Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Па не мора да се дефинира, пишете во што верувате или ако не верувате, не верувате во ништо освен на пример наука и сл. Многу е едноставно
     
    На Viveki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    9.915
    Пол:
    Женски
    Верувам во Бог.
     
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.490
    Пол:
    Женски
    :D
    Тоа е проблемот со атеистите, ги сакаат одговорите тука и сега, одма.
    И дебати да, бескрајни дебати и сукање мустаќи за храна на его, и демандирање на истите тие одговори, дополнителна иронија е кога ги бараат од други, додека наводно се бунат за тоа што други даваат одговори и креираат замисла. :D
    Но не функционираат така работите, или тајните на Универзумот if you will.
    Верба во Бог/виша сила е само тоа, верба во виша сила, и смисла на животот(наспроти нели, нихилистичка случајност).
    Што и како ќе го дефинира кој, е лична и само лична ствар.
    Исто и со верниците што сметаат дека само верба, дефинирана замисла, како и држење до одредени правила и кодекси (за што е целата и единствена намена на религиите) се доволни само, се лажат.
    И Исус збореше во параболи со причина.
    Сепак постои нешто што сам треба да го трагаш, осознаеш, освестиш...
    И тоа не може никој друг, отец, научник, кој и да е, да ти го даде(или одземе), може само да ти помогне(или одмогне) на пат до.
    Се друго е делузија и илузија во лавиринтот на илузии на егото.
     
    Последна измена: 5 ноември 2023
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.636
    Допаѓања:
    167.642
    Пол:
    Женски
    Хм не мислам дека е баш ради екстремите туку мислам дека тој страв кој се пропагира кај некои верници, и е доста чест во мое искуство, е толку силнен шо можи да напрај некој да осети страв да напушти религија ама не и само то - туку да има лојалност да остани паралелно оти сите веќе се таму. Пак, ова е во мое искуство. Ако имаме лабав неверник или лабав спиритуален чоек никогаш нема да можи да се стигни до точка каде потиснатиот бега од очај/висока анксиозна рракција, во неверство или се продлабочува целосно во религијата, пак, од очај/висока анксиозна реакција. Дали ќе оди во едниот или другиот правец зависи од самиот човек, ама основата е иста: притисокот кој го осетил за да се поклопи со остатокот од семејството пред се, а после и општеството. Пак, ова е од мое искуство. Оти најголемите верници шо ги знам и луѓе кои активно сакат да се одделат од религијата - често делат иста појдовна точка.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.964
    Допаѓања:
    179.676
    Нешто као те разбрав, скоро:tmi:
    Само појдовната точка не сум сигурна дека ја разбрав. Стравот ли, и ако страв, од што уствари?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Како може да се верува во Господ, а да не си религиозен? Ме интересира ставот само, ако може некој што има такво мислење да ми одговори
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.964
    Допаѓања:
    179.676
    Дефинирај религиозен.
     
  8. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Нека дефинираат тие, затоа и прашав, пошто прочитав имало разлика верување и религиозност. Па би било коректно тие да си го објаснат ставот при што ќе објаснат што подразбираат под религиозност.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.636
    Допаѓања:
    167.642
    Пол:
    Женски
    Основа на страв/анксиозност шо те тера да одиш во еден или друг правец. :D

    Јас барем, ги гледам одделно иако често одат и заедно. Верата ја гледам како спиритуалност и впрочем почесто го користам тој израз место "верник". Религиозен, према мене пак, е некој шо припаѓа на некоја религија. Тој некој можи само ритуализира од навика и не верва иако во мое искуство најчесто е и спиритуален. Скроз можи некој да верва во Бог ама да тој Бог не е дел од некоја религија. Или да е своја дефиниција на Бог. Верва во виша сила ама не се "согласува" со воспоставените организирани религии.
     
    На Amellie13, Srckata28, Ajronmen и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    9.915
    Пол:
    Женски
    Многу фино ти објаснила членката погоре. Меѓу другото што би се повторувала, јас поагресивно би ти ја објаснила разликата помеѓу религија и верба во Бог.
    За да дискутираме понатаму, ме интересира ти како ги поврзуваш религиозноста и Господ?
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Мислам дека проблемот е шо по дефиниција зборот "верник" е некој што застапува или припаѓа на некое верско друштво = религија.

