќе од тој имот.
     
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Јогата нее христијанско учење ниту сатанистичко туку Хиндуистичко-Будистичко. Потекнува од источните религии т.е од Индија и доста се користи и во Будизмот затоа е доста застапена и кај косо-оките народи.

    Православната црква ја забранува поради нивните хиндуистички учења а не поради тоа што се декларира како спорт. Имаше една што одеше на јога, покрај физички активности на крајот изведувале и хиндуистички-будистички ритуали и учења во вид на спирутуалност ама тоа е будистичко движење а има посебни клубови за Јога без учење на Хиндуизмот.

    Атеистите ја прифаќаат јогата а сепак тоа е ритуал од религиозен карактер, затоа симбол е и богот Кришна. Малце нелогично .
     
    На mesecar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Добро, каде пишува, во изворна христијанска книга, дека јогата е забранета?
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Никаде не пишува, бидеќи тоа се две различни религии.
    Забраната е изнесена од страна на раководството на црквите за верниците поради тоа што се наметнуваа други идеологии и учења. Тоа е исто како забраната за движење за време на полициски час поради опасност од ширење на Ковид - 19 и покрај тоа што го немаше со закон тоа.