Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.485 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    5.548
    Пол:
    Женски
    Ок, јасно holier than thou, разбравме.
    Спојлер: Исто е и со тие што верувале и додатно поверувале.

    Не, озбилно која е темава.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Ама кои религиозни семејства и општества, од комунизам сме произлезени, од СФРЈ:D
    И како може дете да верува, какво верување е тоа, од дете? :?:
    Имаше ли нешто за свеста на врапчињата во библијата, или ми се измешале лончињата? @sonuvana , help:?:

    Ниту се читало, ниту се чита, тоа е проблемот денес, можда и проблемот вчера.
     
    На Viveki, daylight и sonuvana им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Nope, никого не навредувам. Само пресмешно е што во Мк а и на форумов секое спротивно мислење "се побива" со идејата дека соговорникот треба да чита повеќе.

    Субјективно е мислењето дека секогаш другата страна има затворен ум.

    Конкретно темава е дали верувате во Господ? И мислам дека ваквите дискусии се опфатени во прашањето, односно зошто веруваш или не.

    Од друга страна, јас немам сретнато Атеист евангелизатор, кој проповеда Атеизам.
    Ко што знам религиите имаат мисионери, свештеници, рабини и тн.

    Притоа, скоро целата дискусија од страна на оние кои не веруваат е генерално прашања за размислување.
    Ама одбивам да прифатам дека си слободоумен ако задоволителниот одговор на тие прашања треба да биде - затоа што Господ така рекол, решил, направил.
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На Romancer, Lianna Anna, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Дека Господ се грижи и за секое едно врапче, а за човека знае и колку влакна има на главата ?
    И дека птиците ниту сеат,ниту жнеат,а сепак живеат бидејќи Господ ги сака и се грижи за секое создадено суштество...:)
    Така да...вера, послушание, не мора ни читање многу...

    Инаку и мене ми е чудно од каде толку бивши верници на форумов....во реалноста едвај да ги најдеш :D
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Конкретно, прашањето на темата е одговорено на првата страна од темата.
    Цитирано погоре, како одговор на ова подолу.

    Дополнително, ако веруваш не значи дека си евангелист, дури не значи ни дека си верник, не во форма каква што веројатно пропишува црквата. Црквата во Македонија денес е ваљда друга тема, на таа тема немам ништо за кажување.
    Евангелист-значи нешто пропагираш. Можело на пример да бидеш технолошки Евангелист. Сигурно може и атеистички евангелисти да постојат, далеку е отиден светот.
     
  6. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Добра поента со која што исто така се сложувам. Иако погоре напишав за тоа дека бог (не стриктно религиски) го толкувам како ништо друго туку друг поим за љубов. Е сега иако ова за бог вака го толкувам, не верувам во концептот на рај и поради тоа автоматски не можам да се ставам во категорија "религиозна". Па бидејки бог е љубов и злото постои за да можеме да го цениме доброто, верувањето во концептот за рајот се сложувам, е контрадикторно.
    Сепак како што кажа Биљарката, личен концепт е на поединецот како го доживува. Не е поентата слепо да се следат сите догми и прикаски. Само важно е да не се заборави (бог/љубовта и семоќното добро, како сакате речете го) зошто тогаш настанува хаосот.

     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Атеизмот и атеистите не се организирана заедница како што се пример религиите.
    Скоро секој има свое различно видување за светот, природата и животот.
    Така да, не може Атеист да претставува движење, бидејќи нема такво движење.
    Доколку некој се организира и претставува некакво движење, и притоа се обидува да го проповеда мислењето за своето движење - за мене е рамно на религија, исто како Будизмот.
    Така да во старт генерализацијата на атеистите е утната.

    Еве јас како нечитан, да ти одговорам со два стиха од Библијата.

    Послание до Римјаните 2:13, 14;
    13. бидејќи пред Бога не се праведни оние, што го слушаат Законот, а ќе бидат оправдани само оние, што го исполнуваат Законот;
    14. зашто незнабошците, немајќи Закон, сами од себе вршат сè по законот; тогаш тие, иако немаат Закон, сами во себеси се закон;

    Значи, наместо да се замарате дали неверниците читаат и имаат некаков морален кодекс и знаат што е добро а што не, секирајте се вие што верувате дали го исполнувате законот.

