Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Ова сликче направено во пејнт нема никаква научна основа. Имаш студии за ова? Ваљда успеале теолозите научници да докажат дека децата и внуците можат да имаат некои карактеристики што ниту еден од родителите ги немал?
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Сакаат да кажат дека поделбата на ние што гледаме и вие што сте слепи е ствр лош почеток на муабет :D што е вистина, се сеќавам како бивши спиритуалист тој коментар секогаш ме одалечуваше од христијанската вера..... да им ја доближиме верата на суштински и мил пријателски начин без силење, бркање правда и без поделби :) само сакав да го споделам впечатокот и советов:f:
     
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Исто цитат од библијата извинете што е на англ Screenshot_20211103-213220-01.jpeg

    Колку важно е да се бара Бог со сето твое срце и верба.. Треба да се отвориш кон можноста дека постои, а не интелектуално и логички да бараш одговори и да очекуваш дека тие одг. ќе те донесат до Бога( библијата убаво објаснува )... и треба да постои момент кога целосно ќе се предадеш кон Бога и сето твое его, проблеми, филозофии итн му ги предадеш на него...бидејки само тој може да ги исправи искривеното во нас...

    Докази има, мојот живот е доказ и сум зборувала мнг пати.. приметувам дека истите луѓе кои ја одбиваат мојата приказна, истиве прашуваат други луѓе за докази и мислења и истото во круг...

    Мора да се има верба, незз како да го објаснам ова...ние секој ден имаме верба во најрандом луѓе со кои немаме разменето збор (верба во пилотот додека патувате во авион, во хирургот кој прв пат го гледате а животот ви зависи од него итн) Некои работи бараат време...

    а за споделување на верата, треба убаво да процениме кој е заинтересиран, кој трола, кој веќе има цврство воспоставен став, кој само сака да не навреди и да ни се исмее итн итн.. ништо со сила и ништо лично
     
    На Snowflake97 и La Stilla им се допаѓа ова.
  4. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Има огромна разлика од верување во глупости за Адам и Ева до верување во она што е навистина сржта на религијата.
     
  5. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Верувам во некоја создавачка сила, во Господ, Алах, Буда итн. не.
    Се се тоа богови креирани од луѓето за подјармување на луѓето, за да им се водители на духовно, ментално ниво, за нивно насочување како што сакале верските организации од памтивека во соработка со државните властелини. Начела наметнати за жената да си го знае своето место во светот, начела кој во старт наметнуваат полова нерамноправост и раздор. Ева се измами на зборовите на змијата, жената е грешна, нечиста со менструацијата, жената е маѓепсница, заведува, сексот е грев особено пред брак и во главно треба да служи за размножување...
    Тоа не се Божји зборови туку извртување за контрола на народот. Религијата е неопходна за кревката човечка психа да се надева и воздига, мотивира за добри дела во повисоки цели. Ама спиритуалноста во секој од нас сметам дека не е поврзана со тоа на која религија припаѓаме, на кој Бог се исповедаме.
    И ќе речам верник сум, верувам во одредена религија по навика, иако длабоко во мене изумрела живоста, бескрајната верба која некогаш сум ја имала како дете и помлада, така наивна, лесно поведлива, желна за верба во бајки, митови, среќни краишта.
    Верник сум во поголема природна сила, ама во божји ликови не, иако почитувам многу верски и религиозни текстови. Не гледам штетност во повеќето од нив, има многу полза, но и многу нешта кои се многу застарени, непотребни и оптоварувачки ако се применуваат во денешно време.
    На крај на секој од нас срцето ќе ни каже и покаже во што да веруваме, дали сме во право или не.
     
    На KomP, La Stilla и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  6. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Да ја споделам и мојата лична етичка битка околу ова. Како девојче верував како што девојче би можело да верува = апсолутно и слепо, иако ја читав Библијата многу ретко, само оние приказни што ми беа интересни и поучни, како приказната за Јов, Соломон, Дина, Ребека, Самсон и Делила, Лотовата жена и сл. Интересна ми беше и како литература, многу уникатно е напишана. Но се сеќавам на нешто добро, а тоа е дека не чувствував љубов, ами страв, стравопочит кон лутиот семоќен Бог. Подоцна, од правецот кон кој ми тргна животот, по многу разочарувања и дилеми, станав атеист. Одбивав дека постои таква сила, дури и се противев. Но со самото течење на времето, пак се приклонив на некој начин кон вербата. Решив на овие години да ја прочитам Библијата. Се уште стариот Завет ме плаши...но Новиот, за Христа, посебно псалмите, носат многу таиствени и позитивни, длабоки пораки. Мора да се внесеш со срце и душа во нив, за да ја разбереш нивната мистика (тие навистина носат мистика во себе). Пораката на Христа е љубов.

