.Поентата ако не ја сфати од тоа што го поставив и да ти ја цртам нема да ја сфатиш. Поентата... Slavic Native Faith (Rodnovery) has a theology that is generally monistic, consisting in the vision of a transcendental, supreme God (Rod, "Generator") which begets the universe and lives immanentised as the universe itself (pantheism and panentheism), present in decentralised and autonomous way in all its phenomena, generated by a multiplicity of deities which are independent hypostases, facets, particles or energies of the consciousness and will of the supreme God itself.[2] A popular dictum is "God is singular and plural".[3] Polytheism, that is the worship of the gods or spirits, and ancestors, the facets of the supreme Rod generating all phenomena, is an integral part of Rodnovers' beliefs and practices. The universe is described as a "dialectically unfolding manifestation" of the single transcendental beginning, end each subsequent emanation, every deity and entity, is endowed with ontological freedom, spontaneous will to life and co-creation with the supreme law of God (Prav, "Right") in the great oneness of which they are part.[4] The root *rod is attested in sources about pre-Christian religion referring to divinity and ancestrality.[20] as the "primordial God", but the term also literally means the generative power of the family and "kin", "birth", "origin" and "fate" as well.[14] Rod is the all-pervading, omnipresent spiritual "life force", which also gives life to any community of related entities, as defined by the Russian volkhvs Veleslav (Ilya Cherkasov) and Dobroslav (Aleksey Dobrovolsky). Its negative form, urod, means anything that is wrenched, deformed, degenerated, monstrous, anything that is "outside" the spiritual community of Rod and bereft of its virtues.
Ама би ја сфатила ако со свои зборови ми ја кажеш. Јас не сакам да читам линкови кои не ме интересираат,затоа и не постирам она што тебе на пример,не те интересира. Ако можеме искуство да вербализираме, добро...ако не, нема потреба да се навредуваме. Во случајов можеше да ми објасниш,што е тоа што те привлекува,што ти е интересно во различните религии и како ти лично го доживуваш Бога...што подразбираш под верување. Јас сигурно нема да ги исмејам твоите гледишта , како што ти го исмеваш Исус, поточно нас неколку,кои се осмелуваме понекогаш да напишеме која. Мене ми е јасно дека сеуште трагаш и дека си жедна да научиш свашта, но тогаш е паметно и да научиш да сослушаш туѓо, а не само сарказам да сервираш...и линкови,ок.. Ете...не си единствена,така испадна во моментов....
Не трагам јас, мене ми е доволно и да пишам Бог е љубов и сестварачка сила во секој од нас. И ист и за атеисти и верници и агностици. Тој што живее исправно според морални начела е исправен и во очите на Бог и во моите зошто сите ние го имаме Бог во себе и не гледам како резонот(и правдата) на Бог би бил поразличен од оној на човекот. Ако се добива поени за во рајот така се добива, не со идење во црква на празници и декларирање како и преобраќање во (супериорен) христијанин. Линкови(во кои меѓу другото имаш и мои гледишта) постирам зошто дискусијата е обемна а искрено немам енергија ( а ни желба) да трошам на религиски догми и нонсенс ''дебати'' во тој смер што однапред знам како ќе течат. Неколку пати ти поставив прашања, ми ги одговори во тој смер, тоа го исмевам религиските догми,небулози (и дискриминација).
Можеш слободно да не ми одговориш на прашањево но ме интересира како Бог не е виновен за болестите, злото по светот а кога се раѓаат болни бебиња, кога умираат млади луѓе во несреќи и оставаат малолетни дечиња сираци, кој е виновен!? Нели Бог е над се!? Или не вика така Библијата.. Јас ко шо знам, вика! Нишо против тебе но ако сакаш да ми објасниш … “Што и да побарате со вера, од Отецот, во мое име и не се посомневате ќе добиете” - извадок од не знам кое Евангелие, парафразирано. Друг дел исто: Болеста не е за умирачка, болеста е за Божја слава” ; Трето: “Нека се помолат свештениците над болниот и ќе биде исцелен” Е сеа да те прашам ако дозволиш, си видела како е некој млад да умира во болки со месеци, да се мачи, да не може залче леб да проголта, да не му помага никаков лек, да губи свест а во исто време сите околу него да се молат и дење и ноќе а нему да му е се полошо и полошо.Молитвите ако значеа нешто во такви моменти ќе ја олеснат болката барем но не, ништо од тоа. Се надевам дека никогаш нема ни на филм да видиш а камоли со свои очи вакви вистински животни несреќи на луѓе кои во болка умираат пред очите на своите деца за да тогаш сфатиш дека се е само измислена приказна за да се има конторола над општеството или да се дојде до профит.