    Бидејќи, незнабошците, оние кои не го запознале и затоа не веруваат, сепак Господ вели дека сами од себе си го извршуваат законот, бидејќи законот е во нив, бидејќи како и сите други се создадени по Божјиот лик.

    ;)
     
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Банализираш.
    За некои вистини е потребно време и активно учевство. Да сакаш да осознаеш.Да искусиш,пробаш.Да си повикан можеби.
    Не само да си слушнал и ти нема логика.
    И во ред е да не те интересира,да ти е одбивно,смешно можеби.
    Но да кажете сите по ред дека сте од религиозни семејства само дека ве крстеле и одвеле двапати во Црква е интересен феномен кој само на форумов постои.
     
    На eliesaab и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    5.548
    Пол:
    Женски
    Постов ти е сеопфатен, не знам не се пронајдов нигде во ова што го пиша, па ќе пробам да одговорам она што ми фати око.

    За религиски догми и јас не се сложувам, и имам и пишувано, и не навлегувам подлабоко у такви дискусии.
    И сум за прашања.
    Но исто така постои и догматичност, затворен ум како год и кај атеисти, и при тоа и атеистите за ова не се свесни.
    Поготово кога си имаат веќе однапред спремни догматични одговори и "контрааргументи" на прашањата кои наводно ги поставуваат, повторно за догми. И дискусијата повторно се врти околу догми.
    Исто така некои одговори се бараат во самоќа.
    И исто така, некои ствари едноставно не се за сукање мустаќи, а упорно натаму се тераат... од уоu got it, атеисти.
    Подлабоко е, по.. духовно е ваљда.
    Тоа исто ко да идеш да дебатираш и сукаш мустаќи со аргументи и контрааргументи на тема "Што е тоа љубов?" Небулоза.
    И да, атеистите едноставно не можат да го сфатат ова.
    И атеистите и верниците не можат едноставно да имаат исто гледиште за некои ствари.
    И тоа е тоа.
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На Biljarkata и Ajronmen им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Ти не можеш незнабожец да бидеш, така да....
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Во еден одговор успеа да ги опфатиш следниве fallacy arguments:
    Black-white
    Ad Hominem
    Personal incredulity
    Burden of proof
    Anecdotal argument

    Претажно е да претпоставуваш од каква средина доаѓа некој.
    Не знаеш 0,00001% ниту за мене ниту за повеќето членови на форумот.
     
    На theowndemon и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    7.073
    Пол:
    Машки
    Да ја земеме пчелата која постои милијарди години.

    Знаеме како изгледа нели, мала, со криља, не се гледа ништо на неа итн. Ако ја погледнеме под микроскоп, ќе видиме дека е влакнеста и само влакната и се познаваат, а ако ја проучиме уште повеќе и подлабоко, ќе увидиме дека станува за специјално суштество кое наликува на типична машина, да машина која во едно такво мало тело има прикачено и носи на себе еден куп инструменти, од кои, неколку за препознавање на растенијата, за собирање на полен, за опрашување а знаеме ако пчелата не ги опраши растенијата нема и род, на себе носи и делови за собирање и складирање на мед, ако се прихрани од сахароза 8000 пати го конвентира во себе додека не го претвори во мед, има 8 очи, при убод и се кини утробата и умира. Мало суштество а извршува толку многу операции.

    Како настанало ова суштество, за која потреба, кој и ги дал сите тие операции да ги извршува, кој ја создал, исто како и секое друго суштество па и човекот? Иако човекот е 0 спрема ова.

    Не можи од нигде никаде туку така да изникни, мора да постои некоја виша сила која за нас е непозната и нагласена е како господ. Па и да е некаква си еволуција за настанокот на светот со таа експанзија и експлозика на ширење на космосот во ладниот темен простор, но и тоа мора некој да го предизвика, некоја сила.

    Или како што вели еве атеистот (додуша евреин јудеец е) Ајнштајн:
    Ако Бог го создал светот, сигурно не сакал да го направи лесно разбирлив за нас.

