Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.485 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    180.348
    Ок, се разбравме тогаш(highfive)
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Ги има одоговорите што ги бараш во библијата.
    Нема никакви дупки во учењата на Исус и во светата книга. На кратко, на нас ни ја дал приликата да станеме возрасни и ни дал подолго време (подолга шанса) да се покаеме и да го прифатиме неговиот пат. Како да ти кажам, некогаш тие што имаат долг живот значи дека ќе мораат да се носат со поголеми страдања и да го искусат овој пропаднат свет подлабоко и со тоа имаат повеќе време да се исправат и да се спремат кон христијанска смрт.... Не е суров господ, кажано е најмалите го наследуваат Исусовото царство. Тие нема да страдаат ко јас и ти, нив вечниот живот веќе ги чека и маките им се брзо скратени, невиноста им е задржана и го наследуваат царството. Додека нашата невиност е загубена и потребен е голем труд за да се врати преку хиристијанската вера. Нели знаеме и ние доста примери каде некоја постара личност умира (природна смрт) и се мачи ненормално, не може душа да испушти и моли некој да и ги скрати маките....баш збореше еден свештеник за ова...Го викнале да и помогне и тој и прочитал молитва која помагала полесно да се стапи кон смрта но набрзо разбрал дека направил грешка....уствари Бог не и го брзал умирањето, и давал време да се поаке и да го прифати Исус за да има вечен живот (не се сеќавам точно како беше ама свешетникот е Oтац Предраг Поповић и има некоје јутуб видео за оваа случка) Значи поминал неколку дена со неа каде таа разбира какви гревови направила, се исповедува, итн итн... деца нема за што да се исповедаат и живеат вечно во царството божјо. Ако детето е некоја друга вера, стварно не знам, Бог е мнг поголем од моето разбирање а и за подетални прашања тука е црквата и свештениците, ама сигурна сум дека не остава ниту една душа невина да е вечно загубена.

    И што можеме ние останатите живи луѓе да направиме за да има помалку зло на планетава, а повеќе добро? - и за ова има одговор, да бидеме повеќе ко Христа. Ако сите се трудиме да ги примениме неговите учења и ако активно се бориме против нашите страсти и ѓаволот сигурно ќе има мир. А Исус ќе дојде, кога незз ама сигурно ќе ги одвои добрите од лошите и ќе го прочисти светов пак како што направил и порано.

    Извини за долгиов договор пробав на кратко и на брзина да одоговор но ете мој предлог отвори ја библијата (па и онлајн ако немаш при рака) и види што ќе ти каже
     
    На OmilenataZaNego, Elenpelen и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  3. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Јас верувам во обединетост на науката и религијата во Господ т.е. сите божествени имиња на сите религии пошто е еден за сите...Тоа е најмоќната комбинација, сплотеноста во овие две категории како и сплотеноста на срцето со умот...Швајцарецот Ерик Фон Деникен е најдобар пример за овие верувања и кому му е интересно може да ѕирне што има да понуди од размислувања што ќе ве поттикнат да барате одговори се повеќе и повеќе иако некои го сметаат за контроверзен само не е битно какво мислење развил некој за вас туку каква ќе биде вашата реакција во однос на тоа...Дали ќе ве погоди или мирно ќе ја прифатите,етикетата, познавајќи се самиот/ата себеси многу подобро отколку некој друг е она што е најбитно
     
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Може ќе звучам ко хипик, ама ако господ е добро/љубов, тогаш и јас верувам во господ, зошто верувам во добро и љубов. :D Меѓутоа не верувам во постоење на рај и пекол, на пример. Што значи, не може да се етикетирам како христијанин. Но дали сум верник? И тоа е сосема океј, не сакам никаква етикета. Отворена сум за сите концепти, приказни, верувања, размислувања, филозофии, перцепции, доживувања, искуства.
    И признавам дека понекогаш силните емоции влијаат моментално врз мене, како на пример со видеото што го постирав вчера. Гневна и разочарана дека таков хорор се случува ми дојдоа секакви мисли. Мисли дека сме целосно сами, безпомошни, немоќни и кревки. И тоа е океј, зошто како што кажав, учам со секое ново доживување, мислите ми се флуидни. Деновиве ќе рефлектирам на овие мисли и ќе дојдам до одреден заклучок. Пак останувам отворена за нови размислувања. :)

    Капирам. Но зошто нас не ни ја дал таа шанса да останаме невини и веднаш да го наследиме неговото царство? Зошто нас не оставил да станеме возрасни и сами да го најдеме патот, да се мачиме низ искушенија, да правиме гревови, да се каеме, итн? Како решава кој ќе умре како дете без да искуси ништо од тоа и веднаш ќе биде награден со вечен рај, а кој ќе биде возрасен со искушенија, и ќе се бори за вечниот рај?


