Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.485 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    5.548
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна на една тема може ли некој да ми помогне не ми текнува точно како беше. Нешто концептот беше околу атеисти кои се упорни и опседнати со контрирање и докажување дека Бог не постои, и психологијата позади тоа(парафразирам, не сакам некого да навредам) ама стварно не ми текнува.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.004
    Па никој не мора ако не сака мене да ме просветлува. Кој кого тера на сила мене да ме просветлува? Мое е да прашам ако сакам, туѓо е да одговори ако сака. Апсолутно никој не е должен да одговара и споделува мислења. Така функционира форум? И никаде не реков нечие мислење дека не ми се допаѓа. Правам муабет. На мене за тоа ми служи форумов.
    Јас велам дека ако имам прашање, од било која природа, ќе си го барам одговорот ако до толку многу ме интересира. Ќе го барам каде сакам и колку сакам. И на форум и надвор од форум. Како сакаш наречи го тоа мое поставување на прашање, трагање ли е, што ли е. Ако нешто ме интересира и сакам одговор, ќе прашувам.

    Болдираното - не само што сум помислила, туку тоа и го правам. Форумов е само уште еден мал извор.
     
  3. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Не се потребни приказната и фантазиите да, ама дали мења нешто тоа? Со и без прикаските светот е таков каков што е, а ако му помагаат на човекот да се одржи во живот и да има надеж, кои сме ние да кажеме дека не чини. Речиси сите тие луѓе во Газа кои што се толку очајни ги имаат тие прикаски за утеха и надеж. На некои можеби им и даваат сила да издржат. Некоја кутра мајка која ќе си го изгуби своето чедо во војната се држи во живот верувајки дека еден ден ќе се сретне со своето дете во рајот. Не гледам ништо лошо во тоа ако помага.
    Животот е таков каков што е, полн со страдања, секогаш имало и ќе има невини кои што ќе страдаат и умираат, за жал и деца. Децата се на одговорност на возрасните, а бидејки возрасните одбрале насилство кое им го загрозува животот, тие невини страдаат. Дадена ни е како дар можноста да одбереме а тоа си носи и свои последици меѓу кои и страдањето на децата. Action--->reaction.

    Можда звучам сурово и психопатски од страна, ама јас одбирам да живеам во свет во кој злото постои и јас свесно одбирам да чинам добро, отколку да живеам во свет без зло и несвесно да сум добра бидејки тоа ми е единствената опција по дифолт.
     
    На Snowflake97, sonuvana и MissChievous им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.004
    Мора да е утеха, што друго можат да прават кога се толку немоќни. Едноставно не можам да се изначудам како можат луѓе да повредуваат толку сурово, како што ги повредиле децата на видеото што го постирав, на пример.
    Имаме среќа што не сме тие деца, кои немаат никаква врска со тоа што им се случува. Имаме среќа што како деца, не сме биле дел он некоја таква последица на возрасни луѓе.
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Верникот го љуби Бога кога ги почитува неговите заповеди.
    Атеистот верува дека е доволно да си морално добар.

    Да не ја вртиме истата приказна, овој муабет ми делува некако познато :wasntme:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.646
    Допаѓања:
    39.350
    Пол:
    Женски
    Зошто тогаш за секое добро или "чудо" се вели дека е од Господ и тие заслуги му се препишуваат нему, а кога станува збор за било какво зло тогаш нема контрола и тоа е чисто човечка волја? Најискрено те прашувам бидејќи не ми е јасна логиката.
     
    На 1209, Lianna Anna, Ambitious и 5 други им се допаѓа ова.
  7. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Абе како каде е? Ко прво он е ненаметлив, тој чека пред твојата врата и сака ти да го примиш но нема со сила да ти се наметне или било што. Исто со насилството, сакаш со магично стапче да го запре ова? Исус страда за сите деца негови умрени и ќе им понуди место во неговото царство а сите раце чии злосторства го направиле ова ќе платат од Божиот гнев.
    Кажи ми, што очекуваш? Господ да ги запре сите злосторсва како на stand by за да не настрада ниту еден невин? Ова е паднат свет и се до враќањето на Исус ќе се случуваат и полоши работи и ниту еден нема да биде поштеден. И сето ова е пишано и објаснето во библијата
     
    На Snowflake97, OmilenataZaNego, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Затоа што зборуваме од перспектива човечка, а не Божја....не мора нужно да е од Бога.

    Нашиот земен живот треба да е исполнет со борба за живот вечен. Никаде не ни е ни ветен " среќен " земен живот....од нас се бара само верба и исполнување на божјите заповеди.

    Доброто како и злото ЈМБГ има и секој поединечно ќе одговара и за своите дела и за својата верба.
    Замисли совршен свет во кој се сите среќни,весели и здрави....кој и би помислил на Бога во таков свет, кој е сепак момент само...
    Многу секојдневни примери има кога за нешто сме помислиле дека е добро,за на крај да увидиме дека и не било така...
    Духовната пракса ни помага да си ги изоштриме духовниот вид и научиме да разликуваме добро од зло.
     