    И не треба да биде разбирливо за нас, cе што треба да знаеме е пишаното писмо и таму е кажано се. И да сакаме да разбериме, не постои шанса, зошто човечкиот ум е ограничен и можи само да замислува во својата имагинација како од типот: сега сум во Австралија, на месечина, на марс и да си направи една сторија на замисленото.

    И еден куп истражувања и докажувања, никој не дал точен одговор за космосот, за настанокот на светот, за сонцето кое е ни 0.01% нее истражено а сме толку "напредни".

    И на сите овие научни докажувања од науката па и како што пишува во книгава од факултет што ја учиме, за се и сите "научни докажувања" пишува: "се мисли" и "се претпоствува". Ни научниците не се сигурни во себе во нештото што го кажуваат и го кажале.

    За сета таа сила која раководи, се држам само до ова дека Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител,
    Творец на небото и на земјата, и на сè видливо и не видливо.
     
    Последна измена: 31 октомври 2023
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Не знам. Само какво лице прикажувате. Исмевање без аргументи.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.055
    Допаѓања:
    180.366
    Ама кој зборува за организирана религија во тема, дали верувате во Господ, или во Бог, како што ја читам јас.
    Јас, Инер и Сонувана имаме скроз различно поимање за верување:D И тоа многу поразлично и пошарено отколку тоа од атеистичкото-не верувам. Слободно можеш да не веруваш, а ако сакаш доказ дека постои негде дедо со брада, уствари бараш доказ за дедо мраз:wasntme:. Отприлика тука некаде е и верувањето на децата што го спомна.
    Така што, поимањето на темава ти е утнато.

    Вториот дел нема ни да го коментирам -читај Талмуд, Јунг, Солженцин, Никола Тесла...универзалните вистини не се пишани во една книга, ниту содржани во еден ум...и сепак...негде наоѓаат нзс.
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Правиш проекција.
    Слободно посочи каде сум се исмевал.

    Јас не пишав никаде дека немате доволно прочитано за да аргументирате.

    Така да извини, исмевањето без аргументи беше од ваша страна.
     
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Не зборувам за организирана религија.
    Одговорот кој го цитираш е одговор на тоа кој може да е евангелизатор и проповедник.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Се плашам да прашам како пчелата постои милијарди години кога според религијата, и еве ко што напиша, според библијата, светот постои околу 6-7 илјади години и Господ создал све во 6 дена.
    Ме интересира чисто онака мислење.

    Ете прашање е.
    Ниту докажувам дали е така, ниту дали не е.
    Да не ми се сипете...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Имате читано,гуглано, што год..сите по ред истакнувате дека сте биле верници поради семејството, но сте го надминале тој стадиум,како ли...прашувате,а одговорот ниту туѓото искуство не ве интересира...притоа свое искуство лошо само наговестувате...ве навредува што не може да ви се поверува иако уредно цитати закачувате...не се разбираме,бидејќи е така просто најлогично...
    Инаку ти лично си ок момче, туку како група сте напорни малку....
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.916
    Пол:
    Машки
    Епа гледај, сега....
    Во првата реченица велиш дека тврдам(име) дека сум бил верник, а прееска ми велиш дека измислувам (сфрј, комунизам, два пати во црква).
    За потоа во втората реченица да речеш дека мене не ме интересира туѓото искуство.
    Па не е фер, кога првично ти моето искуство не само што не те интересираше туку онака го чкртна како непостоечко.

    А искрено мене лично не ме навредува некој да не ми верува кога цитирам нешто, бидејќи поентата стварно не ми е некој да верува во нешто што јас го презентирам.
    За мене е скроз погрешно тоа.

    Евентуално од целата дискусија целта би била да застанеме сите и секој за себе да си размисли за муабетот.
    Мислам, тоа е поентата и на секоја дискусија и интеракција меѓу луѓето.

    Ќе речам во било која дискусија на форумов, воопшто не е проблем да се изнесуваат мислења.
    Проблем е кога наместо да се нападне аргументот, се напаѓа аргументирачот.
    Ad hominem...

    Инаку фала за комплиментот.
    И ти си фина (highfive)
     
    На theowndemon и sonuvana им се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    Вистина. ;)
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.