Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.485 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Не дефинирав кој е безбожник.
    Постојат правила , јасно од Бога дадени ,што е спорно не разбирам..
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Ако е господ секогаш тука значи само си гледа, без разлика дали има многу безбожници. И да умреш у земјотрес и мечка да те изеде, господ само ќе гледа. Која е поентата невини деца да страдаат во такви неописливи болки само зошто имало многу безбожници?
     
    На theowndemon и Gosh им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Да постојат правила, универзални и за сите, и ова не е спорно и не знам што уопште имаше потреба да се спомне.
    Спорно е баш тоа што не дефинираше.
    И јас не сфаќам што е спорно и тешко за разбирање во она што пишав и цитирав.
     
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Поентата Господ ја знае. Вечноста е битна. Верувам дека сите тие невини душички во вечноста добиваат правда и спокој, духовен раст.

    Секако дека и јас сум згрозена,тажна,бесна над светското зло, но знам дека коренот е кај човекот само.
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Оправдувања колку да се избегне суровата реалност на болка и патење.
     
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Спорно е што јас напишав дека можеш и добар безбожник да бидеш, а ти негираше.

    Поаѓам од човечката дефиниција што е добро, која не секогаш е иста со Божјата.
     
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    За кого оправдување, не те разбирам.
    Како јас можам Господа да го правдам, особено на неверници...
     
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ајде еве одговори ти на се ова.
    Ти нели Будист/стоик или што ти ја знам беше и имаш такво гледиште за Бог? И тоа е ок, и се совпаѓа со се горенаведено.
    Сега малце не веруваш во Дедо Мраз/Бог на облаците верзија, малце веруваш кога ти е време за издувување фрустации за стањето на светот или што?
    Што е (донекаде) ок.
    Или ја споделуваш со сите нас твојата криза во вербата?
    Или очекуваш некој да те просветли на форум?
    Дебата, да докажеш поента, што?
    Но не ја сфаќаш иронијата за ова што го пишуваш?
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На Snowflake97, eliesaab и sonuvana им се допаѓа ова.
  9. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    си ги побркал работите, ова не е Господ ова е човеквата суровот и нашиот пропаднат свет
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На Snowflake97, Aнонимус_, Veta и 5 други им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ова напишав, баш зошто не појасни и дефинираше.
    Ајде дефинирај конечно што мислеше, за да не идеме одокулу само.
     
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    Не го правдаш господ, туку даваш објаснение за поим а.к.а. оправдување, затоа што не е факт.

    Не сум ни била нит сум моментално будист, ни стоик. Човек сум со мислења и емоции кој живее живот и секој ден доживува нешто кое ми буди мисли и емоции. Немам криза во верба, всушност не ни морам да имам верба. И тоа не ми брани да имам мисли и емоции, и да ги споделувам без разлика какви се во моментот. Не сум моделиран човек кој во одреден момент зацртал одредени перцепции и такви да ми бидат до крајот на животот. Мислите и емоциите ми се флуидни зависно од новите доживувања. И на оваа тема коментирам со иста цел како и на останатите теми - за муабет. И што има тука иронично?

    Не викам дека господ е ова, прашав каде е господ додека ова се случува.
     
    На theowndemon, Romancer и Ajronmen им се допаѓа ова.
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Мислев дека можеш да бидеш морално добар, а да не го љубиш Бога...безбожник си.

    Каснале од дрвото на добро и зло....

    Патот до пеколот е поплочен со добри намери...

    Првото правило е да се љуби Господ....вера како и дела итн...
     
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Изгубена е вербата во Бога затоа се на пропаст иди. Кога метеријалното преовладува духовното пропаѓа, човечноста и доброто, се е алчно за пари и никој не се задоволува со малце или шо би рекле шо даде Господ.
     
  14. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Најпрво, не сум религиозна, не сум ни атеист, но еве по која филозофија се водам.

    Бог е избор. Секој човек има избор по кој пат ќе тргне и дали двигателна сила ќе му биде љубовта или злото. Бог не го "брише" злото бидејки на тој начин ќе биде само еден тиранин кој не му дозволува на човекот да ја види и другата страна и да избере. Ако бог го избрише злото и постои само лубов, животот би бил бесцелен и без смисла, зошто љубовта и доброто е смислата на животот на секој човек, а љубовта ќе биде севладеечка, па поради тоа луѓето нема да имаат цел.
    Пример "цел ми е да имам добар партнер, семејство полно со љубов затоа што знам колку е лошо да живееш со некој кој ти причинува зло". Дотолку злото не постои и не знаеш каква би била другата страна, како ли го посакуваш и ќе се стремиш кон ова?

    Па што ли би бил бог дотолку те лиши од тоа да имаш цел и подвиг. Која е поентата да живееш со сѐ на тацна. На крај краева ќе бидеме богови бидејки боговите се тие што се лишени од земните проблеми, среќни и безгрижни. Но зошто би сакале да бидеме такви? Почему ми таков живот?
    "The gods envy us. They envy us because we’re mortal, because any moment may be our last. Everything is more beautiful because we’re doomed. You will never be lovelier than you are now. We will never be here again."

