Јас сум убеден дека Бог не постои. Сега ако има некои други моќни суштества на други планети кои се богови со мало б можеби. Но знам дека неможе да се комуницира со Бог и богови сега за сега така да целите монотеистичките религии се бесмислени и не точни. Политеистичките веруваат во погрешни богови така. Јас единствено ценам Будизам само тоа е практична и делумно логична и точна религија. Не се декларирам како Будист но верувам доста во учењето на Буда. Буда не бил ни Бог ни бог така да во принцип сум атеист.
Кој е Јехова? И зошто само тој е со големо Б? Кришна и Зевс се врховни богови во своите религии. Хиндуизмот не е монотеистичка религија? Бидејќи и тие имаат врховно божество кое владее со универзумот.
Јехова е отецот во православното христијанство од светот тројство. Различни христијански религии различно го толкуваат но принцип Бог со големо Б е христијанскиот бог. "Бог" е лично име на христијанскиот бог. Друго име му е Господ.
Сигурен сум дека Бог постои и се пројавува на неколку главни начини, тоа е друга тема. И една главна разлика има што само Христос е Оној кој воскреснал, ја победил смртта и дава живот. Другите религии го немаат тоа.
Јехова е таткото, а заедно со синот (претпоставувам Исус) и светиот дух заедно се Бог? Или како? Бог и Господ не се описни именки? Алах во превод не значи Бог? Муслиманскиот и христијанскиот не е истиот бог - богот на Авраам и на цар Давид? Не е само Христос. Воскреснале и Озирис, Тамуз, Адонис, Дионисиј и тн. Всушност Озирис не само што воскреснал туку и се вознел на небото. Кришна исто така откако бил убиен, воскреснал и се вознел на небото. Тамуз бил убиен и боговите го воскреснале, се вознел на небото и станал бог. Повеќето од нив воскреснале на пролет.
Ќе треба да прашаш некој друг но знам дека тие работи се разликуваат од христијанска до христијанска секта. Само знам дека Бог е името на христијанскиот бог. Е сега свето тројство, ислам па и јудеизам не знам точно што се и детали за имињата на бог(овите).
Ова се лажни информации кои поттекнуваат од Copycat теоријата која неосновано тврди дека христијанството е копија на претходни пагански религии, што кај нас се промовираше преку документарецот „Zeitgeist“. Велам неосновано, бидејќи уште во старт беше демантирана оваа „теорија“, поточно режија на приказни, намерно изрежирани за да си ја оправдаат првичната теза. За многу од тие приказни нема автентични историски извори, многу од нив имале една верзија, а откако христијанството се раширило и станало популарно, самите приказни попримиле примеси од христијанството. А некои сличности едноставно се неизбежни, и ќе ги најдеме ако споредуваме кои било две поголеми книжевни дела кои користат наратива. Еве, на пример Кришна. Иако критичарите тврдат дека Кришна бил распнат, такво нешто нема во хиндуистичките текстови. Напротив, во нив точно е наведено како умрел Кришна: Кришна медитирал во шумата и ненадејно бил погоден со стрела во стапалото. Критичарите се обидуваат да ја развлечат оваа приказна (на хумористичен начин) и тврдат дека стрелата што го погодила Кришна на стапалото го заковала на дрво и на овој начин го распнала. Тие исто така посочуваат на сличноста помеѓу раната на стапалото на Кришна и Христовите прободени раце и нозе. Ако некој резбаќи ги своите иницијали на некое дрво не сакајќи си го забоде прстот, зарем можеме да кажеме за тој човек дека бил распнат? Смешки. Оваа приказна има поврзаност со смртта на грчката митолошка личност – Ахил, кој исто така бил застрелан со стрела во петата. „Бесниот стрелец, по име Јара, дојде таму, посакувајќи елен. Стрелецот, промашувајќи (го Кришна), кој беше протегнат на земјата во висока Јога, за елен, го прободе во петата со стрела и брзо дојде до тоа место за да ја фати жртвата.“ (Mahabharata, книга 16,4) Потоа, велат дека Кришна бил во гроб три дена и потоа се појавил жив пред многу сведоци. Нема ниту еден доказ кој го поткрепува ова тврдење. Напротив, извештајот вели дека Кришна веднаш оживеал и зборел само со стрелецот простувајќи му за неговото дело: „Тој (стрелецот) го допре стапалото (на Кришна). Оној со висока душа го успокои и потоа се воздигна нагоре, исполнувајќи го целото небо со блесок… [Кришна] ја достигна својата незамислива област“ (Mahabharata, книга 16,4) И не можеме да избегаме од фактот дека човештвото од секогаш копнеело по вечен живот. Смртта е неприфатлива за нас и луѓето ја гледале како најголемиот непријател. Нашиот копнеж за вечност ни кажува дека човечката душа е создадена за вечност, а смртта е натрапник. Па затоа и во многу митологии го гледаме тој копнеж за живот по смртта. Но само за Христос ќе најдеме историски докази дека тоа навистина се случило. Христос е исполнување на тој вечен копнеж на луѓето да ја победат смртта.
