Во физиката не постои времето, онака како што го перцепираме ние инстинктивно. Нашиот биолошки часовник и климатските промени на местото каде што живееме се причина зошто мериме време. Во физиката просторот и времето се еден параметар. Не се башка. За нас едно е простор, друго е време.
Да де знаме за spacetime.Не сфатив зошто го спомна тоа и квантната физика во контекст на цитатот од Евангелос?
Затоа што спомна време и колку мал дел од секундата би го променил целосно изгледот на универзумот. *Тоа го кажа како доказ за Бог. А не е. Само probability е
Не е. Се' е веројатност. Според квантната физика де. Теоретски, сите можни верзии на Биг бенгот се веќе случени и сите можни верзии на универзумот, веќе постојат. Ние сме само производ на оваа верзија на Универзумот.
Океј има логика.Не ја исклучувам можноста. Ама пак нема контрадикторност со истовремено постоење на гсопод/создадетел/извор whatever.
Верувам. Многу пати во животот ми се потврдило дека има Господ. Во најтешките моменти ме нема оставено, и кога сум се чувствувала изгубено, ми го покажал патот. Бог го носиме со нас, и секој се поврзува со Него на индивидуален начин. Мене не ми треба доказ, за да ја почувствувам Неговата љубов и милост. Ве читам и се чудам, каков доказ е потребен... Мислам дека е некоректно да се даваат невкусни коментари на темата. Кој не сака да верува, кој одлучил дека нема да верува, не мора да конентира на тие кои веруваат.
tolku ima nepravda, taga, bolka vo svetov a vie ne ubeduvate deka ima gospod. pa kade e da go sopre ova ludilo što vladee so stoletija ?
Столетија? Ќе да е повеќе од столетија, се е одраз на што сме посеале ние или нашите предци тоа добиваме денес. И единствената цел е да имаме искуства, како ќе се носиме со нештата и тн., колку и да звучело како клише, на крај се е за наше добро, само тоа човек кога поминува низ бури и премрежја не е видливо баш. А дека Бог постои, о,да, постои big time. Само Бог е над сите, луѓето се сите исти. И кога ќе се навратиш на сите премрежја што си ги поминал, ако си бил свесен во еден момент барем натаму низ животот ќе увидиш дека можеби нешто, некој те предупредил ама ти не си послушал, си морал да научиш и да минеш низ тоа, а Бог е тука да те помага ако и сам се потрудиш, ама само ако се потрудиш.
Зошто би требало Господ тоа да го сопре кога не го создал тоа Тој? Лудилото го создале од Бога одметнатите души кои подоцна станале луѓе. Луѓето се тие кои треба да го преобразат злото во добрина. Бог не се вмеѓува туку само опоменувал и опоменува преку своите гласници на светлината (вистинските Божји пророци) низ кои ги дава поттиците и чекорите како би требало нешто да се направи. На пр. Десетте Заповеди и Беседата на Гората. Но ако луѓето тие совети ги отфрлаат, тогаш не може да се очекува да настане промена, и за тоа не е виновен Бог, туку самите луѓе кои постапуваат спротивно на добронамерните совети. Но и искуствата треба да служат за некаква цел, зарем не? Јас тоа го разбирам вака: Целта е нашето враќање во вечната Небесна татковина, духовниот космос од каде некогаш многу одамна по сопствен избор сме отпаднале. Се согласувам дека сè е одраз на она што некогаш сме го посеале, вклучувајќи ги и нашите предци - особено ако знаеме дека честопати ние сме всушност самите наши сопствени претци чии души се враќаат низ смената на генерациите во нови човечки тела и ги доживуваат плодовите на своите некогашни сеидби кои не биле правовремено окаени и исчистени преку простување, молење за прошка и поправање на стореното.
Порано верував но откако почнав многу повеќе да истражувам дојдов до заклучок дека религијата е едно од најголемите"зла" на светот. Затоа што религијата ги учи верниците на страв на пекол . Религијата исто така ги врти луѓето едни против други. Колку само војни има започнато поради религија. Колку одземени животи во име на таа "религија". Религијата е само инструмент користен за да се контролира општеството. Светот би бил многу поубаво место доколку би немало религии.
тоа е додуша точно, но нема никаква врска со Господ. Исто како што има бројни партии кои во своите имиња го содржат зборот „демократска„ но не мора да значи дека се навистина демократски. Од друга страна само затоа што тие го злоупотребуваат терминот демократија, тоа не значи автоматски дека демокаратијата е нешто лошо или дека воопшто не постои. Религиите ги создале луѓето, но Господ егзистира независно од религиите. Како што вели еден слоган: Бог ДА, црква НЕ!