Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Може стварно биле Анунаките.
    Сепак, нивните плочи се постари од стариот завет, а зборуваат за создавањето на човекот и градината Еден.
    Who knows?
    Како може да се тврди со сигурност дека е христијанскиот Бог - Творецот?
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Иста ствар, Анунаките се само месопотамска верзија(и имиња)ништо друго. Ану врховниот бог е еквивалент на Уран/Каел,Еон,Kронос,Род и Один. И повторно се се тоа меѓу другото имиња за планетите и соѕвездијата кои биле нивните богови.

    https://en.wikipedia.org/wiki/Rod_(Slavic_religion)

    Нивниот Јахве/Зевс/Јупитер/Toр/Перун е Енлил.


    https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_Mesopotamian_deities
     
    Последна измена: 16 август 2022
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Сторијата за создавањето се пренесувала од колено на колено. Исто и за потопот има приказни на сите континенти, зашто копното порано било едно, споено и приказната се пренесувала исто од колено на колено.
     
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Е добро, нема везе тоа, ете онаа за Анунаките е постара.
    Генерално поинаку раскажана.
    Зашто стариот завет би бил поточен од сумериските плочи?

    А за потопот, убава е приказната, ама свесен си колку животни требало да влезат во арката на Ное?
    Физички невозможно е.

    Нејсе.
    Кога приказна се пренесува усно од колено на колено, не можеш со сигурност да тврдиш дека не е изменета, дека нема ништо додадено и дека нема ништо одземено.
    Веројатно и затоа толку верзии на исти богови и слични религиозни доктрини и идеологии.

    Според мене, ако постои Бог, дрскост е да се тврди дека една/некоја религија е исправна и точна.
    Особено пак, ако некој ова го тврди за својата.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.653
    Допаѓања:
    39.406
    Пол:
    Женски
    Ништо не мора. Многу ограничено размислување за тема што е без граници.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Имаме различни верувања и никогаш нема да се разбереме. :)

    Мене мислењето дека Бог е некој поинтелигентен од нас, семоќна личност над нас ми е апсурдно и не би сакала да верувам во такво нешто. Вербата во нешто треба да ти даде леснотија и утеха, не стравопочит за да се чувствуваш мал и немоќен и контролиран.

    Ќе споделам во спојлер како јас размислувам ако те интересира да прочиташ, инаку немам некоја желба да се докажувам за оваа тема.

    Не знам зошто „информација да настане нешто“ би морала настане во некој ум односно личност. Ние сме личности кои сме го креирале концептот за што значи личност. Мислам дека секој ќе се согласи дека на нешто величенствено како универзум повеќе му одговара поимот енергија, и во спиритуална и во научна смисла. Во спортивно, го сведуваме Бог на нешто толку стриктно човечко.

    За мене универзумот настанал за да се искуси себеси... нешто во смисла ако не постои лошо, не би знаеле што е добро (ама не е буквална метафора). Таа енергија добила физички облик за да биде нешто. Во спротивно не би било ништо, а никој не може да замисли што е тоа ништо. We are the universe observing itself. Светот е платно со една таква перфектна база на функционирање, ние сликаме со нашата слободна волја.

    И за крај, човекот нема почеток и крај. И науката го вели тоа со трансфер на енергија. Во спиритуална смисла, додека сме живи сме склоп на физичко и нефизичко. Кога ќе умреме сме нефизичко кое пак се експандира и со физичко. И така. Многу лесно да се сфати бесконечност кога сме самите бесконечност. :)
     
    Последна измена: 16 август 2022
    На theowndemon, Ajronmen и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Бидејќи Бог мора да биде совршен ( ако имаме во предвид се околу нас совршено создадено ).
    А единствено преку Исус ни покажува колку и човекот совршен можел да биде.
    И бидејќи Бог е навистина чиста љубов и сите сме делчиња негови, произлезени од него и со стремеж да му се вратиме.
    Онаа палета на богови од различни многубожачки религии е како театар да гледаш...насекаде страсти , не можеш да се истргнеш од нивните заврзлами ..:o
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Да совршен, кога ќе ја ставиш жената на страна ''кај што и е место'' или ја избришеш целосно од постоење. :D Maжиња take a note за патот до совршенството.

     
    Последна измена: 17 август 2022
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Ја за Бога,ти за човека :D
     
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Не бе и за Бога.:D Кај е жената на (твојот) бог? На Џизс исто?^_^
     
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Жена? Што има врска сега маж,жена ....Бог е Творец на се,се е во него...
     
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Ама најбитно е маж . :D

     
    Последна измена: 17 август 2022
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Океј ама убаво те прашува @INNERBEAUTY .
    Пошо е творец, зашо не ги создал мажот и жената рамноправни? Туку библиски жената е на пониско ниво од мажот...
    Или и тоа е совршено?
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Еве не разбирам што ви значи рамноправни....според мене секој со својата улога....не постојат ни две исти цвета....и така...
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Која е таа улога?
    Која е улогата на мажот а која е на жената?
     
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Ама поентата е што жената на Бог во библијата не постои, нема никаква улога...
     
    Последна измена: 17 август 2022
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Не те разбирам....тебе ти смета што Бог нема жена?....Па тој во себе содржи од се што е створено,секој од нас е негова искра....и мажи и жени...
     
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    И повторно се раѓа...
     
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.558
    Пол:
    Женски
    Епа во светот видиш постои, од кај му текнало да створи суштество жена ако не створил по негов имиџ?
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Не знам како можеш да веруваш во Господ дека е чиста љубов (за кое даде преубав опис, во што и јас верувам) и истовремено да тврдиш дека Господ поставува некакви улоги на луѓето, еве нема да го викам нерамноправност. Ако за Господ совршен свет е маж и жена со улоги како што пишува во Билбијата, доволно е моќен да створи таков свет каков што сака, а не да ни дава слободна волја. Не може Господ да е чиста љубов и да ни даде слободна волја ама да ни поставува правила по кои треба да ја користиме својата слободна волја ама ако не ја користиме како што треба ќе идеме во пекол. Чиста љубов не е одмаздољубива.

    Јас се согласувам дека мажот и жената си имаат свои „улоги“, ама не такви ко во Библија која проповеда нерамноправност. Тој баланс на машка и женска енергија не е нешто што може да се наруши со некакво однесување, едноставно природно постои без разлика на колку се „женствени“ некои мажи (whatever that means) и обратно за жени.
     
    На MissChievous, Mr. Scratch и Ajronmen им се допаѓа ова.