    На Snowflake97, OmilenataZaNego и Angie1432 им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    100 луѓе да прашаш, и верски учени и неучени, 100 различни одговори ќе ти дадат. Оти, во крајна линија, е концепт на човековиот ум, пошто сме луѓе.
    Е сега, кое е вистинското прашање? Дали можеби зошто луѓето го заборавиле Бог, кој и да е, Алах, Јахве, Господ?
    upload_2023-10-31_18-46-4.png
     
    На Cinnamon Bun, INNERBEAUTY и sonuvana им се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.919
    Пол:
    Машки
    Значи има зло зашо му одговара така на Господ, оти иначе нема да го мислиме :rofl:
     
    На Gosh и Аргентина * им се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.919
    Пол:
    Машки
    Технички може да заборавиш само нешто што одамна не си го видел...
     
  12. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ако велиме дека злото го создал Бог за да го цениме доброто, за да има за што да се бориме и да имаме цел, зошто тогаш веруваме во рај, кое е најсреќното место што постои, односно место без зло, неправди итн? Или мислите дека со новостекнатата вредност кон доброто од овој живот ќе можеме целосно да го цениме доброто во рајот, цела вечност? 8-|
     
    На Cinnamon Bun, theowndemon, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Во право си....наместо Бог,требаше вечност да напишам....не плаши ли помислата дека вечност постои?
     
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Претпоставувам затоа што верувањето е дека Господ е најдоброто нешто што постои, што значи дека сѐ најдобро извира од него, а лошо дело е невозможно. Освен ако не правиш точно како што пропишал, тогаш (оправдано) ќе ти нанесе неизмерна болка за век :handshake:
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Не ти ја разбирам реченицава....каква е таа новостекната вредност кон добро?
     
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не сакав да се повторувам, се мисли на новостекнатото ценење, вреднување на доброто од овој живот.
     
  17. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    5.548
    Пол:
    Женски
    Вистинскиот верник/Побожник го љуби Бога со безусловна љубов и (До) верба, ги почитува Божјите правила зошто навистина ги ги разбира и притоа увидел дека вродуваат добар плод.
    Не филозофира додатно*

    Неверникот/Безбожникот /Атеистот се одалечува од Бог, не е свесен што губи, не е свесен што прави, (се) уништува, цел е полн себе и горд за тоа, и кога ќе доуништи се, тантруми и кука над сопственаѕта судбина (и го криви Бог) . :D
    Филозофира додатно*
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.004
    Требал на сите да им ја даде истата прилика да дознаат што е добро, а што зло, вака испаѓа дека има дупка во правилата. Зошто на мене и тебе како возрасни ни ја дал приликата да станеме возрасни и да можеме самите да откриеме што е добро, што е зло, додека на некој друг не му ја дал таа прилика и оставил на 6 месеци некој зол возрасен да му ја отсече главата? Децата се посебна категорија на невини и не може да учествуваат во истата сурова игра како возрасните. Зошто е господ толку суров, зошто смислил неферски правила нееднакви за сите човекови битија?

    И до кога ќе чекаме Исус да се врати? Уште колку страдање и болки и детско патење во пискотници и неописливи грчеви? И да речеме дека детето што доживеало да биде разнесено од бомба и да умре во огромни болки заврши во рајот, зошто нему таа прилика? Без да открива што е зло, против негова воља умира младо и брутално, и завршува во рајот? Без да поминува низ искушенија и лекции.

    И што можеме ние останатите живи луѓе да направиме за да има помалку зло на планетава, а повеќе добро? За барем децата да не доживуваат такви страдања.

    Ако е концепт на човековиот ум, значи еднакво е како да разглабаме за Хари Потер и светот на магионичарите. Значи нема надеж, сè е лага.
    Ако сме го заборавиле бога, како да знаеме кој е/што е? Каде е? Дали постои како заштита и помош, или само е спектатор?
    Не знам, мене карактерот ми е таков, сакам да прашувам, да слушнам, да прочитам, да видам. Мозокот ми создава постојано прашања и теми за размислување. А баш на оваа тема подобро е да не прашуваме и да си ќутиме?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Не знам. Викаат децата чувствуваат во утробата, затоа се трудев да имам рожба кога можеше да чувствува максимална добрина, смиреност и љубов. Исто викаат на бебињата од пресудна важност им е физичка блискост со друго човечко битие.. И многу други работи викаат, научниците викаат, експертите викаат- некои ги земаме здраво за готово.
    Некои искуства остануваат врежани, дури и ако немаме сеќавање на нив, нели?

    Истово ваљда и како одговор на @MissChievous. Со дополнување- апсолутно прашувај. Прашувај пишано, јавно, прашувај тајно...читај...многу читај...некои одговори некогаш доаѓаат задоцнето, некои во форма која ќе ја разбереш некогаш подоцна. Само на затворен ум, не му требаат прашања и се му е јасно.
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.919
    Пол:
    Машки
    Повеќето од нас се родиле во прилично религиозни семејства и општества, и ретко кој не верува од дете.

    Најчесто тие што престанале да веруваат го направиле тоа затоа што многу прашувале, и читале и читале и читале, и пак прашувале...
     
    На Lianna Anna и theowndemon им се допаѓа ова.