    По разграничувањето што го направи @theowndemon, ако во случајот "верник" = спиритуалност или убедување, тогаш и јас сметам дека не е исто...
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.490
    Пол:
    Женски
     
    Последна измена: 5 ноември 2023
    На Biljarkata и Srckata28 им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.455
    Пол:
    Женски
    Најмногу поради тоа што не сакам да припаѓам на ниту една организирана религија. Си имам своја дефиниција на Господ, која се совпаѓа со дефиницијата на некои Христијани, со некои не, но ете сепак не сум религиозна затоа што не верувам во тоа што е напишано во Библија, не верувам во пекол и едноставно не сакам да се приближувам до сликата на религија, почнувајќи од мизогинија до злоупотреба на народот и крадење пари.

    Со религиозните луѓе ме поврзуваат зборовите како духовност и верба но не и самата религија.
     
    На Amellie13, theowndemon, Viveki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Значи уствари вие поистоветување Бог, со неодредена виша сила. Според мене ако веруваш во Бог, знаеш во кој, одреден е, еден е, затоа е Бог, севишен. А кога веруваш во него, ги следиш неговите кажувања, го сакаш, се плашиш од него, го почитуваш. Па така ако веруваш во него, веруваш во неговата сила, во неговиот збор, па по дифолт и си религиозен.
     
    На Wideperpetual, Bitter-Sweet и Aнонимус_ им се допаѓа ова.
  15. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.490
    Пол:
    Женски
    Некои веруваат во Бог, некои само Виша Сила, некои не.
    Ова е поопшта дефиниција, во 21век.
    Одредена, неодредена нивно си е.
    Пак една, Виша Сила. Бог ако постои е еден на сите, и постои еднакво за сите.
    Религиите постојат со свои според нив дополнителни верувања и правила, како и адети околу ова. Мада, горе долу исти.
    Некои верници не се сложуваат со некои од нив.Некои стануваат арелигиски. Некои атеисти.
    Убаво пиша, според тебе, ова е гледиште на религиозна личност, која поистоветува и не разликува религија со Бог.
    А ова мој Бог, твој Бог, ваков Бог, таков Бог има направено доста проблеми низ историјата и човештвото, и уште прави. И можда е време да престане.
     
    Последна измена: 6 ноември 2023
    На Biljarkata и Srckata28 им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.455
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека е неодредена виша сила, дури и не ми се свиѓа изразот виша сила. Едноставно, ако јас верувам дека Господ е енергија, ако е се што постои и ако ние сме дел од него, не може да се поспецифично дефинира.

    Работите што ги наброја се исто некои од стварите зошто не сум религиозна, не ми треба Господ од кој ќе се плашам и "почитувам". Така да не сме по дифолт религиозни.
     
    На Amellie13, Ajronmen, Viveki и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    Дали учителите кои си ги имала во животот прво си ги почитувала па засакала или е доволно само да ги сакаш и сметаш дека си еднаква со нив?

    Господ е створител, а ние сме створени, нема потреба " мали богови " да бидеме. Доволно е да имаме доверба и да сме сигурни дека не љуби, најсличен ми е односот со омилен учител и дете...
     
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.455
    Пол:
    Женски
    Се работи за различни верувања. Не можеш и нема потреба да ме разбереш. А и јас немам потреба да бидам разберена. Верата е многу индивидуално нешто.
     
    На Biljarkata, theowndemon и Viveki им се допаѓа ова.
  19. Viveki

    Viveki Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.417
    Допаѓања:
    9.915
    Пол:
    Женски
    Религијата е пропаганда. За жал, една од најмоќните алатки кои се користат за манипулација на луѓето, "верниците".
    Кога се раѓаме сме "табула раса", поима немаме дека всушност постоиме, ни кај сме ни зашто сме, зависиме од родителите, нели за јадење за спиење, топло, ладно, ранливи сме, суштество што не може да се одбрани само...Кое бебе кога ќе се роди знае на која религија припаѓа? До одредена возраст, кога родителте ќе му ја наметнат религијата на која што тие,припаѓаат, исто како и на нив што им била наметната од нивните родители, и така...
    За разлика од вербата која доаѓа природно, религијата е наметната затоа што е создадена од луѓето.
    Како може да си верник, ако убиваш во име на Бог?
    Дали инквизицијата според тебе е "Божјата рака на правдата"?
    Дали ќе одиш во рајот ако не переш алишта на Огнена Марија, голем празник, или ќе одиш во пеколот ако јадеш црвено на истиов ден?
    И на крај краева која религија е вистинската?
    Бог е Бог, и нема што да му се дава облици, или да се претставува како догма, нема потреба од богобојазливост...Можам уште многу да пишувам, но ова е многу осетлива тема и има многу аргумети за изнесување, да не избегаме од темава.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    2.786
    Пол:
    Женски
    Точно е ова....нема ни потреба да раскажуваш, тешко е чувства да се раскажат.
    Свое размислување напишав,поттикната од твоето околу почитта и љубовта.