Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски

    Истото важи и за тебе душо .До пред две години ни празници не сте славеле сепак нешто ве потикнало на промени поздрав и до тебе и немам намера да наметнувам никому мислење и не ве сметав за неверници ...Грешно сте се пронашле во моите зборови.
     
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808

    :) mene seuste nisto ne me potiknalo.Majka mi ja potikna,ako moze toa taka da se kaze...Ne gi podnesuvase komentarite od ludjeto okolu nas deka ne slavime praznici.A sto se odnesuva do mene seedno mi e.Grav mozam da jadam koga ke posakam a ne samo za bozic.Zelnik isto taka,i ribi.Lepceto e isto meseno i peceno kako i sekogas-samo so parka vnatre.I jajcata za veligden se isti kako i sekogas,samo bojadisani :)
     
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Дали верувам во Господ? (зошто со голема буква?)

    Незнам.
    Според мене, човечкиот живот е премал да се запознае/види/разбере/уатевр тој антропоморфен карактер кој е објаснување за сите засега необјасниви нешта...
    Човекот е во раниот стадиум на еволуцијата, па со тоа и мозокот не му е толку развиен, а по природа е сезнајко (наводно, ми требаат наводници, не се пишуваат) па сето она што не може да си го објасни и разјасни во ограниченот мозок го препушта на Господ и неговата желба.

    Агностик сум по ова прашање, ама само изнесувам мои ставови, и простете ми за гомнојадноста. :lol:
     
  4. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Сум постирала линк а се немам изјаснето.Според природата на нештата верувам дека постои Господ,смешна и по малку апсурдна ми е теоријата за настанокот на човекот од мајмуни,така да...Да,верувам во Господ,но знам и дека не ги слуша моите молитви, оние најголемите,и најважните за мене,многу пати ме разочарал и ми го дал спротивното од она за што Го молам,но сепак не за џабе останала надежта нели,во Библијата сепак јасно се вели,барај и ке добиеш,моли се и ке ти биде дадено,којзнае...можеби... ;) :)
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Незнам.

    Не сум многу религиозна, ама одам во црква на празници.

    Секој има свое мислење нели?



    :*
     
  6. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Верувам :angel:
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    јас верувам... :)
     
  8. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
  9. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    :clap: :clap: :clap: potpolno si vo pravo,go delime istoto mislenje,BOG E SE OKOLU NAS,TOJ E SEDRZITELOT,ALFA I OMEGA
     
  10. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    225
    DARVINOVATA TEORIJA E TOLKU SMESNA STO NEKOGAS VIKAM AKO COVEKOT NASTANAL OD MAJMUN,SO TRUD I RABOTA POCNALE DA MU SE ISPRAVAAT RACETE I DRN DRN,ZOSTO DO DEN DENESKA KOGA MAJMUNITE ISTO RAZBIRAAT SE ,SE SLUZAT SO RACE,NOZE ,NITU EDEN MAJMUN NE PREMINAL VO RODOT COVEK HAHAHA???????????????????????
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Сметам дека многу грешно некои ја сфатиле Дарвиновата теорија за еволуцијата, и асполутно не е смешна бидејќи до ден денес сеуште се проучува и има се повеќе докази. И јас како дете сум се прашувала како е можно да сме настанале од мајмуни но сега, знам дека тоа е погрешна слика која ни ја наметнале или родителите или во школо, незнам. Човекот не е настанат од мајмун, баш мајмун. Многу луѓе кои не се информирани околу оваа тема веројатно праисторискиот мајмун си го замислуваат како шимпанзо или горила или некој друг вид на мајмун од овие што постојат денес. Најважното што треба да се знае е дека и мајмуните во денешно време, и човекот потекнуваат од еден предок (нашки кажано-човеколики мајмун) кој потоа дивергирал, значи се раздвоил на два еволутивни правци. Значи едниот продолжил да се развива во тој правец што создал многу подвидови на мајмуни (затоа денеска постојат толку многу видови), а другиот правец бил во развивањето на човекот. Сигурно сте учеле за неговите предци, за аустралопитекусот, па потоа неандерталецот, па кромањонецот, Homo habilis, Homo erectus, па се до Homo sapiens. Сите овие се етапи во развивањето на човекот. За ова биле потребни милиони години, и многу многу различни подвидови се додека да настане денешниов Homo sapiens.
    Како за човекот, така ова се однесува и за еволуцијата на сите видови животни форми кои се до ден денес познати. Еволуцијата не е едноставен процес, се одвива со милиони години, и има големи докази дека таа настанала. И еволуцијата сеуште се случува и ќе се случува..сеуште се пронаоѓаат нови и нови видови на Земјата.
    И смешно е да размислуваме зашто денешниве мајмуни неможат да преминат во човек. Јас тука би прашала кој мајмун поточно? Постојат толку многу видови. Има некои со поголем капацитет на мозок кои повеќе ја користат интелигенцијата, а има и со помал. Еволуцијата не оди баш така. Неможеме да очекуваме дека денешниов мајмун "оп"-одма може да премине во човек само затоа што бил еволутивно најблизок до човекот.
    Се извинувам што бев оффтопик, но токму на оваа тема прочитав многу небулози во врска со еволуцијата. Искрено мислам дека во книгите на Дарвин има што да се прочита и да си кажеш: аха, значи има логика! Додека во библијата, јас не наоѓам никаква логика и вистина во напишаното, можам само да кажам дека е интересно дело со интересни приказни. Едноставно неможам да верувам во нешто надреално, за мене ова е апсурд.
     
    На mamma-mia, Annath, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Добро, да, за тоа имаш право...
    НО! :!:
    И тука има некои кваки.
    Плус, докажано е дека Дарвин со своите истомиследници направил неколку утки.

