Твое право е да си ги затвориш очите при докази и да не веруваш со стотици години научни истражувања и докази за Big Bang. Ајде сега ти прати ми докази за постоењето на Господ. Макар било и 6 пати помалце од ова што јас ти го пратив.
Big Bang Theory, е само теорија. Благо кажано ништо конечно не знаеме за универзумот. Така да полека со фактите, од двата аспекти.
Биг Бенг теоријата е поткрепена со милион повеќе докази отколку теоријата дека господ едноставно постои и сите треба да веруваме во тоа без никакви прашања.
Се согласувам, ама не е конечна. Нови теории излегуваат и ќе излегуваат, така да не може да тврдиме нешто со сигурност кога не е сигурно. Исто и со религијата.
Дали знаеш дека основачот на теоријата за Big Bang бил христијанин? Toa e белгискиот физичар и свештеник Жорж Леметр. И дали знаеш дека првите противници на оваа теорија биле токму атеистите бидејќи „универзум што има почеток“ им звучело многу „библиски“ А секако, самата теорија повлекува и други прашања во дискусијата: Што постоело пред тој почеток? Од каде дошла целата таа материја и енергија? Може ли да има последица без причина? Која или што била причината за почетокот? Дали таа причина е пред времето и пред просторот? Дали е трансцедентна, натприродна? Особено „трн во око“ им било тоа што основачот на таа теорија – Леметр - бил христијанин, па, веројатно мислеле дека тој е пристрасен бидејќи ова тврдење се поклопува со библиското гледиште дека универзумот има почеток.
Те разбирам. Не велам дека ова со Биг Бенг што сега го знаеме е апсолутна вистина. Но, како што кажав, научните докажувања засега се убедливо на страна на Биг Бенг, споредбено со скоро непостоечките поврзани со религијата. Јас одбирам да верувам во она што е докажано досега и затоа кажав дека се додека нема докази за постоењето на Господ, не верувам. Тоа што некои верници се навредиле од таа изјава - не е мој проблем.
Па не дека баш е докажано, издржано е според нашите закони кои ги знаеме. Да не одиме офф топик, но прочитај за No boundary proposal, според мене повеќе логика има.
Познатиот научник Стивен Хокинг во неговиот бестселер „Кратка историја на времето“, вели: „Ако брзината на експанзијата една секунда по Големата експлозија (Big Bang) би била помала за само сто илјади милиони милионити дел, универзумот би колапсирал пред да ја достигне денешната големина.“ Значи прецизноста на експлозијата е со осетливост од: 0.00000000000000001 Имајќи го предвид само овој факт, а има повеќе, јасно се гледа дека зад Big Bang стои Бог, Создателот на Универзумот.
Или квантната физика. Тоа е од наша перспектива за инстинктивно разбирање на времето. Универзумот 'не знае' за нашиот концепт на време.