    Сепак, ја разбирам и страната на атеистите, и не ги осудувам. Не е секој ум створен за верба, на некои умови им требаат и докази. Ова не значи дека апсолутно сите верници сеслепи, или сите атеисти лочигари. Има слепи и во атеистите, има логичари и во верниците.

    Јас сметам дека и не е толку важно дали некој верува или не, дали е христијанин, или друга вера наспроти атеист, се додека е добар човек. Сметам дека тоа е навистина она што е важно, не е на нас да го спасуваме светот, туку да си помагаме меѓусебно колку што е можно.

    Овој одговор го пишувам како мое лично искуство, не сакам ниту да влијаам, ниту да повредам.
     
    На Snowflake97, sonuvana, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  7. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Многу убаво пишано :) сакав само да те надополнам во еден дел...

    Навистина е важно да си добар човек но тука е и проблемот, скоро секој човек доколку го прашаш дали мисли дека е добар ќе ти одговори да јас сум добар човек. Без разлика на верата, расата, годиштето сите скоро мислат дека се добри луѓе (а сите се жалиме дека во нашево време се помалку добри луѓе има, каква иронија).. и сега ако прокопаш повеќе и прашаш по кој стандар веруваат дека се добри, повеќето ќе кажат по некој нивен измислен стандард.. Нешто класика како не сум совршен, сум правел грешки, се трудам да не нанесувам намерно поверди/зло, сум направил повеќе добри дела отколку лоши итн...

    Но доколку побараш нивното добро да се мери со стандардот за добро во библијата (при што затоа и ни е библијата да ни го води нашиот морален компас) тука сите паѓаме. Мнг интересно е што во самата книга има дел каде дури и Исус вика не ме викај добар, јас не сум добар,. добар е само севишниот Бог. Е сега каква понизност треба во нашиве срца да има чим самиот Исус за себе викал дека не е добар.

    Важно е да се биде добар да, ама уште поубаво е да се трудиме нашиот стандард да е повисок и да бидеме уште подобри :) а кога ќе згрешиме да се покаеме и да се трудиме да не згрешиме пак поточно да научиме нешто! Бидејќи кога некој е добар според свои стандарди, тоа и не е баш некоја стабилна земја..Ние луѓето сме мнг променливи и кршливи суштества, еден ден стандардот мој е ваков друг ден под други околноси малку ќе го изменам бидејќи моментално така ми одговара итн...сакам да кажам дека не е лесно но вреди. И не треба да мислиме дека библиската морална добрина е превисока па затоа нема да се трудам да го достигнам, ионака сите сме грешници итн итн...

    Се изнапричав :D се надевам дека некако ме разбра
     
    На Snowflake97, sonuvana, _Schmetterling_ и 3 други им се допаѓа ова.
  8. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски

    Убаво кажано...
    Мнг интересно е што во самата книга има дел каде дури и Исус вика не ме викај добар, јас не сум добар,. добар е само севишниот Бог. Е сега каква понизност треба во нашиве срца да има чим самиот Исус за себе викал дека не е добар

    -- конкретно овој ден гоодговара вашето прашање, во смисла...кога Исус го кажал тоа, што останува за нас обичните смртници???? Во таа смисла. Скромност и понизност...не реков дека не треба да се надградуваме како луѓе. Всушност, во овој наш живот не ни треба да стремиме да сме совршени,совршен е само Божјиот Син. Но доволно е да сме добри, како за себе, така и за околината. Не светци, туку океј луѓе. И по свој и по општ стандард. Библиски размери е неможно да се дофатат, јас не ни стремам кон тоа како верник, гледам да сум скромна.

    Кога самиот Исус сметал дека не е совршен, што останува за нас? Но она што можам како единка да помогнам и да спречам секако.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Limpan

    Limpan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    3.674
    Пол:
    Женски
  10. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    Добро, ти благодарам за опширниот одговор иако сево ова ми е веќе познато и не мислам дека очигледно го потврдува Божјото постоење.

    За ова можам да ти кажам само дека ми е мило доколку верата ти го осмислила и облагородила животот.
     
