Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.485 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.481
    Пол:
    Женски
    Искрено, едно од најлошите нешта што можете да си ги направите себеси е да анализирате зошто се случуваат лошите работи во светот, иако апсолутно ве разбирам. Но, нема никогаш да најдете одговор што ќе ве задоволи (ниту пак мислам дека постои конкретен одговор) и само ќе си направите внатрешна тортура за нешто што се надевам и посакувам да е далеку од вас.

    Знам дека е ова осетлива тема и многу од вас би сметале дека е себично што јас од безбедноста на мојот дом со сите благослови, не седам и плачам за сите луѓе што настрадале на светот или што немаат да јадат, но не знам како било кој има бенефит од тоа. Никому не е лесно да проголта зошто се деца силувани, малтретирани, убивани, мене ми е апсолутно вознемирувачки да читам за било што такво. Едно видео немам отворено или погледнато во врска со случувањата во Палестина ниту пак ќе погледнам. Слободен Печат ми беше главниот извор за читање вести, ама морав да ги отследам затоа што се потресував од секое нивно второ стори, си ставив прст на глава и размислив зошто морам да знам за секоја девојка која е силувана во земјава и секое семејно убиство,,? Не морам и не сакам. А, не морате ни вие.

    Прво нешто што можете да направите е да ги освестите благословите со кои живеете и да ги цените секоја секунда, да си ги гушнете сите сакани кои се живи и здрави и да бидете пример за се она од што сакате повеќе на планетава.

    Второ нешто, треба да си најдете одговор на сето ова, што ќе ве смирува. Мене тука ми помогна духовноста и јбг, за првпат во мојот живот сфатив зошто некој би избрал да биде религиозен. Затоа што мислите дека ова е се дел од нешто повеќе, носат мир. Имајте си своја перспектива за Господ или своја филозофија за животот.

    За мене Господ е љубов, (кој инаку не се заканува со пекол). Воедно и ние сите внатре сме љубов и делови од Господ, што го имам спознаено преку медитација и единствено така можам да го објаснам. И да, луѓето што се далеку од Господ, односно од љубов, ги прават тие одвратни работи. Живеам со верување дека живееме во свет со поларитет и ако не знаеме што е небезбедно не би знаеле што е безбедно, ако не знаеме за болест, не би знаеле што е здравје, едноставно кога подлабоко размислиш мислам дека секој од вас може да разбере дека ќе се изгуби целата поента на животов, на човештвото и на она што сме, ако не постојат лоши работи.

    Верувам дека секој човек е дојден на оваа планета со своја причина. И дека на вас што се малтретирате во врска со лошите случувања ви е потешко од самите луѓе кои починале и чија душа е сега чиста љубов. Според мене, а не мора да сум во право, единственото решение е да се дига колективната свест, со тоа доаѓа и правда и мир и се. И еден пример кој секогаш го користам како доказ дека свеста се навистина дига: колку што ни е нам ненормално и страшно да има војна, пред којзнае колку години било апсолутно нормално да се убиваат и силуваат деца, жени и општо да се убиваат луѓе, па мислам дека сме поблиску до бога од било кога.
     
    На Mishela, MissChievous, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.645
    Допаѓања:
    39.343
    Пол:
    Женски
    Па сега, едната страна од семејството ми е религиозна од многу многу одамна, така да... моето искуство е тоа. Не дека имам нешто наметнато, мислам се гледа. :D
    Потполно се согласувам дека религиозноста не се "мери" преку адети и народни верувања, ама ако перцепцијата на поголемиот дел од народот за религијата се сведува на тоа, тогаш може да заклучиме дека и поголемиот дел од народот се некакви верници. Ако направиме обична анкета и 80% се декларираат така, тоа ќе го прифатам како доказ, не ми требаат некои објективни стандарди за субјективно нешто како вера.
    Да, не била популарна во СФРЈ, ама да не ја практикуваке(макар и скришно) денес ќе беше заборавена, што не е баш случај.
     
