Јас мислам целта е да си направиме муабет, а не да се убедуваме. Од тој аспект целта е постигната. Не ми беше намерата да те трансформирам во атеист. Инаку сите теми се за дискусии, и сите се добредојдени да реплицираат. Впрочем, тоа е многу попожелно отколку одговори од типот да, верувам и не, не верувам
Мене па воопшто не ми се допаѓа играњето на емоции и наметнувањето на товар на грешност и контролирање на луѓето преку тој товар, нешто што ги имам приметено и во некои секти, култови или како ги нарекуваат тие самите модерни религии. Мислам дека треба да сме ослободени од товарот на грев, вина кои се наметнати да не поседуваат духовно. Инаку да никој не е безгрешен и Господ- Бог не е, тој си допушта грешка и го темели тоа на можност на нашата слободна воља. Ничија судбина не е однапред искреирана и запечатена по негов терк, тој дава слобода на избор. Ништо не е точно совршено и комплетно грешно, се во постоењето е нешто помеѓу. И да убаво е да си учинуваме добро но убаво @KittyAgnes спомна сите за себе мислиме дека сме добри и фино е кога светите книги, независно од религијата, служат само како морален компас за добродетелство. Зошто имаме и света книга со која се фокусираат во една ралигија да ги отклонуваат неверниците со изговор демек добиваат повисока вредност на животот по смртта. Тоа е таа индоктринација и перење мозоци на народните маси преку светите дела и зборови за интереси на државата, власта што воопшто не ја оправдувам и не ми се допаѓа. Инаку да Исус порповедал љубов кон се живо и неживо, разум во постапките, одмереност, умереност, нешто што се потешко и потешко во нови времиња паѓа да е остварено, но не е и невозможно. Верниците имат повеќе мир и спокој, реков јас кревките чокечки души имаат потреба од нешто поголемо и повисоко од нив да се ослонат, заштитат и осеќаат безбедно, не мали, ситни, напуштени.
Човечно е да се бара објаснување зошто, како од што и логичниот ум да ја бара патеката на настанувањето, но ете библијата вика Прво беше Бог, па според книгава Бог прво постоел па после сета таа днка комплекност, нашиот жив свет. Нашиот создават постоел пред се, и тешко дека можеме да разбереме или дознаеме од каде, како што Библијата ја спореди со Хари Потер книгите... секој верник би се натажил на ова но сосема доволно даваш до знаење како ја доживуваш религијава. Така да погоре тоа што го пишав нема никакво значење за твоето разбирање и нема простор да се споделува верата. Исус Христост е прифатен како историска личност, која постоела, живеела, умрела и воскреснала..затоа и имаме пред неговото раѓање и после..толку мнг оставил после себе, тој е совршената, невина жртва која умрела за нашиве гревови и сега неговото постоење да се споредува со книга од Хари Потер.. мнг тажно, но добро ова се моите чуства и мисли, ништо лично и битно. Ок е пишаново но има една работа...Секое дете кое се раѓа има веќе во себе божествен морален компас кој не е научен или стекнат од околината, едноставно совршено знаат да разликуваат добро од зло...После околината ги менува тој компас и таа невиност Не може никој во ништо да те убеди туку ти треба лично да го искусиш светиот дух и тогаш со сигурност ќе разбетеш. И не е толку тешко но бара напор и посветеност, нели затоа и библијата кој има очи да види и уши да слушне...Духот самиот станува дел од тебе откако ќе се предадеш целосно на Исус, тоа ти е како некаков вид на божествен армор или свето присуство не можам најубаво да го опишам, но е неверојатно..ако сакаш докази тргни сама по патот и побарај го, сам ќе ти се открие.