    На _Schmetterling_ и La Stilla им се допаѓа ова.
  11. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    За ова можам да ти кажам само дека ми е мило доколку верата ти го осмислила и облагородила животот.[/QUOTE]
    За ова сакав да се надоврзам, дека тоа би требало да биде целта и суштината на верата - да те облагороди, оплемени и сл. Инаку од типот на верници што кога им крадат од јаболката во дворот викаат “Да дади Господ да пукнат“, вистинските верници се неразбрани и исмејувани и тоа со право.
    @KomP
     
    На _Schmetterling_ и KomP им се допаѓа ова.
  12. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    Сите ние сме различни, се раѓаме како различни и со текот на животот ги усвојуваме оние верувања и ставови кои најмногу му одговараат на нашиот вроден карактер.

    Што се однесува до Библијата, таа е доволно обемна и со доволен број најразлични, па и противречни ставови така што скоро секој може да најде понекоја вистина и за себе. И во Библијата и во верата можат да се најдат од најалтруистични продуховени типови, преку манипулатори желни за моќ, слава или привилегии и пари па до перверзни типови и насилници. И секој од нив може да најде или да мисли дека нашол потврда за својот животен став во самата Библија. За жал работите со верата стојат така - секој верува во она што му одговара на неговиот вроден карактер.
     
    На Anne Boleyn и La Stilla им се допаѓа ова.
  13. La Stilla

    La Stilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2021
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    673
    Пол:
    Женски
    Сфаќам... конкретно последната реченица, мислам дека важи за се во животот. Ако Библијата не ти е четивото, ако ти е на пример некоја друга книга, или писател или било што, доколку се пронајдеш во неа, ја преиспитуваш, дополнуваш ставови, растеш. Битно е да се расте мислам, нели се согласувате?
    Во нашата природа е да сакаме да продреме. Па колку лошо е кога верник колне? Колку злоба има во тоа. Тогаш воопшто не ми значи тој како верник, што верува во Господ а посакува зло, повеќе би почитувала атеист со здрави размислувања.
     
    На KomP му/ѝ се допаѓа ова.
  14. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Добро, твое мислење. :) Сметам дека постојат доволно докази за секој што сака да ги пронајде и да ги разбере. Секако до оној степен колку што е тоа можно за човековиот ум, кој е ограничен. Останатите работи се прифаќаат со вера.

    Исус му рече: „Тома, ти поверува затоа што Ме виде; блажени се оние кои не виделе, а поверувале.“
    Јован 20:29

    Се надевам дека и ти ќе најдеш нешто што ќе го постигне истиот ефект во твојот живот. :)
     
  15. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    Благодарам!
    А зошто мислиш дека немам нешто што го има истиот ефект врз мојот живот:). Сите веруваме во нешто, нели?

    И, колку да се најдеме на муабет, дај објасни ми зошто се блажени оние кои не виделе а поверувале. И врз основа на што поверувале?
     
  16. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    А каде нагласив експлицитно дека немаш и како би знаела дека имаш? Ме радува ако веќе си го постигнал/а истиот ефект.

    Изгледа не си ми ја сфатил/а поентата. Врз основа на вера и љубов кон Господ. Ама ако не го имаш тој став, не ни очекувам да ме разбереш. И во ред е, секој со своето убедување.
     
    Последна измена: 4 ноември 2021
  17. KomP

    KomP Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    50
    [QUOTE="_Schmetterling_, post: 5856720, member: 141506"
    Изгледа не си ми ја сфатил поентата. Врз основа на вера и љубов кон Господ. Ама ако не го имаш тој став, не ни очекувам да ме разбереш. И во ред е, секој со своето убедување.[/QUOTE]

    Не вели ли Исус на едно место - Како можеш да чувствуваш љубов кон оној што никогаш не си го видел а немаш љубов кон оној што е пред тебе (или така некако).

    Добро, еве јас ќе ти објаснам зошто се блажени оние што не виделе а поверувале - затоа што ним Бог непосредно им ја објавил вистината. Исус исто така вели - не можете да ја видите вистината за мене ако тоа самиот Бог не ви го открие (или така некако).

    И?
     
  18. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Мислам дека исказиве (кои притоа не се ни директни цитати и за кои ни самиот/самата не си сигурен/на како гласат) ги вадиш од контекст. И да, може вистината ми ја открил самиот Господ. А може да верувам и без тоа. Не знам како и зошто тоа би те засегало тебе, па да има потреба да се докажуваме.

