Дај ми валиден сајт. Не твојот. Не сум знаела. Ама и понов е Исламот. Пред 2 илјади години колку луѓе знаеле да пишуваат и кој запишувал?
Што подразбираш под „валиден сајт“? Ова е текст од семинарска на теолошки факултет (во Осјек, Хрватска), оценета со 10ка, од професор доктор по теологија. За секоја информација најдоле имаш фуснота со извор од релевантен секуларен (независен) извор - повеќето се дигитални библиотеки на реномирани универзитети. Што повалидно може да биде од тоа? Еве не мораш моите коментари да ги читаш, читај ги директно изворите од секуларните библиотеки https://apologetika.mk/istoricnosta_na_isus/
Па и затоа попрогресивно се ширел Исламот затоа што постојат повеќе докази за пророкот. Во христијанствово самите се контрадикторни, на шест места во храмови тврдат дека го поседуваат пехарот од тајната вечера и сите тврдат дека кај нив е вистинскиот. Иначе во контекст на муабетов има една интересна книга ,,quo vadis,, го прикажува зачетокот на христијанство во Рим за време на владеењето на Нерон.Постаро издание е ама вреди да се прочита.
Ако нешто ме научи моето 9 годишно присуство на форумов е тоа дека ако некој не сака да верува во нешто, тој/таа ако треба и главата во песок ќе ја стави, само за да си остане на своите убедувања Еве на пример каде римскиот врвен историчар Корнелиј Тациј го спомнува Исус и христијаните: http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus:text:1999.02.0078:book=15:chapter=44 Да ти преведам: „Императорот Нерон ја насочи вината и им нанесе екстремни мачења на една класа луѓе омразена заради нивните гнасотии – наречени христијани од народот. Христос, од кого поттекнува нивното име, претрпе екстремна казна за време на владеењето на Тибериј под власта на еден од нашите прокуратори Понтиј Пилат. Па така, запрено за момент, ова опасно суеверие повторно почнало да се шири не само низ Јудеа, изворот на злото, туку дури и до Рим… (христијаните) беа изложени на потсмев од секаков вид како додаток на нивната смрт. Беа облекувани во кожи од животни и растргнувани од лавовите и погубувани, или распнувани на крстови, или спалувани на клади и служејќи како светилници во ноќта кога дневната светлина ќе ја снемаше.“ Значи ова не е цитат од мој сајт, туку е од дигитална библиотека. Аналите на Тацит ги имаш и на македонски јазик во книжарница Три.
Го прочитав оригиналот. Не ти вервам тебе Не знаев дека имало записи со имиња. Што се случи со таа наметката на која има отисок од лице, кај што се распаѓало телото? Знам дека некаде е изложена, ама докажаа дека е на Исус, или појма немаат?
Има илјада верзии за Исус и Бог. Постои верзија која вели дека постоел, поради мноштвото записи. Постоел но, бил производ на технолошки напредна интелигенција прокреатори.
Не, не верувам. Се додека верувањето дека Господ постои е базирано на фантазија а не факти, нема да верувам.
На прашање не се одговара со прашање. Какви факти тебе ти требаат, тоа прашав, немам намера да те убедувам. Оти поентата на религијата е да се верува, да се доживее, да се осети духовно, ако е нешто опипливо и видливо нема да се верува туку ќе се знае.
Многу точно. Јас го чувствувам. Се осеќам среќна и исполнета. Животот на Бога му го препуштам и целите мои маки и тежини.
Било какви докази дека Господ постои ќе ме убедат. Пошто моментално нема никакви. Со среќа во верувањето во имагинарен чичко на небото. Туку, ако Господ е голем и заслужен за сите добри нешта, нели би било логично дека е заслужен и за сите бебиња и деца што секојдневно умираат од х причини. Зошто тој Господ не ги спречи сите семејни насилства, сексуални насилства од родители на деца и сл. Или не важи за нив тоа?
Јас така се осеќам за мојот 'Бог'. Природата. Ја чувствувам. Се осеќам среќна и исполнета. Животот нејзе и' го препуштам и целите мои маки и тежини.