Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.486 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.741
    Пол:
    Женски
    Некогаш и малку болка во животот е за наша духовна корист.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    9.255
    Пол:
    Женски
    Или не постои, или не е семоќен или не е добар. Инаку, многу луѓе баш страдањето ги прави полоши и ми нема логика да е во позитивна цел на крај.
     
  3. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Во човештво паднато во грев страдањето е неминовност кој во колку ли тешки животни услови и да се нашол тоа не е божја волја, туку производ на грешната природа на човекот кој уште со самото раѓање се раѓа со склоност да прави зло. Човек на човека е најголем непријател а бог може само да ни понуди рака за спасение преку Исус Христос кој го даде својот живот да не опере од гревовите а впрочем претрпе и најстрашна смрт така да ако некој знае што е страдање, болка, предавство... тоа е сигурно Исус нашиот создател и ние христијаните го следиме неговиот пат секој треба да го носи својот крст на себе без разлика во колку тешки и лоши услови и околности се нашол :)
     
  4. Aнонимус_

    Aнонимус_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2022
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    1.459
    Пол:
    Машки
    Dali e Bog empaticen?? Ako da zasto da ako ne zasto ne?
     
  5. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Не може некој кој е духовно битие да биде склоно кон зло прво наједноставно објаснето зошто е производ на Бог кој е апсолутна и бесконечна љубов и совршенство над совршенствата па и ние сме такви само сме го заборавиле тоа и не знаеме да ги активираме механизмите за да се сетиме кои сме всушност и со каква моќ располагаме...Ти ако си божје дете ги поседуваш неговите особини, а кој ти кажал дека Бог е зол? или помислата за таков чудесен Бог на љубовта и фактот дека се може да биде толку совршено без стравови како и тоа дека на Бог му се припишуваат одмаздољубиви особини и дека казнува е толку јака што не дозволува да поверуваш дека се е само љубов, а работите секогаш се гледаат преку два поларитета..љубов и страв..тоа е суштината на се...и не постои првобитен грев...за Адам и Ева зборувам...напротив тој случај бил првиот благослов...само ако се дознаат овие работи многу концепти усвоени од памтивек ќе се срушат а тоа не им одговара на религиозните поглавари од сите религии и спрегата црква-држава,џамија-држава,синагога-држава,будистички храм-држава кои тесно соработуваат и го контролираат човештвото, држејќи го во стравовладение и покорност преку фалсификувани содржини на светите книги кажав од кои причини кои ги толкуваат како ним им одговара или како што ги разбрале зошто толкав им бил капацитетот...не викам дека се е за никаде во светите книги..напротив..има прекрасни работи ама потребно е надполнување, проширување, дозбогатување и преиспитување на она што е пишано и кажано, а исфрлање на најзаблудувачкиот фалсификат дека Бог е казна и одмазда а не љубов...зошто повеќе на човекот би му се допаднало тоа Бог да не е вечна љубов туку да е вечна казна и проклетство, осуда и сл? еве ти прост пример...ако на улица некој види оставено бебе во опасност да биде згазено не постои човек кој нема да се стрча за да го спаси колку и да се плаши од можниот исход...тоа ти е доказ дека по природа луѓето не се злобни..злобни ги прават животните околности, условите во кои живеат,штетните влијанија на оние кои им прават перење на мозок преку форсирање на содржини кои го затупуваат мозокот на луѓето како комерцијализацијата..нека си има и тоа, не викам не...информативно е за купување, поволности и услови на купување да речеме за најнови технологии, за мобилни итн ама кога нон стоп ти ја подуваат главата со таа мантра ко расипана грамофонска плоча само за да купиш, е таква доминација не треба да постои да речеме над содржини што промовираат култура и други поучни содржини... нека има од се или бар нека намалат со тоа нападно влијание ко да ќе настане пропаст на светот ако не слушаш само за мобилни или за брзи кредити иако живееме во таков свет.. или отекувањево со реалниве шоуа кој со кого се плеснал...нормално дека и содржини од таков карактер си имаат своја публика што ги забавува ама континуирано да се врши притисок ко тоа да е една од најголемите вредности во животот и нешто што задолжително не смее да се пропушти е тешка глупоќа...не мора целосно да се исфрли пошто ќе се бунтуваат луѓе на кои тоа им е единствена разонода ама бар да се намали да не доминира во етерот...не знам како некого тоа не му ја навредува интелигенцијата се тоа па тоа да го слуша...креаторите на тие содржини ќе речат во оправдание, па тие тоа го сакаат...па ти пушти им нешто друго и тоа ќе го засакаат, само работата е кој да биде зависен од такво нешто, а кој да лапа профит или за да не си ја изгуби работата иако мозоците што ги смислуваат тие содржини се многу помалкубројни во споредба со огромен аудиториум кој ги следи, а го затупуваат со тоа што ќе ги принудат да следат туѓи животи место да си го гледаат сопствениот двор и ќе коментираат простотилак, а овие ќе им приредуваат секс шоу и агресија и театралност за да си лапаат пари и конечно освојување на главната и тоа како голема парична награда за „макотрпната„ работа во шоуто...
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.550
    Пол:
    Женски
    Е отиде тек тогаш светот и општеството Јабана. :D