    Како ни покажуваат фосилите дека човекот настанал од најмали и најпримитивни суштества?
    Зарем верувате дека од ништо може да се направи нешто?
    Дале некој успеал да ја набљудува еволуцијата?

    Итн. итн. итн.

    Има различни теории.

    На пример, една од поновите која има смисла е дека вонземјанска цивилизација ги поставила темелите на земјанскиот живот и понатаму го препуштила истиот на самодоградување и сл.

    Но и таа цивилизација мора да била создадена некако...

    И така во круг...
    Збунка по збунка...
    И најлесно е да се каже дека господ го направил тоа.
     
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    ^^ Хаха, тука си во право :) ...ние сме тотално збунети и тоа поради научниците што сеуште нешто немаат доистражено до крај, но сепак има нешто. Значи штом тоа се истражува со векови, мора да има голем дел вистина. А тука сумњива ми е и теоријата за вонземјаните. Тука сум нема. Немам познавање за такви изтражувања и резултати така да не сум компетентна било што да зборам, и можам да го ставам како потенцијална можност и позади тоа да се крие нешто.
    И да, најлесно е да се каже дека сето тоа го створил Господ, но жално е да веруваме само и само во тоа, бидејќи човекот е високоинтелектуално суштество кое знае да резонира. Не за џабе во школо ги учиме сите тие предмети, науки кои се добиени на база на истражувања. И затоа човештвото напредува. Не живееме во 13век кога не биле познати многу работи, па сите луѓе без исклучоци биле религиозни и верувале дека Господ е створителот и се што се случува околу нив е божја воља.
     
  14. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Верувам дека постои нешто, некој паралелен свет кој не го гледаме , а сепак има влијание врз нас.
    Исус го сметам за етичка личност кој ги учел луѓето на слога и единство, ги ислушувал нивните проблеми, простувал, помагал како и дека имал исцелителна енергија. Не верувам дека Господ може да помогне кога има некој проблем туку помага вербата дека ќе се реши тој проблем и не верувам дека луѓето се направени од кал, а уште помалку дека се од мајмуни.
     
  15. wild.child15

    wild.child15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    13
    Се согласувам со ова ... и најпрво да кажам дека не верувам во господи и многу ми е логично тоа дека сме настанале од мајмуни... тие се најсличните суштества на нас, но секако не од овие што денес постојат туку од човеколикте мајмуни кои денес веќе не постојат а за тоа докажуваат фосилите останати од нив.
    Ве ценам сите и несакам да навредам никој секој има право на свое мислење.Имам само неколку прашања:
    Велите дека Господ го создал човекот од кал, ги создал и динусаурзите и сите други суштества кои постоеле на земјата пред билиони години?...
    Се согласувам со тоа ...Како може од ништо да настане нешто? Па тогаш како настанал Бог?Не создал сите нас но тој?Што е всушност Бог?Дух?Човек со натприродни моќи кој живее на небото?И што и да е спеак и тој мора од нешто да настане?Ако веќе гледаме на тоа така.... пс.Мислам дека науката сеуште не е доволно усовршена за да може да ни ги одговори овие прашања, но силно верувам дека живот постои и на други планети.Мислите дека и тие имаат свој создадител?....
    Можете ли да ги одговорите овие прашања?
     
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Никако не можам да сфатам, доколку човекот настанал од мајмун, како се развиле чувствата кај него ?
    Способноста да сака, совеста и ред други чувства ?
     
  17. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    А кој вика дека животните, посебно мајмуните, немаат чувства? Сум сретнала луѓе без чувства, но не и животни!
     
    На AppoloN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ^^...EMOCII se javuvaat kaj zivotni,..a CHUVSTVATA
    .......se emocii koi se javuvaat samo kaj chovekot,....
    .......taka vika naukata...
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Тоа е веќе виша филозофија, или подобро кажано еволуција. Сите животни форми се водат по еден вроден инстинкт, а од таму произлегуваат емоциите кај вишите животни, односно животни со поразвиени мозоци. Како што е веќе објаснето од Дарвин за равојот и на мозокот кај човеколиките мајмуни, од помал настанал поголем (всушност и тогаш во тоа време човеколиките мајмуни биле суштества со најразвиен мозок и со тенденција уште повеќе да се развива, а како доказ се изработката на орудија, снаоѓањето на полесен начин да доаѓа до храна, палењето оган и т.н.), потоа од мозок со помалку резени и бразди настанале повеќе, и така мозокот ја добил оваа големина, изглед и функција што ја имаме ние денес, кој исто така не е целосно проучен и постојано има нови истражувања поради фактот дека од него користиме само 10%. Тука лежи одговорот за емоциите, свеста и совеста...све е во мозокот.
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Јас ВЕРУВАМ во Господ и никој нема да ми го смени тоа мислење .. а можеби тоа што има некаде зло или пак не ви остварил некоја молитва (како што рече Ајнштајн во рекламата) „Злото е место кадешто Господ сеуште не стигнал да допре со неговата добрина“ .. а исто и со остварувањето на некоја молитва, „Господ ако не ви ја остварил молитвата значи сеуште не стигнал до неа“ .. но на крај краишта сепак ќе биде остварена ... животот е создаден за да се чека, да се биде трпелив .. бидете трпеливи, почекајте тркалото се врти за сите - ќе ви се заврти и за вас ..

    горда сум што ја имам таа верба во Господ која НИКОЈ не може да ми ја уништи !!!!!!

    a и сакам да се надоврзам до kitten епа ако од мајмун настанал човек (а човекот постои пред мноооооооогу години) зошто сега од човекот не настане некое посовршено суштество, идеално за да владее во овој свет !? ;)