    И зошто кога се поставуваат потешки прашања без лесно да се прифатат општите објаснувања, автоматски демек намерно си дошол на темава за да какаш и да се контрираш? Па дури и да даваш спротивни мислења за време на муабетот, зошто мора да се наметнува дека си дојден да се расправаш? Чил, буквално е разговор. Ако учествувам, значи имам потреба од разговорот.
     
    Последна измена: 1 ноември 2023
    На pdb123, theowndemon, Cinnamon Bun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Безвезе шо така ме доживеа па и дека се расправам мех its fine едноставно сум дирекна во пишувањево и како да е чил кога се дискутираат сериозно и тешки работи ама ок ќе да е до мене, се повлекувам секое добро
     
    На OmilenataZaNego му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Општо кажав (издвоен е пасусот), се однесува на секој кој вика на еден или друг начин дека со самото тоа што упорно поставуваме прашања значи расправање. Јас лично не се расправам, затоа до секого: чил, не мора напињање само зошто прашањата и тематиката се потешки.
     
    На pdb123 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.787
    Пол:
    Женски
    " Ти постиш, а Сотоната ни не јаде. Бдееш со ноќи , а Сотоната воопшто и не спие. Ги совладуваш телесните страсти, Сотоната ни нема тело. Го читаш Светото Писмо , а Сотоната го знае напамет. Чиниш добри дела , но и Сотоната ги чини ако и е потребно да заведе некого. Само со љубов и послушност можеш да бидеш подобар од Сотоната , бидејќи таа не знае да љуби и не може послушна да биде " - Св. Мојсије Етиопјанин

    Налетав на цитатов , па се сетив на вчерашниот муабет околу потеклото на доброто и злото. Околу љубовта и послушанието, довербата во Бога.
    Акцентот е на човековата слабост без Бога, а ги истакнува и најважните доблести кој верникот треба да ги има.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Светот постои околу 4,5/6 милијарди години. Кај прочита дека посто 6-7 илјади години?
    Само човекот настанал околу 3-4 милиони години?
    И во библијата никаде не пишува светот настанал тогаш и тогаш. Библијата започнува со тоа како бог го создал светот со никаков конкретен датум.
    Ако постои дел кај што пишува дека настанала пред 7 илјади годи посочи кај е може и јас грешам. Инаку само првата книга од библијата почнала да се пишува пред околу 3400 години, т.е околу 1400 год. п.н.е.

    Офтопик е ама морав да цитирам.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.646
    Допаѓања:
    39.347
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила. Огромен број од македонците се декларираат како Христијани и многу е јасно дека религијата помешани со традициите кои излегуваат од нејзе се слаба точка на нашиот народ. Можеби во тоа време не се практикувала толку јавно и не била да речам популарна, ама факт е дека огромен број луѓе што се пораснати тогаш денес се изјаснуваат како верници.
     
    На Ajronmen и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    180.348
    Да се вратиме на изјавата што ја цитирав-повеќето од нас се родиле во прилично религиозни семејства и општества...
    Повеќето, да не речам сите од нас, се од општеството СФРЈ. Црквата не била забранета, ама не била ниту популарна ниту пожелна. Ако не ти, тогаш твоите родители се од тоа време, што значи општествениот бекграунд, т,е. семејството во кое си се родила е тоа. Ако не биле незнам, попови, а повеќето логично, не биле, па не се ни денес, тогаш нема прилична религиозност. Немало ни некои верски школи, ниту некоја силна црква, како да речеме католичката во Хрватска. А, ако земеш предвид дека генерациите пред војната, т,е. пред комунизмот, биле практично неписмени, останува следново:
    - општеството е прилично суеверно (по традиција) и декларативно христијанско (за муслиманско, не знам)
    - ко што вика во потписот @daylight -одењето во црква те прави христијанин, колку одењето на автомеханичар што те праи кола (или како и да беше)
    - во еден анегдотален хрватски коментар, се зезаат за ,,мрачните времиња на едноумието,,- во времето на Тито, муслиманките носеа мини сукњи
    Се на се, прилично религиозни е погрешен коментар.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Имаш родословија до Исус. Татко на оној, син на оној и така натаму.
    Имаш точно години кој кај се родил кога и колку живеел.

    Мојсеј почнал да ја пишува Битие околу 1500 год. п.н.е. Од каде мислиш дека е дојдено до таа година? Не е директно за пишана... На истиот начин е пресметано.

    Точно има наведено родословија до Адам.
    Коа ќе ги ставиш во временска рамка, Адам почнал да живее околу 4.000 години п.н.е.
    Сега сме 2023... Значи околу 6.000 години...

    Еве ти и табеларно...

    71CaHhjoOyL._AC_UF894,1000_QL80_.jpg

    Screenshot_2023-11-01-20-41-04-241_com.google.android.apps.photos~2.jpg

    Тоа си е официјалната библиска хронологија... Прифатена е и од јудаизмот и од христијанството и од исламот.
     
    Последна измена: 1 ноември 2023
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Ќе коментирам пак бидејќи "прилично религиозни" беше мој коментар.