Контекстот на дискусијата е важен. Не дебатираме како настанала ДНК-та. Дебатираме дали постоењето на ДНК-та е доказ за Бог. Има многу голема разлика меѓу овие две работи. Мое мислење е дека интелигентен дизајнер ја задушува дискусијата за постоењето на животот, баш од причина што има купишта работи што не ги знаеме. Не мислам дека треба да се затвори таа тема со Бог-печатот. А Библијата во муабетов не е релевантна, може многу лесно да постои создател а да нема врска со Библијата. Тоа дека создателот постоел пред сè, прво не можам да го земам здраво за готово само бидејќи се наоѓа во Библијата бидејќи нели правиме објективен осврт на темава. А второ, дури и да го земев, пак ќе има проблем бидејќи и она постоење пред сè мора да се објасни ако веќе сме тргнале да објаснуваме работи. Не можеме тука баш да застанеме. Кога збориме за докази секако. Aко збориме за лична исполнетост, задоволство и слично можеме комотно да застанеме и да прифатиме дека Бог постои по дефиниција, како што многу луѓе прават. Ама не е поентата на дискусијата. Тоа беше чисто за илустрација. Јасно ми е мене дека луѓето имаат сентиментална поврзаност со Библијата ама објективно гледано, тука завршува и нејзината специјалност. Баш единствената разлика меѓу Библијата и другите антички дела кои исто така содржеле полу-реални случки и полу-реални ликови е токму тоа - сентименталната важност. Ама сентиментална поврзаност со книга не е доказ за ништо што се дешава во таа книга и тоа е тоа. Па да, децата се раѓаат со интринзичното чувство на морал кое го спомнав и во претходниот пост. Е сега ти викаш Бог им го дал, јас викам го наследиле од нивните предци преку природна селекција. Кое е пологично, публиката нека одлучи. Повторно, тоа што го спомнав на почеток. Збориме за докази за Бог, црно на бело, нешто што не може да биде побиено, ниту поинаку интерпретирано, ниту двосмислено. Знам јас дека тебе не ти се битни такви докази за да веруваш. Ти го осеќаш во душата срцето итн. Ама мене ми се битни. Осеќање не е доказ. Ти слободно можеш да веруваш без докази и за тебе тоа може да е посилно од сите други работи што ги спомнавме, ама јас не можам, и не сакам. И не барам начин да поверувам, чувствувам дека морам да го потенцирам ова бидејќи секогаш дискусијата завршува со отвори го срцето.
Дискусијава не заврши така, јас ти дадов совет како да дојдеш до доказот и после промените во твојот живот што ќе следат и во самата себе ќе ти бидат црно на бело доказите
Поентата на споредба со популарни книги е да се покаже дека книга сама по себе не значи ништо.Библијата е збир од многу различни написи пишувани од различни луѓе.Кој ти гарантира дека не се извадени од контекст, измислени или погрешно преведени? Скриени текстови или намерно погрешно напишани?Препишни од антички книги?Можеби и работите се точни, можеби не се. Библијата е пишан израз на религијата, не нејзин доказ.Не може сама по себе да се земе за апсолутно точно и како доказ кога се води дискусија.Секој приврзаник на некоја религија тврди дека вистината се наоѓа во неговата книга, што кога го гледаш од страна е апсурдно.
Ептен би сакала да знам дали има Бог, или нема. Ама сега-за сега, немаме доволно докази за да го потврдиме неговото постоење. А не верувам во нешто, што не може да биде докажано. Барем не на таков начин како што е опишано во религиозните книги. Повеќе ги рачунам за митови. Спиритуалноста е индивидуално чувство за себепоимање и поимање на светот околу тебе. Апсолутно тврдам дека не треба да има 'универзални' религии, бидејќи сечие искуство е различно. Сите поинаку доаѓаме до 'Бога' и сите поинаку го доживуваме.