    И еве што вели Исус, меѓу другото:
    „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!“ Лука 10:27
     
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.095
    Пол:
    Женски
    Ако сложената информација на ДНК-та не може да настане сама од себе, тогаш нема никаква причина да сметаме дека исклучително интелигентниот ум што ја создал таа информација настанал сам од себе. Ако си спремна да прифатиш дека за Бог не мора да има extraordinary објаснување, тогаш по истата логика мораш да прифатиш дека и за ДНК-та не е потребен интелигентен дизајнер. Пази, не тврдам дека ДНК-та настанала сама од себе, туку само посочувам дека нејзиното чисто постоење не е доволна основа да се заклучи дека била создадена.

    Пак, тоа нешто што мора да постои од секогаш, зошто мора да биде Бог-фигура? Ако живо потекнува само од живо, а Бог е жив (твои тврдења се ова), тогаш мора и Бог да потекнува од нешто живо. Од каде ја имаш слободата да го прогласиш Бог за вечен? Пробуваш да докажеш дека Бог постои, ама всушност аксиомски го претпоставуваш неговото постоење. Ова е обратно од доказ.

    Ова е доказ за Бог колку што книгите за Хари Потер се доказ за Хари Потер.
    Ама сепак for the sake of the argument, тоа што некоја книга дава многу убава, фина, интересна филозофија за животот (дискутабилно), не значи дека ликовите во неа се реални и сè што пишува е вистина. Пак, далеку е ова од доказ.

    И ова не е доказ за Бог затоа што постои широко прифатено научно објаснување за тоа зошто како луѓе се разликуваме од другите животни. Се покажало дека за нашата популација, попродуктивно е ако се однесуваме несебично едни кон други, т.е. ако се држиме во целина, ако не ги убиваме припадниците на нашето племе, ако им помагаме, ако се дружиме со нив итн. Припадниците на нашиот вид кои ги имале ваквите интринзични инстинкти во просек си поминувале подобро во животот, односно имале поголем животен век и повеќе потомци што води до тоа денес јас и ти да го имаме чувството на морал, совест и љубов. Ова е многу логичен одговор на прашањето зошто човекот се разликува од другите животни и апсолутно победува во дуелот со алтернативното, незадоволително објаснување што убива секаква љубопитност и мозочни клетки, а верниците го користат за скоро сè - Бог така кажал.

    Светиот дух јас колку што знам е екстензија на Бог, т.е. една од неговите манифестации. Затоа ќе ми простиш, ама стварно не можам да го разберам фактот што што го ставила во листата на докази за Бог. Ти уствари Бог го докажуваш со... Бог. Светиот дух и неговото влијание во животот на луѓето е предметот на дискусија тука. Треба да ме убедиш, да ми посочиш каде точно е тоа влијание и да ми покажеш дека единственото објаснување за тоа влијание е Светиот дух. И тогаш ќе кажам океј, во право си, Светиот дух постои и има влијание во животот на луѓето. Така функционираат докази.

    Ќе морам да не се согласам. Ова е всушност најмалиот доказ за Бог. Лично искуство може да биде само фина и интересна анегдота за пред другари, а доказ не може да биде. Јас имав лично искуство каде видов чудовиште за време на парализа во сон и ми влијаеше многу лошо, ама дали е тоа доказ дека чудовиштето постои? Има луѓе што кога трипаат гледаат вонземјани, дали е тоа доказ за вонземјани?

    Во секој случај, секоја чест што всушност се потруди да ги напишеш доказите за кои толку се збори, досега муабетот се сведуваше на слепи сте ќорави сте, најди на интернет. :D
     
    На арија1245, Amellie13, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  20. _Schmetterling_

    _Schmetterling_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2020
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Ок. Секоја чест и за тебе што толку си се потрудила да напишеш нешто во кое никогаш нема да верувам. Така што, жал ми е, ама не си ја постигна целта.
    И не знам зошто ве погодува тоа кога некој верува во Господ и добивате потреба (притоа неповикани) да наметнете свој субјективен став. Оставете секој да верува во што сака.
    И да, иако си самата модератор, еве ќе те потсетам: мислам дека сте off-topic и ти и неколкуте мислења погоре, бидејќи темава е да искажеме свој став на поставеното прашање, а не да побиваме нечиј друг.