Ти благодарам за исцрпниот одговор. Те имам забележано и порано по социјалните мрежи, не знаев дека си истиот. Се согласувам со тебе дека се поинтересни, а можеби и многу поважни нехристијанските извори за Исус, бидејќи нели, помала е веројатноста дека се импактирани од самата христијанска религија и убедувањето на писателите. Постоењето на Исус не мислам дека е толку историски дискутабилно. Како критичко мислење, сакам да напоменам дека и Тацит и Јосиф Флавиј записите за Исус ги запишале 80тина, односно 50тина години по смртта на Исус (што не мора да значи дека записите се помалку вредни, но сепак треба да се земе предвид). Тацит го спомнува Христос како човек од кој потекнало христијанското движење, и е можно само да го запишал објаснувањето кое христијаните го имале за своето постоење. Од друга страна, како римски сенатор, да речеме дека имал пристап до одредени документи 80тина години од случувањата во Ерусалим. Така да, не е тешко да се прифати како историски документ. За Јосиф Флавиј има доста да се каже. И јас од него би ги спомнал Еврејските старини бидејќи се спомнува Исус брат му на Јаков и неговото судење пред синедрионот. Но морам да забележам дека ниту едниот го нема спомнато воскресението. "Флавиј" го има спомнато во Тестимониумот. Флавиј во наводници бидејќи не постои научна согласност дека тој е вистинскиот писател на делото. Показател за тоа се отстапките од неговото вообичаено пишување, и има христијански призвук. Како за човек кој бил под влијание на фарисеите, сигурно немало да го прифати како Христос, а во делото „го направил тоа”. Како Евреин, пак, не би го нарекол Христос (грчки) туку Месија (еврејски). Има уште неколку работи кои го прават ова дело дискутабилно. Се на се, може слободно да се претпостави или тврди дека Исус постоел, бил суден и бил убиен. Но историските докази за него се сведуваат на овие три факти. Понатаму, не можеме да тврдиме ништо околу неговиот живот надвор од информациите кои ни ги дава Новиот Завет на чии темели се заснова христијанството, па оттука може да се претпостави и зошто тврдењето дека сето тоа се факти наидува на критичко мислење од страна на сите нехристијани во светот. Исто како што еден христијанин може критички да размислува и дискутира од страна, кога набљудува друга религија. Од друга страна, воскресението, доколку се случило, верувам дека би било нашироко напишано надвор од Новиот Завет. Освен тоа, зошто самиот Исус би сакал да се изгради мистика околу него, кога целиот живот бил отворен, објективен и не се криел дека прави чуда. Освен тоа, и според самиот нов завет, Исус по воскресението им се појавил на учениците во различни облици - тела. А не во своето претходно, за нив веќе познато. Јасно ми е дека во религијата и тоа си има свое значење, но сепак, набљудувано од страна не е вистински доказ дека тој воскреснал, напротив, отвара многу скокотливи прашања. Сакам да кажам, на премногу различни „земни” начини може да се објасни мистиката околу неговото воскресение. Затоа и сметам дека верниците и не треба да бараат историски и материјални докази за својата вера. Бидејќи верата е буквално тоа, да веруваш дека нешто постои или се случило, иако немаш докази (како што ќе цитирам и при крајот на моето мислење како одговор на наредниот цитат). Во спротивно не би било вера и верување, туку факти прифатени од пошироката популација. Религијата во принцип нема историска позадина. Има историски податоци дека луѓе во минатото го држеле или развивале верувањето (религијата) која некои ја практикуваат денес. И тоа е единствената историска работа која може да се докаже. Тоа поентата на верувањето, како што спомнав и претходно. Би сакал да го цитирам апостол Павле, кој во второто писмо до Коринтјаните, глава 5, стих седум, запишал: „бидејќи според верата живееме, а не според гледањето”. Оттука, верувањата не можат да се потврдат со историски опипливи и видливи факти или логичности, како што реков, ако можат - тогаш нема да бидат верувања. Ниту пак верата ќе биде потребна. Всушност, токму затоа е потребно одредено ниво на потесен видик кој ќе овозможи верникот да го игнорира непостоењето на доказите и да се држи само за верата. Така да, мислам дека токму кај повеќето верници фали поширок поглед кон историските и морални контексти од библиските времиња (ако сакаат). Не велам дека го отфрлам постоењето на некој кој не создал. Но сметам дека широкогледот и отвореноста кон научните природно-историски откритија, достигнувања и факти би ги извело сите верници надвор од архаичниста на религијата.
Бог е Бог. Еден за сите. Сите создадени од еден. Сите ќе се вратиме кај него. Тоа што луѓето се плитки и сметаат дека има мој Бог и твој Бог е смешно. Или карањето мојов е подобар од твојот. Секако, зборувам за монотеистички религии.
Некои историски работи во однос на човековиот развој (морална и здравствена деградација) не се како што се денес и затоа некои работи ви изгледаат како да немаат логика или се неморални. Многу општо напишавте, ништо конкретно, па и јас морам општо да напишам.