    На theowndemon и Ajronmen им се допаѓа ова.
  3. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Убаво рече, не била популарна.
    Тука малце се прави наратив како да била забранета...
    Конкретно за во Мк, во време на СФРЈ и автокефалност прогласиле, и си држеле литургии со претставници на СПЦ и на руската пц, и Соборниот храм сред Скопје се градел.

    Плус изгледа дека освен во Скопје и поголемите градови, религијата си останала прилично популарна во помалите места.

    А тоа што пред комунизмот имало многу неписмени, воопшто не е причина или доказ дека населението не било религиозно. Историски секогаш кога неписменоста е голема кај една нација - религијата е посилна.
    Затоа што тогаш народот нема пристап до некакви свети книги и мора да оди кај свештеникот за да развива некаква духовност и да бара прошка за гревовите.
     
    Последна измена: 4 ноември 2023
    На Lella, theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    180.331
    Па освен во Скопје и поголемите градови, го прави тој доминантен дел на популација, по бројност. 14 села околу Битола по бројност, не е еднакво на Битола, на пример.
    А кога нема пристап до книти, и да има не знае да ги чита ко што треба, и нема пристап до свештеник, и свештеникот колку знае-резултат ќе веруваме во народни поговорки како света вистина. Пример- за Божиќ не се излегувало од дома јер така викала поговорката- буквално. Или чуле, око за око, заб за заб, и ај да се колиме. Религиозност пар екселанс(facepalm)
    А дали сега неписменоста е поголема отколку пред 50 години, што религијата е посилна ко што велиш? :?:
     
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Па на пример, збореше за СФРЈ.
    На пример Скопје од 48' до 70' има 80.000 до 160.000 жители, а е пак најголем град во Мк.
    Најди си статистики од пописот на населението па види дали доминантниот дел од популацијата (до милион и сто илјади) живееле во поголемите 4-5 града или во руралните средини, на пример.

    Па да де, шо каже попот тоа било.
    Буквално затоа повеќе од 1.000 години библиите се на јазици шо и писменото население не би можело да ги чита - пример латински.

    Така де, тоа е проблемот со религијата...

    Не реков дека религијата е ПОсилна од порано.
    Во позападните општества е веројатно послаба од било кога.
    Сепак, си вадат сила во бројките.
    Дали верниците се традиционални христијани, или христијани по убедување нема везе.
    На крај краеви, излези на некој либерален протест па види сама...

    Да беше генерално слаба религијата ќе имаа катанци на храмовите и свештениците ќе работеа други работи.

    Да беше религијата помножена со 0, немаше нивните претставници да седат во прв ред во собрание кога претседателот положува заклетва или се прави нова влада.
    Мислам лол, пола Европа, пола Америка, е демохристијанско општество.
    Ретко каде десницата не е христијанска.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    10.000
    Пол:
    Женски
    Ај ја да се убацам вака не повикана :) Темава е дали веруваме во Христијански Бог, или било кој друг обликнна Бог?
    Да знам дали да коментирам де? :?:
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    22.722
    Пол:
    Женски
    Најпаметниот пост шо го иам прочитано на оваа тема :handshake:
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    И јас повеќе пати имам прашано, да се дефинира господ за да знам да одговорам. Мислат саркастично прашував, еве пак кажувам дека вистински ме интересира.
    Неколку членови рекоа дека е љубов; тогаш и јас верувам во него.
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    180.331
    Муабетов е бесполезен, не знам оти не се разбираме.
    Во 48ма што било не знам, скроз е ирелевантно. Во 80тите во Скопје имаше толку коли колку декларирани верници, на прсти се броеја. И не рече ти дека религијата е посилна сега, јас велам, очигледно е. Или, декларативната религиозност-која нема врска со темава.
    Полска е католибан, во Хрватска клечачи се појавија, а во Македонија се крстат во автобус, ко ќе поминат покрај црква. Прашањето беше просто- дали се денес помалку писмени од порано? Пошто твоја теза беше-колку е населението помалку писмено, повеќе е религиозно.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Не може да се дефинира. Или веруваш или не.
    Кај секого е различно.
    Верските определби стави ги на сррана.
    Изнесете си го своето мислење без потреба некој друг да ви дефинира прашања.
     
