Точно е, не ја знам твојата приказна, копи пејстирав тоа што ти го напиша за себе си. Јас тебе те прашав за мислење стриктно бидејќи си религиозна па ме интересираше, затоа. Јас може веќе свештеник го имам истото прашано, меѓутоа во темава дискутираме ние, и си бараме одговори меѓусебно. Ете, не мора ти да одговориш ако немаш мислење околу тоа прашање, нека одговори било кој друг, баш ме интересира мислење.
E сега ова отвара скокотлива тема, ама ако нека. https://www.aljazeera.com/news/2021/10/5/awful-truth-child-sex-abuse-in-the-catholic-church https://www.nbcnews.com/news/religi...y-accused-sex-abuse-are-unsupervised-n1062396 https://www.dw.com/en/child-abuse-scandal-germanys-catholic-church-fights-for-its-future/a-60553618 https://www.bbc.com/news/world-44209971 https://www.reuters.com/world/europ...s-over-sexual-abuse-investigation-2022-05-19/ https://www.npr.org/2021/10/05/1043302348/france-catholic-church-sexual-abuse-report-children https://www.aljazeera.com/news/2021/10/5/awful-truth-child-sex-abuse-in-the-catholic-church https://en.wikipedia.org/wiki/Catholic_Church_sexual_abuse_cases
Абе дека си бараме одговори меѓусебно ни е проблем, јас ако немам знаење како да ти одоговрам? Мнг ми е чудно што луѓево си сакаат да дискутираат тука мнг сериозни животни проблеми ама одговор на псиохлог и кај свештеник тешко. Што е мојот одговор? Ова е паднат свет и ниедно зло не поминува не казнето, сите ќе одговараме за нашите дела. На сите ни е даден различен крст и наше е како го носиме и колку на Бога се потпираме. Луѓе кои имале најудобен живот полн со различни зли дела, и не се покајале, не се корегирале, и ги прекршиле најсериозните Божји закони ќе доживеат ужасна смрт и вечно ќе страдаат.. Тие што најмнг и најрано страдале и рано го нашуштиле овој свет веќе го осигурале своето место во Божјото царство. Наше е да ги победиме страстите на телото и црното срце да го осветиме. Е сега јас нудам и практична помош доколку некој се наоѓа во ваква сиутација бидејќи да се изгради повторно животот свој после ужасни трауми не е лесна работа.
Јас не би да ви упаѓам но со оглед дека и мене сте ми одговориле погоре ќе ви кажам во ова што го зборите мислам дека и самите не си верувате а па ако си верувате блазе си ви.. Едно ќе ви кажам ако свештенците помагаат - камоли да е така, нека одат и нека се молат по куќите кај болни луѓе, луѓе кои се во маки, луѓе кои часот им трае вечност, па нека се молат и за тие невини деца што ги спомна членката погоре а кои за огромна жал не се измислена приказна ами наше секојдневие… Простете, да има злобни луѓе ама има такви несреќи што човек не може да ги замисли а камоли да ги создаде ама ги доживува на свои блиски, млади, деца без разлика на своја кожа чувстува и се мачи. А тие свештеници не ја менуваат суровата реалност. Искрено, со овој ваш коментар како некому да му ја навредувате интелигенцијата. Почитувам, сите имаме право на свое мислење и тука сме да го искажеме но за мене ова вие што го зборите на сопствена кожа го почувстував и на моја огромна жал и болка дека вербата е само да се чувствуваме полесно (доколку не ти се дојдени тие пет минути за да сфатиш дека се е тоа апсурдно) и не би сакала да ве навредам но тоа е за народот да се манипулира и со него да се владее кај тие луѓе кај што има простор. Се најдобро посакувам и за вас.
Стандард - казна/награда, пекол/рај. Или е ова, или е "Божјите патишта се мистериозни, тој е совршен, он знае што прави, кои сме ние да го преиспитуваме" или "Плаќаат за гревовите на нивните предци". Мислам, океј, како ти одговара така мисли си. Ама гадно звучи, како и да е. Господ да ти даде живот - да си невино дете, да се иживуваат врз тебе, да те утепаат и да се отарасат од твоето тело ко да е застарена маица - за да идеш во божјото царство како награда. Јас мислам дека секое едно од тие деца попрво би избрале прилика да изживеат целосен живот по кој по заслуга преку добро живеење и покајание би завршиле во божјото царство.