Вистината е апсолутна и една. Ако се вратиме на генезата на гревот ќе видиме дека сатаната го обвинува Бог дека им ја ограничува слободата и манипулира со созданијата. Од друга страна Бог не го уништува сатаната баш за да се открие вистината и праведноста. Дава слободна волја и објавува што ќе се случи ако тргнеме по гревот, а што по правдата. И тоа се гледа ни целата историја дека еден лаже и обвинува, а еден дава слободна волја и предупредување. Затоа верувам во Бог кој е вистина и не е лага.
Никаква, Јахве/Јехова е само еврејско/семитско име за(богот на громотевица и олуја )исто како Зевс,Тор и Перун. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Zeus https://en.wikipedia.org/wiki/Thor https://en.wikipedia.org/wiki/Perun https://en.wikipedia.org/wiki/Yahweh Приказната за The teft of fire/light bringer или попознат на широката јавност денес како Луцифер. https://en.wikipedia.org/wiki/Prometheus Интересно во филмот Prometheus brought to you by Hollywood он е креаторот(као демек со големо К).
Индијското име е Индра а египетското Сет. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Indra https://en.wikipedia.org/wiki/Set_(deity) Исто друго(семитско) име за него е Баал(се случувало да постојат повеќе имиња за ист бог пр Бастет и Секмет Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Bastet )и бибилијата нема добри зборови за него за разлика од Јахве. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Baal Што отвара скокотливо прашање и дискусија: Дали Зевс,Тор,Прометеј,Хепаестус и самиот Јахве (старозаветниот бог, делумно) се всушност различни имиња за самиот Сатан? Eве интересна дискусија (со се коментари) Спојлер: .
Лугето што постираат на social media за господ или кога ќе има некоја трагедија у светов автобус запален, поплава или што и да е, ќе пишат дека господ нека е со нив, да им го осветли патот то рајот or whatever е многу cringe во моите очи. У една реченица, people are fucking nuts. Каде беше бог пред да се деси било која несреќа ? Или ако он не создал јако е што кога ќе умреме он ќе ни суди. Зашо да ни суди, затоа што сме фабричка грешка во неговиот дизајн ? Али низ годиниве сум дискутирал со хард кор верници и реално нема нзс да се најде. Пошо за се имаат flawed coping mechanism кој што психички ги прави да осеќаат комфорт. Не грижи се, господ има се под контрола П.с. не мора да ми реплицирате, немам намера да враќам, Just my 2 cents
Со други зборови Јахве и Баал се исто односно Бог и Сатаната се исто. Се се тоа различни имиња за буквално истиот бог,тоа ти е ко да пишеш не е Исус Jesus е(или Јeшуа).
Неможе на секое објавено видео да се верува или да е вредно за дискусија. Длабоки се темите и бараат длабоко истражување. Како и да е верувањето е лично, кој сака ќе верува кој не сака нема. Верата не се добива и не се расте со сила.
Па од каде ви се информациите дека се работи за исти Боф со различни имиња? Сатаната неможе да биде Бог, има контраст, борба меѓу добро и зло.
Цитирам мои мислења од 2013/2014 година кога бев... дете. Воглавно и се согласувам, дури изненадена сум што уште тогаш сум користела термини како „вибрации“ иако не сум знаела точно за што зборувам. Верувам во Господ. Не би го нарекла сила, едноставно се што е, е Господ. Ние сме Господ. Дека неверниците не се исполнети е тешка реченица, но има малку вистина, со тоа што не мислам дека мора да веруваш во Господ за да бидеш конектиран со Господ и да бидеш исполнет. Во смисла, затоа што моја дефиниција за Господ е многу секојдневна (љубов), верувам дека многу луѓе несвесно ја имаат таа „верба“. Не верувам во ѓавол. Верувам во конекција со Господ и дисконекција со Господ. Од второто произлегуваат злобните работи во светот. Убаво ми е да видам дека отсекогаш сум чувствувала нешто, и тоа нешто денес ми е многу појасно.
Според историските записи за митологиите на народите, што укажуваат на тоа дека се работи за ист бог (сега стриктно за старозаветниот Јахве и Баал збориме) со разни имиња низ различни митологии,а ако мислиш стриктно за прашањето дали Бог и Сатаната се исто да,дискутабилно е.
Значи вие верувате во некоја енергија, а не во личност. Во гените на секое живо битие има огромен број информации за размножување и живеење. Таа информација некој ја смислил, настанала во умот на неко интелигентно битие, значи личност, зашто информација не може да настане или да создаде енергијата, туку настанува во умот. Тој во кој настанала таа информација и ја внел во сите живи нешта е личност, односно Бог.
Да, не верувам во Бог како личност. Ако верувам дека се околу нас е Господ, односно ние сме физички дел од енергијата што е Господ, нормално дека се до најмалите делови во нашите клетки е перфектно и во хармонија. Пази, нашите (човечките) умови секојдневно создаваат интелигентни изуми со огромен број информации за да се функционира убаво до најмал детаљ. Таа „интелигенција“, инспирација, креирање го црпиме од енергијата што е во нас, од Господ, од изворот, од универзумот, односно тоа сме ние.
Таа информација да настане нешто мора да настанала во некој ум, значи личност. Умот во кој настанала првата информација е Бог. Нема почеток и крај, а човекот бидејќи има почеток и крај (условно) не може да ја сфати бесконечноста.