Докажан факт од историчари, археолози, записи.... Цитирани студии има во повеќе документарци, не само "Zeitgeist". Светот не почнал од 3тиот век кога почнува да се шири христијанството, и тоа е докажано милион пати.
Исус се раѓа, делува, умира и воскреснува во Јудеја, која во тоа време е под Римско владеење. Затоа, покрај библиските записи, има кратки записи за Исус и во еврејските записи (пр. Еврејските старини од Јосиф Флавиј, во Талмудот). Се спомнува и кај римските историчари како што се Корнелиј Тацит (кој бил римски сенатор и врвен историчар), Плиниј помладиот, Гај Светониј Транквил (овој бил приватен секретар на римскиот цар Адријан), Целзо, Луциан, понатаму и кај Мара Бар Серапион, Галениј. Понатаму Исус е спомнат и од вон-библиските ранохристијански писатели како: Климент Римски, Пастирот од Хермас, Игнатиј, Поликарп, Папиј, Маркион, Јустин Исповедникот, спомнат е и во Диатесаронот, Муратовиот Канон, Дидахето и други од 2ри век. Мене ми се најинтересни нехристијанските извори за Исус. Нормално дека кај нив нема да најдеме запис дека Исус бил виден воскреснат, бидејќи доколку авторот знаел за такво нешто, тој немало да остане нехристијанин и ќе станел и тој Исусов следбеник нели. Но сепак го потврдуваат Исусовото распнување, за тоа дека нешто драматично се случило кратко по Исусовата смрт - нешто што допринело за брзо ширење на христијанството, а сведочат и за маченичката смрт на првите христијани кои сведочеле дека Исус воскреснат и не се откажувале од тоа сведочење дури и по цена на нивните животи. Еве овде зборам за моите три омилени докази за Исусовото воскресение: https://www.instagram.com/p/CcvZ8-yj-co/ А ако те интересира темава и сакаш баш да видиш цитати од историчарите од 1-2 век, еве ти малку подолго видео (11 мин) https://www.instagram.com/p/COYrMS4DE7C/
Логика, наука и Библијата. Не е логично само по себе т.е. од чисто филозофско дидактички аспект плус и во Библијата има апсурдни, контрадикторни и неточни работи. Според тоа Бог не постои или барем тој бог за други не знам детали.
Ако беше така, тогаш немаше да има научници кои се христијани. Но тие се мнозинство меѓу научниците. Околу 65% од сите Нобеловци по физика, хемија и медицина се христијани. Атеистите се околу 2% Оваа статистика е од книгата „100 years of Nobel Prizes“, од Baruch A. Shalev.
Мислам дека тоа е друга тема. Ги има многу...сум ја прочитал 2 пати цела и преполна е со такви работи. Сакав да станам христијанин но одкако почнав да ја читам заклучив дека не е тоа за мене и дека не можам да верувам во тоа. Едноставно е спротивно на здрав разум и мојот морал. Така да останав атеист во последно време се занимавам со Будизам не верувам и знам дека има работи кој се неточни и во таа вера но најмногу ми одговара од сите што ги знам и во најмногу работи верувам дел се чисто субјективни а дел и објективни. Така да...би зборувал детално за Библијата но мислам дека ептен би затупеле.
Сум ја анализирал стих по стих само на првата страна има десетици проблеми, неточни работи, контрадикции и апсурди едноставно има најверојатно илјадници проблеми со неа. Мислам дека е предетално за вака кратко. А има и проблеми и од морален аспект.
Aко анализите се само ваши размислувања без историска или морална позадина за тоа време и свет, нормално е нештата да не ви се логични. Ако ги проширите видиците и погледнете интердисциплинарно, поинакви заклучоци ќе се добијат.