Јас разбирам што е поентата на споредбата ама убаво е да се слушне на кое ниво е оваа споредба. Ко што кажав погоре Исус е историска личност и неговото постоење е прифатено како факт и библијата споделува сведоштва за него...пак во врска со доказите, јасно ми е дека умот бара црно на бело, јас како бивши спиритуалист имав голема потреба од такви докази и погоре преку давање совет ви пренесов како стигнав до тие докази.. Мнг ми е јасно дека мојот живот е само мој личен најјасен доказ за неговото постоење, и за истиов доказ се сведоци мојата фамилија, моите најдобри другарки и споругот и неговатс фамилија. Јас сум исто така сведок на мојата другарка што Бог стори со нејзиниот живот па ете тука сум да го славам и да споделам дел од патот...се најдобо
постои и таа школа, што не ги признава историските факти за Исус. Пишете ми порака ако ве интересира историски книги за неговото постоење, ќе споделам
на нет 90 посто го негираат неговото постоење, мнг атеисти и спиритуалисти се поактивни на нет кога станува збор за споделување на нивното гледиште и негирање на христијанската вера, барем тоа ја сум сретнала, укапирала. Можда грешам, не сум сигурна
Верувам со целото мое срце и душа која му припаѓа нему. Знам дека Исус е мојот спасител и тој е секогаш покрај мене да ми го покажува патот. Тој управува со моите мисли и чувства. Го имам почувствувано неговото присуство насекаде и во секоја прилика и сфера секојдневно. Тој ми помага секогаш кога треба да донесам одлука. Никогаш нема да го заборавам денот кога за прв пат имав целосна доверба во него и побарав нешто кое беше неизводливо за мене во тој момент, но не знаев дека за него ништо не е невозможно. Тој направи се што барав да се исполни за три дена преку друга насока која ме направи многу помудра и попаметна личност.
Верувам, како стареам се повеќе. Има луѓе и без да веруваат во Бога се добри луѓе, не мора да значи некој ако не верува дека е лош човек и обратно, дека ако верува е добар човек. Мене вербата во Бога ме направи добар човек. Толку добрини имам направено оркако почнав да верувам и тоа ме тера да се чувствувам убаво. Вербата во Бога многу ме промени. Не судам никому. Иако не се согласувам со се што е неконзервативно, јас имам разбирање и подржувам секој што не му прави на друг штета (хомосексуалци, трансџендери, атеисти). Никогаш не колнам никого, не му мислам никому лошо Многу одамна ми се има случено да колнам луѓе што ми имаат згрешено и баш тоа ги снајде тие што ги колнев. Потоа се чувствував многу лошо и ден денес се каам за тоа. Ако несакајќи направам да некој се чувствува лошо заради мене, се убивам од плачење. Скоро беше, не забележав дека колешката моја нема што да јаде. Ми велеше за една храна секој ден да не ја фрлам, јас викав ај ма ова суво е веќе ни кучиња не го јадат. Кога забележав дека за месец дена ослабе премногу, ја прашав што и е, ми рече дека немала што да јаде. Си го вратив филмот и со денови носев грутка во градите. Кога бев атеист, баш ме болеше кој што има да јаде, си велев, кој што си надробил нека си срка. И откако повеќе почнав да верувам, секогаш ама секогаш ми биле сите врати отворени. Моите блиски дури се чудат како тоа мене секогаш ми се "местат коцките". Така уствари и почнав да верувам. Имав на два пати неизлезни ситуации, бев лута на Бога, отидов во Црква само да Му кажам колку сум лута. Одма после тоа се чувствував посмирено, а и за чудо проблемите се решија. Пак да повторам, ова за мене си пишувам, не општо. Има луѓе и без да веруваат во Бога се добри, човечни, едноставно така се родени.
Напротив, за Исус има многу пишани историски докази, не само од христијанските извори, туку и од нехристијанските, па дури и од тогашните непријателски извори. Исус е спомнат и во грчките и во еврејските и во римските историски извори. За Него има многу повеќе докази, отколку за многу други антички историски личности.
Не сум чула. Она што сум гледала/читала, знам дека не нашле доказ дека е историска личност. А знам дека активно се истражува.
За Исус и јас знам дека нема ,а за Мухамед има,мислам дека дури и во Медина каде е погребан има зачуван прамен од коса ,така еден археолог ми кажуваше.
Еве повели читај. Ова е една моја семинарска работа под наслов „Историчноста на Исус“. https://apologetika.mk/istoricnosta_na_isus/