Тоа е добро што нудиш помош но нели е според црквата да се иде кај поп/игумен/владика на исповед за своите гревови и да се побара од нив помош како понатаму да живеат
Стариот завет е потопен бидејќи предходно запишаните пророштва се исполнети (особено во книгата за Данило) и археологијата ги потврдува. За бродот на Ное научно може да се докаже дека е доволно голема за сместување на животните и храната. Не се само животните да влезат, има и многу досетки како. И на секој континент има приказна за глобална катастрофа на цела планета што покажува дека во времето кога таа се случила човекот бил на Земјата и ја видел штом ја раскажува, а не настанал милиони години после тоа со еволуција.
Зависи со какви "очи" гледаш. Билбилјата е духовна книга која изобилува со приказни со преносно значење и метафори. Кога би се гледале од духовен аспект тие даваат сосема друго значење. И приказната за потопот не е исклучок од тоа, таа е приказна со длабока духовна мисла. Се зависи со какви очи гледате.
Уствари имиња за планетата Јупитер (крал на боговите/најсјајна и најголема од сите планети и ѕвезди). Заедно со Сонцето. Во Египетската митологија Хор/ Озирис(добро) и Сет (злото) се уствари истиот бог и е симболички објаснето. Овде Сет(the evil twin) откако по измама убивајќи го брат му( доброто) ќе се здобие со власт над светот, прво што прави е ја издава и жена му, ја краде жената на внук му( Хор) од похлепа, завист и комплекси ( и не нешто преголем интелект ако сме искрени) и интересно одтогаш натаму ја снемува жената на Бог (во абрахамските религии) и (тотално неповрзано кад вам кажем) започнува дискриминацијата и омаловажувањето на жените во општеството (и духовноста), во златното доба на мизогинизмот . Или симболот на сатанизмот (наопачка ѕвезда/анти-живот ) додека исправената е симбол на животот и живеење исправно. И обрни окрени приказната со двата волка Бог и Сатаната во секој од нас.
Египетскиот Анк( симбол на жената/ Венера) што подоцна станал христијанскиот крст. Или упростено без жена = љубов =живот ( а за потсета се што е против живот е сатанизам). https://en.wikipedia.org/wiki/Ankh Иначе гулабот (симболот на Светиот дух) пред христијанството секогаш бил поврзуван со женска божица.Романската верзија и име е Венера. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Venus_(mythology) Или упростено другари светото тројство = отец, мајка и дете = живот
Прашањето на темата е .. Дали верувате во Господ? Од твојот пост не разбрав , веруваш , неверник си или го "соблекуваш"(разоткриваш) бог?
Темата е е дали веруате во Бог и дискусија околу ова/Бог, а мое мислење имаш некаде во дискусијата на која се надоврзав. Спојлер: .
https://en.wikipedia.org/wiki/Eye_of_Ra#text=The Eye of Ra or,behaves as an independent goddess. https://en.wikipedia.org/wiki/Eye_of_Horus Египетската Hathor = Венера/Афродита/Лада/Инана/Еостре/Easter. Спојлер: . https://en.wikipedia.org/wiki/Hathor ... It could also represent other concepts, such as the moon, whose waxing and waning was likened to the injury and restoration of the eye. Интересно христијанството ја има канселирано и месечината (лунарниот календар) и го користи само Соларниот, единствена од сите религии. Oти недајбоже да има нешто да потсеќа на жената и нејзината еднаквост со (христијанскиот) маж/бог вана би (без жена).
@INNERBEAUTY , до сега требало некој да ти каже дека во дискусија не спаѓа кога самата со себе си зборуваш.(се цитираш самата) Исламот го има канселирано сонцето, користи само лунарен календар.Тука твоја логика? Во библијата на крајот пишува дека од небото слегува новиот храм во кој нема ниту сонце ниту месечина,канселирани двете. Твое мислење?
Еве јас си кажувам дека може да се цитирам/ надополнувам за да не повтарам, а ако некој друг освене мене може да ми каже ти тој фактор дефинитвно не си . И повторно, одговор веќе имаш, ајт