Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    За улоги кој ние садови а кој работи не знам.
    Според библијата глава на жената е мажот.

    Во Ефесјаните 5тта глава пишува: 22. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господа,
    23. зашто мажот е глава на жената, како што е Христос глава на Црквата, и Он е Спасител на телото.

    Значи жената треба да му е послушна и покорна на мажот ко на Господ.
    Понатаму продолжува текстот дека мажот пак, треба да ја сака жената како Христос црквата.

    Некако не е исто.

    Испаѓа жената е создадена да е помалку човек во однос на мажот. Пошо тој е послушен на Господ, ама жената послушна на мажот - ко на Господ. Како ќе рече тој, така ќе биде.
     
    На Srckata28 и Mr. Scratch им се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Кажи ми ти, која би требала да биде ?
    Кажи ми совршен свет кој постоел?
    Совршена религија...совршен божији скуп...смисла на постоење?
     
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Поголеми страсти, разврати и заврзлами од христијанскиот свет - ретко каде има.
    Нема што јас да кажам за другите.
    Смислата на постоењето секој сам си ја бара и наоѓа.
    А за тоа совршен свет - ако сакал Бог можел да го создаде.
    Совршена религија - ако сакал тој јасно можел да каже како сака да се обожава.
    Самата рече дека совршенството е кај него, не го барај од мене...
    Само, да беше совршена замислата на библијата - сега немаше да дискутираме.
     
    На Mr. Scratch и Srckata28 им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Твојот пост дека Бог е љубов, ми се допадна и ме испровоцира на одговор, инаку јасно ми е каде секогаш завршува се.
    Библијата е историја човекова,неговиот пад.
    Божјите правила не се толку лоши.
    Без слободна волја што сме?
     
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Немаш слободна волја ако резултатот од твоите желби и постапки е вечен благослов или вечна казна.

    Прилично црно бело е.
    Како е тоа слободна волја а не уцена?
     
    На Mr. Scratch и Srckata28 им се допаѓа ова.
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    @Ajronmen

    Јас никаде не напишав дека христијаните се најсовршени.
    Нити дека светот е совршен.
    За Бог зборував.
    Замислете што би било да не се случел првородниот грев....човекот е слаб,затоа и му е потребно да се потпре.
    Па кој на што сака.
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Христијани. :D
     
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Те уценува на што?На љубов?
    Или те учи дека постои духовен живот кој доаѓа после овој краток, земен и често мачен за многумина...
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Ќе ме натерате нова тема да отворам, ајде утре.:yawn:
     
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    :D

    Сепак мило ми е што напиша дека постои Творец и што за тебе тој е љубов.
    Да не цепидлачам повеќе :D
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Океј. Те сфаќам.
    Јас не зборам само за религијата или само за Бог. Зборам за двете, бидејќи се поврзани. Ама еве да ја тргнеме религијата настрана.

    Ама ајде те молам размисли.
    За првиот грев. Човекот е слаб сега, да, бидејќи е недовршен поради гревот. Ама Адам не бил слаб. Нели Адам бил совршен. Е сега, ако бил совршен - зошто згрешил?
    Од друга страна, ако е слободна волја во прашање, зошто луѓето да се грешни поради слободната волја на еден човек?

    Што значи, и за Адам било црно бело - ако не јадеш, све супер... ако јадеш - казна.
    Шо значи дека немал баш слободна волја да прави што сака - бидејќи последиците се поставени од интелигентно битие кое го создало.
    Тогаш, зошто Бог сакал да го искуша? Библијата вели дека Бог не искушува?
    Тогаш зошто ставил такво дрво во рајот? Намерно?

    Вака можеме да се вртиме во круг до недоглед.

    А за човек да се потпре на нешто што лично си верува - го поддржувам тоа. Очигледно повеќето мора да имаат "вера" во нешто.
     
    Последна измена: 17 август 2022
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Поарно не чепкај љубов...
    Двајца мажи или двајца жени што се сакаат ќе "завршат во пеколот" токму заради љубовта.

    Суеверијата не потекнуваат од љубов, туку од страв.
    Палењето свеќи и носење зејтин за простување на гревовите не потекнува од љубов, туку од страв.
     
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Уште бил мал да проба....духовно неспремен.
    Знаењето само по себе не е лошо, но не се учат интеграли на две години, на пример...
    Најкратко можно :)
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Тогаш зашо не го ставил дрвото откако ќе стане овој духовно спремен, туку пуштиле десетици милијарди луѓе низ вода само шо не почекале некоја година?

    Мал за духовна спремност, ама затоа репродуктивната... Одма научил секс како да има со Ева.
    Најбитното...
     
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Не знаеме до крај кој каде ќе заврши...кој ќе се покае,а кој милост ќе добие...кој ќе падне на самиот крај.
    Палењето свеќи е израз на чиста љубов,како и зејтинот кој е и дар ...како може страв да биде добра мисла?
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Уф, да не филозофирам. Јас пошто верувам дека сите ние сме (дел од) Бог, не ме прави тоа да се осеќам слабо туку баш... мирно, пријатно... ко Бог. :D

    Но, секако мислам дека на луѓето не им е првичен мотив да се религиозни за да имаат потпора. Освен личното его, човекот има потреба да билда и групно его - цели нации се чист пример дека човекот имал потреба да осеќа некоја група како своја и да го брани тој идентитет. Ист случај со религиите. Моите правила за животот се правилни, твоите не се. Они не се наши, они се муслимани. Итн.

    Така да ако Бог е совршен, значи дека религијата која не е совршена не е правилен пат до него... и нема причина луѓето да се потпираат на неа.

    Као, јас секогаш викам дека го сакам спиритуалниот дел од религијата и поштувам кога некој критички размислува и не ја следи Библијата на слепо... но навистина освестен човек гледа и преку религијата. (Но апсолутно секој си има свој пат и тоа е океј.)
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    5.557
    Пол:
    Женски
    Не да го искуши, да докаже поента да жене су ти сине џавоља ствар :devil::rofl:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Времето за Бога не постои.
    А ние банализираме веќе :D
     
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Ама како не гледаш дека ако некој од тебе бара да се каеш за нешто - тогаш немаш слободна волја?
     
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.922
    Пол:
    Машки
    Па знам... Ама цела религиозна догма е банална.