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Машки
    Како што ти го коментираше моето мислење, така и јас твоето.
    Не ми правиш интервју за да ми кажеш на кој дел од твојот пост да вратам.
    А прашањето, меѓу другото, сепак беше одговорено.

    Во 48' што било, е релевантно затоа што два поста погоре, ти го направи да е релевантно.

    Не можеш во дискусија да нафрлаш идеи и потоа кога ќе ти се дебанкнат, наеднаш соговорникот не знае што збори.
    Мислам, можеш, ама не е конструктивно. Провидно е.
    Ако ти се дискутира, дискутирај нормално. Кажи мислење, идеја, постави прашање, дај статистика, дај информации.

    Не мора секоја дискусија да биде цинична, сакрастична.

    Поголеми се шансите да се разбереме...
     
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.827
    Допаѓања:
    23.481
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми објасни зошто точно порано комунисти (?) се криеле во врска со религија? Може глупо е што не знам :$, ама јас лично сум крстена со поп кај мене дома наместо во црква, заради дедо ми, но никогаш не ми било баш јасно зошто. Ве прочитав малку дека спомнувате па ме интересира ако некого не го мрзи.
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    180.331
    Оти биле сметани за непријател на каузата, државен непријател. Во основа, луѓе кои биле убедени комунисти/марксисти се атеисти и не сакаат мешање со црквата. Јер религијата е опиум на народот, како што вика Маркс. Па не треба да постои, исто како и приватната сопственост -мислам тие се премиси.
    Лично немам учено марксизам, немам ни поим како во екс-ју коегзистирале црквата и комунизмот, ама твојата приказна на ,,илегално,, крштевање ми е позната од повеќе страни.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Како да изнесам мое мислење, ако не знам во која насока отприлика да биде? Мора да има некоја дефиниција, нешто мора да биде, ете и верба ако е, тогаш верба во што?
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Еј, сеа. Сама себе се праиш глупа со муабетов. Не зборуваме за напредна технологија, знаеш добро за што се зборува. Тупиш без везе
     
  16. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    10.000
    Пол:
    Женски
    Во право е што прашува членката, пошто овде контрадикторно на све е што токму се дава дефиниција ( у позадина е Христијанството нели).
    Прашање е дали веруваш во Господ, а не дали веруваш во Исус или Алах или Буда...
    Просветлете ме ако не сум сфатила нешто???
    И религија е нешто сосема различно од верба:)
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Најсериозно не тупам.

    Кое фајде од тема ако сите праат муабет со мистериозни шифри и кодови за соло дешифрирање, без да се каже директно. Најдобро да има еден вовед "секој си знае за себе" и да се избришат коментарите и да не праиме муабет.
     