Религиите не се само за контрола над општеството, туку и за лична утеха, да се осеќаат дека не се сами, дека не се целосно беспомошни, дека не се трудат (живеат) за џабе, дека има некоја посебна специјална поента. Едноставно некои луѓе не можат да прифатат дека сме препуштени сами на себе односно на својата среќа (к'смет).
Извлекувам заклучок дека оставам впечаток на лажна и исфолирана особа,која се преобратила и верничка глуми, па и супериорност дури....не ми прија ова сознание,да ти кажам право. Но,фала ти што ми ги отвори очите барем. Нешто е очигледно дебело погрешно. Не би да коментирам понатака во врска со остатокот на твоите мисли , ќе си се подружам со себе прво
Нема проблем, ќе ти одговорам на тоа што можам. Останатото ќе си прашаш некој многу поучен човек од мене, односно Свештеник ако толку те интересира. Ете така, не е. Пример, короната Господ ли ја направи? Човекот ја направи. А кој човек само Тој знае и верувам ќе го фрли во пеколот да го јадат црвите таму. Бог дал слободна волја, но и во Библијата напишал тоа што сака да ни каже за да не предупреди што е добро, а што не за нас. Слободна волја значи да правиш што сакаш. Е сега ако пиеш по 3 литра алкохол на ден, а ниту еден ден не му се помолиш на Бог додека ти било убаво, и добиеш цироза (не дај Боже) и одма ќе ти текне да му се молиш на Бога за да те излечи. Ај да направам една споредба. Еве некој на тебе ти прави лошо, пример секогаш кога ќе те виде, те пцуе... И одеднаш запаѓа во проблем за кој само ти го имаш решението и одма ќе ти тропне на врата да те моли да му помогнеш. Кажи дали ќе му помогнеш? Претпоставувам ќе му помогнеш само доколку од срце се покае за лошите нешта кои ти ги направил и ќе направи сѐ за да бидете блиски, но од срце, не лицемерно. Што ако мајката пушела цигари за време на бременоста, се дрогирала или други хемикалии користела? Нормално дека бебенцето во стомакот ќе се роди со некоја аномалија. Не се разбирам многу во Медицина, така што не сакам да навлегувам многу овде. Пак ќе кажам, за вакви работи прашувајте Свештеници. Тие учеле за ова и ако толку ве интересира прашајте ги.
Не можеш да тврдиш дека корона настанала од човек кога тоа не е потврден факт. Како и да е, триста други вируси и природни појави постојат кои се природно појавени. Мора секогаш да постои некаков баланс.
Немам апсолутно појма на што ти се однесуваше ова, зборот ми бешее дека избегавам дискусии од овој тип и на оваа тема (религија и религиски догми) од причини што ги напишав, ни па имам појма што ти смета/ти е погрешно во она што го напишав/поставив што ти ги отворило очите и за што тоа ти ги отворило очите
Да да нормално дека на се може да се најде оправдување ако се сака… Демек тие што умираат во страшни маки толку грешеле па Господ не им се смилувал поради тоа ( а демек Господ е милостив) а овие другиве безгрешни па затоа се здрави… Ох, да имаше таква некаква правда од некој над нас, верувај најсреќна ќе бев. Само уште ова ќе ти кажам до вчера се убедував сама себе дека е така како што викаш но за жал ќе ти кажам само едно, цел живот верував и мајка ми и домашните а и да ти кажам сите нејзини па тоа што го искусив јас и мој ближен знам дека ни Хитлер не би требало да умре на таков начин. Се надевам дека животот ќе ти биде розов па никад нема да ти притреба Господ зошто само тогаш ќе ја видиш вистинската страна на оваа приказна.
Па тоа вика библијата, дека нема под, над туку дека стануваат едно во бракот. Извини не ги читав сите мислења само ова ми падна во око па да ви пишам. (да да свесна сум за делот Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои ама не можеме да се фатиме за одреден дел без да ја разбереме целата суштина) Мислам дека мнг се испревртуваат работиве и наместо да се иде во црква, на литургија, да се чита библијата, ние си ги превртуваме работиве бидејки мнг информации поминуваат низ наш филтер и поради не знаење не можеме да ја видиме суштината. Значи да се разбереме библијата вика дека сопругот има 1 огромна должност, најголема пожртвуваност, да го даде својот живот за сопругата. Незз колку ситуации во нашиот живот би го ставиле ова на тест но верувајте во сечиј брак ќе биде тестирана некоја (неколку) библиски вредност(и). Човек што не е спремен да го направи тоа, не е Божји човек и затоа не треба да се очекува почит од него и тој е личност кој би ја злоупотребил библијата и би се наместил НАД жената бидејќи да бидеме реално мнг луѓе знаат вешто да испревртат мнг работи за да бидат во НИВНА корист! И најбитно. на крајот од денот доколку направите муабет со свештеник, никој ама буквално никој нема да го подржи горе пишаното, дури има и свештеници кои ми објаснувале дека има мнг врски каде жената< така кажано е глава на куќата и си функционира најнормално семејството. Сите подржуваат меѓусебна почит и развод иако не е убава работа е неопходен доколку има физичко/емотивно насилство. Кога зборуваме вака треба да бидеме свесни дека сме мнг грешни и мали, а Господовиот збор е совршен и свет и да не расправаме меѓу себе кој е во право ,зошто е ова вака кажано итн итн... Мнг поубаво е доколку се потрудиме да му пријдеме на зборо од друг агол и љубопитно да побараме одговори на нашите прашања или предизвици на нашите мислења во црквата.
