Таа еволуција траела многу години, премногу... и за да евоулираш потребна е причина, тие суштества се усовршувале со цел да преживеат и да живеат подобро. Сега нас се што ни треба се наоѓа пред нас.Не треба да се бориме за да преживееме, не треба да го менуваме начинот на живот и да се приспособуваме на други услови.Доколку тоа се случи во далечна иднина можеби и ние ќе евулираме....Кога нуклеарна бомба беше фрлена и сета околина беше загадена во таа област луѓето кои што преживеаа претрпеа страшни последици.Се раѓаа бебиња со повеќе прсти на нозете и рацете... со некои други израсотци и недостатоци.Што значи човекот може да се смени и да се приспособи на условите во кои живее.
Да. Како нешто поголемо од нас и некој што внимава на нас постојано. Се се случува од Него и само Тој знае зошто е така. Ние треба само да веруваме и му дадеме време да ни покаже зошто нештото се случило. Е сега институционално преку црква и поп е друго прашање. На црква одам но многупати се имам разочарано од тоа што се случува внатре и од целиот тој однос на свештените лица. така да за овој облик на верба морам да бидам искрена и кажам не.
вајлд чајлд 15 ... епа ако мислиш дека ние сме настанале од мајмун, што мислиш тие човеколики мајмуни како настанале!? да не никнале од земјата случајно, или пак да не паднале од небото .. извини така, ама само си го искажувам мислењето
Да, преку оволуција.Најпрво постоеле само едноклеточни животни т.е огранизми од кои подоцна настанале рибите и некои други суштества како некои видови на гуштери и диносаурси кои денес се изумрени поради ладните температури.По географија кога учевме за геолошкиот состав на земјата професорката напомена дека земјата најпрво била само една вжештена материја која полека оладувала и поради тоа минела низ многу фази.Имало многу земјотреси од кои се создавал релјефот, а на земјините услови огранизмите полека се приспособувале и се усповршувале.Знам дека има многу неразјаснати прашања на кои науката сеуште не може да даде одговор но верувам дека со времето како што напредува технологијата тоа ќе се смени. Инаку ова е мое лично мислење и не сакам да навредам некој или пак да му го наметнам моето мислење само искажувам што мислам и како размислувам на оваа тема.
окееј ... ти и понатаму си верувај во она твоето, а јас понатаму ќе си верувам и ќе одам по моето ... секој за себе никако не треба да ти наметнувам нешто во што не веруваш .. -би јорселф и верувај во тоа во кое ти до сега си верувала .. зошто да дојде до некој си конфликт (добро дее, не до толку ) кога може да помине најнормално .... значи, јас и ти ќе си веруваме во тоа во што и досега сме верувале и Д ЕНД !!!!
Јас сум верник. А верниците не прашуваат зошто како, бидејки не се толку големи да го најдат одговорот.Едноставно веруваат. Во врска со револуцијата, еве да речеме сме дошле до едноклеточен организам. Од каде тој така да се појави? Кој му го дал концептот? Пак не сте стасале никаде. Не сме толку големи да го најдеме одговорот пак ке кажам. Според мене вербата е нешто што секој треба да ја има, и навистина многу им помага на луѓето да излезат од одредени ситоации ако се помират дека се е по волја на некој друг. Поздрав до сите вернички
Да, верувам, и за мене се непотребни објаснувања зошто и како, зашто аргументи можат да се најдат на двете страни. Едноставно тоа е чувство кое го имам во себеси, верба која не бара докази и образложенија.
Да верувам.Можеби постои а може не...со сигурност никој нема да ни каже тоа е,ама вербата прави Тој да постои во нашите молитви.Има ситуации кога ништо друго не ми преостанува освен да се молам,така се чувствувам полесно.За многу работи ми се чини што сум се помолила ми се исполниле...може е ради молитвата а може и така тербало да биде но јас сакам да верувам во првото.Има луѓе кои велат не не верувам а сепак некогаш ги слушнеш,ако ги снајде нешто...леле ти се молам Господе помогни па нели не веруваш шо се молиш сеа Бог го створил народот нели така велат некои,сликата за него мора да постои во нашата свест за да не држи онака заедно...мора да се плашиме од нешто(поточно некој)што сметаме дека е над нас...што не казнува за лошите и наградува за добрите работи.Инаку овој свет би станал уште полошо место од ова што е сега,да не постои вербата во Бог според мене ќе бидеме нечовечни,нема грижа на совест,нема морал,страшна е и самата помисла на свет полн со такви луѓе.