Во глобала точно, но не во целост. Има разлика од вера до религија како што имаш разлика од верник до верник. Не дека е невозможно да се манипулираат луѓето преку религијата, но ова повеќе го препишувам на наивноста на добар дел од населението. Ретко може да се најдат луѓе со соилидни познавања кои прават разлика во поимите како вера/црква/Бог/енергија/(па дури и) агностик итн. Многу често Бог го исповетуваат со енергија и натприродни енергични појави, па дури и со случајности. Многу грешна терминологија за жал. Светот ќе е поубаво место за живеење, ако нема луѓе што првенствено мислат за сопствена корист. А вакви секаде ги има, па и во цркви.
Jas iskreno veruvav. Imav mnogu teski momenti vo zivotot i nikogas ne izgubiv nadez vo nego. No sto se sluci, koga imav 18 godini slucajno zapoznav eden covek koj se razbira vo astrologija no ne se zanimava so toa. Go zamoliv na shala da mi pogledne vo natalna karta i mi go rece slednovo: ti ke imas pari, i toa koga najmalku ke se nadevas, parite ke ti idat od stranstvo no nema tamu da zivees. Maz ti ke bide postar od tebe. Sega imam 27 godini,maz mi e 34,najdov slucajno eden oglas na internet i dobivme rabota za americka kompanija, jas bez nikakvo iskustvo stanav broker. Mi tekna na ova predviduvanje i se naeziv. Neli hristijanstvoto zabranuva astrologija i gatanje, toa e grev. Se zaprasav dali namerno e kvalifikuvano kako grev za da se skrijat nekoj raboti od nas. Tamu postoi vo astrologijata i karma i reinkarnacija. Ucenjeto za reinkarnacijata e mnogu postaro od hristijanstvoto. Kako tie luge dosle do takva ideja, dali ima navistina nesto, drugo sto ne mi e jasno ako znae nekoj da mi odgovori, sum gledala na internet na youtube slucaevi na luge sto se sekavaat na prosliot zivot dodeka se deca, i sum gledala luge sto ne se bile hristijani, krsteni, posle klinicka smrt se vratile i opisuvaat ubavo svetlo mesto. Dali samo nie krstenite odime vo rajot a site muslimani, hinduisti, kinezi, budisti i pola zemjina topka ke ide vo vecnata lava ili pekolot. Pa prekrasni lugje ima od site veri i rasi. Drugo nesto sto mnogu me kopka, zosto ako bog navistina postoi kako sto ni propovedaat nasite popovi za pekol, a tie ziveat najraskoshen zivot so vili so bazenti bez nikakov strav od nego, ste se zaprasale li?
Ѓаволот многу добро го познава минатото, во голема мера може да ја предвиди или "направи" од иднината. Он се ќе направи само да не го бараме и да не го запознаеме Господ. Не постои пекол, не онака како што ни велат (Или премолчуваат вистината) поповите. Одговорите се во Библијата и нашиот разум, природата, совеста. Долга е темава
Covekot rabotese so program za astrologija so algoritmi na tablet, ne zboruvase so nikakvi demoni. Btw ako ne postoi pekol, sto postoi za "gresnite"
Не верувам, ама верувам дека со светот владеат луѓе кои веруваат и се масони и разни други окултисти.
Откако од светов замина една важна личност во мојот живот не знам дали уште верувам, не ни размислувам од тогаш.
Исто како и за 'безгрешните' Ништо. Памтиш како ти беше пред да се родиш? Е така ќе ти е и ко ќе умреш.
Господ не го создал ова лудило за тој да го спречи. Тој на сите ни дал памет и слободна воља. Неправдата што се случува, за тоа не е виновен Бог. Тоа да ги прашаш светските сили (на запад што се), зошто се случува неправда. Да не беше нивната злоба, немаше вака да биде. А, поголемиот дел од народот е за ќотек што клима на сите наредби од запад. Сите таги и болки се само од злобниот човек. Се' додека главите на државите и светските сили си купуваат најскапи модели на автомобили и што и да посакаат, со парите на народот, секогаш вака ќе биде. Исто така и за короната не е виновен Бог. Короната е вештачки вирус изработен од злобен човек во лабараторија, за да не' натера сите да бегаме од Бог, мислејќи дека не сака да не' заштити. А, имам едни читано како даваат "аргументи" дека Бог не постои кога не не' заштитува од короната. Па, да се изложувам на ризик да се заразам, а притоа да мислам дека Бог ќе ми помогне да не се заразам, е исто како да возам кола без кочници и да кажам 'ај ќе помогни Бог, нема да треснам во некоја бандера'. Бог ти дал ум за прво сам да си помогнеш, па Бог да ти помогне. Не се обидувам да ти го наметнам моето мислење. Кога веќе постави прашање, еве јас ти одговорив. Се надевам мојот одговор го задоволи твоето прашање.
Не. Не се сметам за lucky особа, никој не ме заштитил и не ми помогнал кога ми требало нити ги добив преки молитва на готово убавите работи што ги заслужувам за да верувам дека невидливо битие се грижи за мене и ме чува. Се што постигнав сама на себе си го должам за трудот, а тоа што уште не го постигнав се должи на многу лоши околности.
Бог со големо Б сигурен сум дека нема. Посебно не христијанскиот или монотеистичкиот бог. Бог со мало б може да постои. А дали треба да му се верува тоа не знам.
Големо Б е Јехова а мало б е Зевс. Обично кога се зборува за Бог се однесува на Јехова и монотеистички богови. Кога е бог мало б тогаш може да е било кој, Зевс, Кришна, Ра итн. Дури и насловов Господ се однесува на Јехова или тројство зависи. Зошто едно од имињата на Јехова е Бог. Голема буква бидејќи е лично име.