    Ова е само производ на морална и духовна декаденција, си имаат и они ('' обичните'' луѓе) избор и согласност во учество во сето ова, не се баш за жалење, не дека мораат да голтаат се што им се сервира. Што би се рекло, за тие пари толку.
     
    Последна измена: 7 август 2023
    На Pacifist и Zhukov им се допаѓа ова.
  7. Cvekarka

    Cvekarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2023
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    675
    Пол:
    Женски
    Во господ верувам највеќе на се во светот исто и во судбина.Ама не верувам во попови и цркви во тоа не зошто сите тие се арамбаши.Тие се поголеми неверници од нас обичните луге.Ретко одам во црква поради тоа што неверувам дека господ е таму напротив тој е насекаде околу нас.Треба да му се молиме и бараме помош кога ни е тешко ама и да му се заблагодаруваме кога ни е убаво.Тоа е најбитно
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.933
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Машки
    Гласав дека не верувам кога се зачленив. Бев Агностик. Сеуште сум можеби. Но сакам да прифатам деновиве повисока сила. Не сакам да има име и лик ниту опширна замисла. Сила појака од се.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Машки
    100% сум сигурен дека Господ не постои. Може да има “помали“ “богови“ но не и Бог т.е. Господ. За помали богови мислам на вонземјани. Тие во пракса се богови. Одам во црква но сум 100% сигурен дека Бог не постои и Исус не му бил син а уште помалку дека воскренсал и сите магии од Библијата. Зависи најверојатно би ме дефинирале религизно со цврст атеист и будист. Нешто такво сум иако не следам се од Будизмот.
     
    Последна измена: 7 август 2023
  10. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.550
    Пол:
    Женски
    Ова не е Господ што дозволува, ова е безбожни луѓе што дозволуваат, не мешајте баби со жаби можда веќе.
     
    На Snowflake97, Aнонимус_, Veta и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Абе ајде, важи, така е. Теши се.
     
  13. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.550
    Пол:
    Женски
    За што тоа имам јас да се тешам?:^) Твоето неразбирање е твој проблем, не мој.
     
    На Snowflake97 и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Твоите оправдувања и заблуди се твој проблем, не мој.
     
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.550
    Пол:
    Женски
    Не се оправдувања само зашто ти ги перципираш како оправдувања.
    Пак, до твоето неразбирање и површно гледиште е, така што не планирам да трошам време и енергија во до/објаснувања за џабе, нема поента.
    Држи си се до твоето.
     
    На Snowflake97, Aнонимус_ и firequeenn им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    А јас за што се држам?
     
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Бог е вон човековото поимање за добро и зло.
    За него времето не постои, а ние за вечност се бориме. Можеш и " добар " безбожник да бидеш.
     
    На MakeDamnSure му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Каде е господ додека ова се случува?
     
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.550
    Пол:
    Женски
    Не, неможеш. Безбожник во оваа смисла е извртена религиска догма и доктрина пробајќи да им се наметне етикета на" неверниците" /во таа религија или атеистите. Во таа смисла да, можеш, но не си безбожник.
    Јасно и едноставно си стои напишано кои се безбожниците, и поимливо доколку се сака за сите "обични смртници", верници, неверници и атеисти.

     
    Последна измена: 31 октомври 2023
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Зошто го обвинуваш Господ за човековото зло?

    Господ е секогаш тука, но безбожници многу.
     
    На Snowflake97, Aнонимус_, Veta и 4 други им се допаѓа ова.