    Кога станува збор за земјотресите, тие се дел од природата, од планетата земја на која живееш со сите нејзини убавини. Не е научно возможно (претпоставувам како атеист се водиш по науката) да постојат убави планини, кањони, реки, езера без земјотресите.
    А веќе кога сме тука, бидејки даден ни е избор, можеме и тоа да го контролираме до некаде. Можеме да се населиме на несеизмички активни територии. Луѓето околу вулканот Етна не планираат да се иселат иако знаат каква катаклизма се има случено во историјата. Зошто? Бидејки почвата е поплодна и земјата повеќе раѓа близу вулканот. Тие свесно избираат да останат таму и да живеат со тој ризик. Пак ќе кажам, сѐ се сведува на изборот на човекот. Бог дава избор.
     
    На Snowflake97 и Lisandra им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ете ти беше пишано, ама не ти беше на тебе доволен одговор.
    И ова ќе го најдеш во секоја религија.
    А потоа ќе најдеш и догми во секоја религија (меѓу другото и дека Бог си седи на облаците и чека).
    Но пак, не ја сфаќаш иронијата дека и ти си со догматичен мајндсет и заблуда со ова што го пишуваш и очекуваш Бог да е или на облаците и да чека, зошто веќе си решена дека или таа верзија е, или ништо, т. е Бог не постои.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    2.856
    Пол:
    Женски
    Совршено објаснето. И јас мислам дека мора да има зло за да целиш кон доброто и да станеш подобар човек од што си бил вчера, мора да се менуваме, мора, секој ден да бидиме подобри од тоа што сме биле вчера, завчера.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Ај сега дефинирај љубење на Бог?
    Атеизам ли?
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.005
    А нели може избор да се прави и без религиозни приказни за семоќен господ, рај, пекол, казна, награда? Можеш да бираш добро наспрема зло, и љубов наспрема омраза, затоа што сакаш луѓето да живеат хармонично со убави искуства, без болка и патење. Не мора да има мистериозна натприродна позадина зад постапките на луѓето.

    Вака објаснето, создава битија, им дава способност да бидат добри и лоши, им дава слободна воља какви сакаат да бидат и ги остава оние невините и немоќните да го кркаат, само за да самите тие битија можат да ги осетат, а со тоа и разграничат, и доброто и лошото. Звучи како игрица. Зошто станува збор за сурова патња во огромни размери.

    И дали молењето помага за он да интервенира и да им помогне барем на децата? Зошто на децата толкава патња??

    Еве и природна несреќа да е, што е сосема нормално. Викаме: природа. И човекот е дел од природата. Каква разлика има ако човек заколе човек, или волк заколе човек? И човекот и волкот се дел од истата природа, заедно живееме на истата планета. Срања се дешаваат зошто е дел од природата, како и да е. Само ние луѓето имаме капацитет да си размислуваме и смислуваме ствари. А добар и хуман можеш посекако да бидеш.

    Прашувам, и ќе прашувам пак и пак и пак, колку ми душа сака. Ако имам потреба и желба да преиспитувам нешто, да прашувам за мислење, муабет, идеја, совет, мое си е. Може ќе доживеам 100 години да наполнам и пак нема да зацртам само една конкретна замисла, и пак ќе прашам. Мое право си е постојано да прашувам, без разлика дали звучело иронично или не.

    На истава тема еднаш прашав за мислење што е господ, за да ако добијам одговор, ќе знам дали верувам или не. Можеби мислам дека верувам, а уствари не верувам зошто грешна ми била дефиницијата. Или обратно.
    И после имаше разни мислења со разни дефиниции, што ме натера да мислам дека штом нема една конкретна дефиниција, значи е концепт во нашите човекови умови.

    Денес со видеото сакав да прашам каде е господ кога се случуваат болни нешта на деца? Ако господ е семоќен и може да помогне, ќе помогне без да стравува дека матрицата на неговата игра ќе се заебе. Вака испаѓа дека е спектатор со некои си правила кои одредени души - како децата - не ни стигаат да ги дознаат и почитуваат.
     
    На theowndemon и Ajronmen им се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.921
    Пол:
    Машки
    Испаѓа дека Бог го создал злото за да не ни е досадно.

    Фала, ако треба да бирам меѓу досадно и свет без зло ќе го изберам второво.

    Ако Бог не можел да го создаде светот да биде убав без зло, значи ниту е сепаметен ниту е семожен.

    А ако треба да загинат 10.000 деца за останатите луѓе да добијат просветление и станат "добри", fuck this world...
     
    На theowndemon и Gosh им се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    Овде споделуваме мислења и верувања, 1000 људа, 1000чуда.
    Не ти текнало дека форумот не е за тоа
    некој само тебе да те просветлува, како и да зависи од тоа дали тебе ќе ти се допадне одговорот или не?:?:
    Тоа не (ти) е никој должен.
    И пак си контрадикторна и иронично велиш дека трагаш, а упорно се закачуваш за догми и контраргументи за "докажување поента".
    Си помислила некогаш да го правиш ова (размислување околу смислата на животот and stuff) и без други, без дебатирање, валидација и такви ствари? :?:
     
    Последна измена: 31 октомври 2023