Господ/Виша сила според мене, е се'. Се што постои. Заедно. Во основа, физичките правила по кои функционира реалноста.
Додека го пишувам ова се смеам самиот себе си бидејќи знам дека џабе пишувам и дискусијава не води никаде. Ама ајде... Некако посилно е од мене. Прво и основно, ако Господовиот збор е совршен, ќе го разбираме сите од прва, и нема да има потреба свештеник да ти го објаснува. За свештеници поарно да не почнуваме. Сум имал прилика да зборувам со неколкумина, и тоа познати и почитувани меѓу народот. Ништо не е онака како што изгледа. Свештеникот ти го кажува она што сакаш да го слушнеш бидејќи од тебе му зависат приходите. Повеќето мислења кои ги пишав, а не си ги прочитала, особено деловите каде што објаснувам како е нешто библиски, не се моја логика, ниту попска, туку на луѓе кои цел живот го посветиле во истражување на Библијата. Академици кои цел живот го работат тоа. Архаично објаснување од Поп не сфаќам како може да се смета за легитимно толкување на Библијата. Колку и да објаснуваат и разводнуваат не можат да избегаат од напишаното. Некои работи се јасно запишани во Библијата и не бараат дообјаснување. Да не зборам па шо секоја христијанска црква си има свои различни толкувања...
Хај мнг ми е тешко што го прочитав пишаново твое, ја чуствувам твојата болка и огорченост, можам да замислам само низ што си поминала(поминал) Мислам дека кои било зборови да ги пишам не би имале никакво значење за вас. Познавам неколку луѓе кои имале мнг тешки ситуации, мнг тежок живот, уништено детство, изгубени години. На никој не му посакувам да поминат низ тоа што животот им приредил. Меѓу нив сум и јас со мнг грдо минато и голем товар носев долго време. Но имам две работи да ти кажам. Сите тие луѓе кои ги познавам, имаат неверојатна сила и се цврсто во верата. Кога животот ми го приреди најнајлошото, сепак јас отидов кај нив за помош бидејќи и покрај сите тие проблеми тие успеале да се издигнат и да создадат квалитетен живот за себе и за блиските. Си мислев: ако таа поркај се успеала да се изгради и да го помине тоа мора да има надеж за мене. И кога побарав помош ме упатија кон верата кон црквата. Сите овие прашања слични на твоите ги однесов таму еден ден, и од тој ден никогаш не сум погледната назад. Со сето срце ти посакувам добро и се надевам дека еден ден ќе го однесеш твојот товар во црква, тоа е вистинското место за да го спасиме нашиот живот.
Чим се смееш, моите зборови се празни за тебе. Секое добро Ти посакувам само храброст и исполнетост во твојот живот. Поздрав
Не го сметај за навреда. Како што пишав, се смеам на себе си што иако знам дека нема да се разбереме, сепак продолжувам да се "докажувам". Во ниеден момент не те исмејувам/вав тебе или твоето верување. Се извинувам ако звучеше навредливо.
Добро, ти си имала прилика откако животот ти го приреди најнајлошото, сепак да отидеш кај нив, да добиеш совет, поддршка, разбирање, па после тоа да продолжиш со твојот живот; а што е со децата што возрасни луѓе ги земаат, пенетрираат со половите органи во нивните мали тела додека да не им здосади, за на крај да им го скратат животот?
Ах разбрав сега иначе no worries се е добро, плус ти си мнг чил дечко од тоа што те имам читано по форумов така да никако не се навредов
Здраво, потресилно е мнг ова што го пишавте. Секако не ја познавате мојата лична приказна па да не навлегуваме со вакви споредби нели.... Можеме оваа дискусија да ја продолжиме на мнг посоодветно место, очи во очи е мнг подобро. Ве молам доколку ова е реален проблем во вашиот живот или во живото на некој близок пишете ми во порака. Исто така ако сакате детален одговор на ова прашање со задоволство би ви организирала посета во црвка и муабет со свештеник, секако ако се сериозни и би дошле.