    На Bezimenka90 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.733
    Допаѓања:
    168.778
    Пол:
    Женски
    Немам време да коментирам за другото, ни желба. Јас често се викам неверник, некогаш атеист ама сум отворена кон се и читање за религии и каков (позитивен) ефект имаат кон луѓето ме фасцинира и како можи да се искористи во психотерапија како моќна алатка. Така да веројатно сум агностик, ама не ми е доволно гајле да клам лепенка. Иако не вервам и имам негативен став кон организираната религијата, ама не и Бог. Само сакав да се надоврзам дека сите идат од религиозни семејства кои сме неверници @Biljarkata. :D Од страна на мајка ми се ќежуал верници. Као прат обреди, одат во црква, Господ му е в уста. Ама не се нешто вау спиритуални туку она класичното на обреди и традиции врзани со религија и нормализација дека Бог мора да постои за се да прај смисла, како прибежиште. Прабаба од тука имав жива до тин години, која исто така беше религиозна. Мајка ми неодамна низ годините се радикализира. Од страна на татко ми се "интензивни, редовни" верници. То е одење во црква во Недела без исклучок, пеење во црковни хорови, организирање акции, одење на некакви поклонувања, донации, асистирање на градење црква. Во Југославија само и само дедо ми беше неверник од таа страна и тоа гласен неверник. И баба ми смета дека умре на 27 ради то како резултат. Неговите родители беа верници. Нејзините беа. Роднините беа. И тајно праеја обреди шо уствари денес ни се дел од традицијата и тајно одеа во црква и чичко ми и татко ми тајно се крстени уште од мали дури и тајно од дедо ми и ова баба ми ми го има кажвано како приказна. Кај нас традиција = религиски обреди и лично ги прам зошто вервам во одржување на традицијата иако оди против моите верувања. Сакам традиции. И лично јас до тин години бев растена во религија и со Бог и то мислам дека можи и е резултат на проблемите по ментално здравје шо ги имам пошто јас ритуализирам анксиозност и многу е лесно да ритуализираш анксиозност низ религија. И со тек на време низ страшно бавна транзиција сега на мои 27, на години кога починува едниот атеист во моето семејно дрво, сум комотна да кажам дека не знам дали има Бог и ако има е кул, ама неќам и не сум дел од организирана религија. И не можам да почнам да опишам какво ослободување е. Како огромен товар да сум фрлила од грб. Ама дома уште не зборав отворено за ова оти имам 10 години помал брат и пак, знам колку е важна религијата за моите. И тој сам стигна до ист заклучок ко мене. Минус мојата анксиозност, многу полесно стигна до ист заклучок и прв пат можам да сум скроз своја дома иако casually ми се вели дека ќе горам во пеколот. :D
     
    На INNERBEAUTY, Biljarkata и Viveki им се допаѓа ова.
  19. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Да, апсолутно. Создадени сме, неслучајно, дадени ни се информации (свети книги), скоро сѐ ни е испланирано и програмирано од тие виши сили и за жал на за нас несфатлив начин, порано или покасно ќе го напуштиме животот....
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.050
    Допаѓања:
    180.331
    Ама тоа е поентата во верувањето- никој не знае, може единствено да верува или да не верува. Не знам зошто воопшто се дискутира за организирана религија во оваа тема, кога темава не е за тоа.
    А бог, во кој веруваш или не веруваш, може да биде апсолутно индивидуална категорија, во филозофска смисла, како што вели Волтер-ако Бог не постои, ќе требаше да го измислиме.
    Јас разбирам дека од наметнување еден екстрем, може да произлезат контра-екстреми, па така и ,,неверници,, кои произлегуваат од ,,вернички,, семејства, исто како што многу вредни луѓе може да произлезат од ,,мрзливи,, семејства, или обратно, сето во наводници, оти етикети, not my thing...Само што, премногу смешни примери за погрешни причини од очекувања и верувања знам, за да речам- во основата, се е тоа ради погрешни идеи. Не дедо ти не умрел оти неверник, ( мојот, комунистичкиот, умре на 82, и пред да умре бараше поп, ама тоа е друга приказна ), и мислам дека баба ти со такви идеи живеела со грешни идеи, исто како мојата која во исто коше имаше и цркви и суеверија...А Бог дали постои или не, нема да ти се каже ако се молиш за 7ца на лото и не ја добиеш (не ти лично де, така е зборот), мислам дека се малку покомплексни работите.
    Е сега-за екстремите, ако е општо место дека еден екстрем води во спротивен екстрем, а јас верувам дека правилниот пат е на средина...логично, ако некој ми кажуваше ко мала, како обично бабите - не прај така, вака, оти ќе се лути дедо боже -веројатно и јас ќе имав одбивност кон идејата за тој дедо боже. И ако повеќето од ,,неверниците,, пораснале со такви ,,верници,, а денес се побројни некои ,,верници,, нели тоа значи дека со ,,неверници,, пораснале? Тоа што е загрижувачки за иднината, е дека овие ,,верници,, денес, со крстот на ланец и швалерка, повторно немаат разбирање за идејата бог. Ама за тоа, во темата лажни верници и проблеми во иднината ради нив.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.