    Те разбирам, ама по твојата логика ретко која држава или нација е религиозна.

    За тоа дали вистински се практикува христијанството како што треба, е знак прашалник, да.
    Ама за повеќето конзервативни теми цела источна Европа си ја фаќаме религиозната страна... Така да...
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.052
    Допаѓања:
    180.348
    Имам така чувство накај оф топик ама нејсе. .. Кои конзервативни теми, и која источна Европа на каде фаќа? Пример?
    По мојата логика, вака некако
    upload_2023-11-1_21-42-44.png
     
  14. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Јас за ова прв пат слушам, ама нема логика ова. А за тоа кој кога пишувал битие мислев дознаваат според јазикот во кој период кој јазик се пишувал и мислев дека од науката потекнува...
    Јас мислев ти си помешал нешто со годините, јас не ни знаев дека вакво нешто постои.
    Јас верувам во господ, не сум некој кој знае каков верник, ама ова се чисти глупост како наоѓаат постари остатоци од луѓе ако адам бил прв човек. :^)
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Ме зезаш...
    Абортус, хомосексуалност, феминизам и тн...
     
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Епа убаво размислуваш, браво. Тоа прашање треба да си го поставиш... Како ли наоѓаат?

    Инаку ниту е глупости ниту е измислено. Прашај било кое свештено лице од било која религија.
    Теологијата е наука, и се изучува историјата на религијата, и историјата на библијата.
    Не е ова од атеисти :rofl:...
    Атеистите баш велат дека не е точно...
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dayandnight

    Dayandnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Ne čitav komentari,pišam moe mislenje,vervam mnogu,ama ne gi sledam site 10 božji zapovedi,i nemožam i nesakam,a za vie vernici sto ste,mozite da me raspnite odma,pram so sakam so mojot zivot i kako mi čini mene,pram dobro vo sekoj moment koga mozam i me ispolnuva,drugo nemoźam,i spored mene i za mene dovolno e.
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.087
    Пол:
    Женски
    Слепа улица е муабетот за злото и неправдите. Што и да кажеш ќе ти одговорат со реферат што е содржински еквивалентен на така требало да биде. Цела религија им се темели на маскирање на многуте вознемирувачки работи во светов за да можат полесно да се игнорираат и толерираат. Што донекаде е разбирливо зашто како луѓе со емоции ни треба начин да живееме со такви нешта, ама од друга страна многу е сурово и безобѕирно да погледнеш некој во очи и да му кажеш дека неговото страдање е дел од некој космички ред и сè ќе биде океј на оној свет. Колку што е утешително за нив толку е и безобразно за другите. Ретко некој верник да има осет за ова.

    @quattro Ако пчелата е толку комплицирана да мора да има дизајнер, тогаш и самиот дизајнер (подеднакво или повеќе комплициран) мора да има дизајнер. Неговиот па уште повеќе. Ти можеш да веруваш дека дизајнерот на пчелата е исклучок и дека тој може сам по себе да постои отсекогаш, ама зошто па јас да верувам во тоа?
    Значи пчелата не ти докажува ништо, само го пренесува мистичното прашање за комплексноста на универзумот еден чекор наназад. Btw, пчели не постоеле пред милијарда година.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Romancer

    Romancer Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Машки
    Епа колку повеќе читаш толку повеќе свајќаш дека нема логика. Атеист се станува со читање религиозни книги.
    Ете пример според библијата Адам и Ева имале два сина кои отишле во соседното село да бараат жени. Од што изникнало тоа село ако знаеме дека во тој момент имало само 4 луѓе? Друг пример, арката на Ное била голема колку фудбалско игралиште. Ќе собереш по две единки од сите животни на фудбалско игралиште?
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.544
    Пол:
    Женски
    Слепа улица е муабетов целосно.
    Ова испаѓа атеистите филозофираат тродупло повеќе од верниците.
    Злото постои како резултат на оттуѓеноста на луѓето од Бог, со тоа и човечноста, доброто, емпатијата. И е против првичниот план. Дадена им е слободна воља да бираат, акција-реакција. Толку. Без додатни филозофии.
    Кога си полно човечко суштество си приближен до Бог, кога не, си оддалечен, страдаш и придонесуваш во страдањето на другите.
    Според атеистите злото е резултат на дехуманизација на човекот, според верниците дехуманизација на човекот и оттуѓување од Бог. Толку.
    А филозофии од типот дали или не требало така да биде, се тоа, филозофии (вклучително и од верници и од атеисти) .

    Еве, ако стварно толку ве интересира како луѓето (и верници и неверници) го дозволуваат злото можете слободно да го погледнете видеово. Ако не ве интересира, и сакате да одбивате и продолжувате да ја префрлате вината(и едните и другите) на сосем трета страна, Божја желба, судбина, сплет на околности,и што ти ја знам, слободно продолжете си со кукања и филозофии.

     
    Последна измена: 2 ноември 2023
    На Srckata28 и Biljarkata им се допаѓа ова.