Не сум религиозна особа, значи не верувам ни у Господ...ни у било кое чудо што е производ на религија...иако тоа не значи дека не ги почитувам сите религии. А не верувам од причина дека луѓето го создале Господ, а не обратно, зашто на луќето им треба водич, односно некој вид на надеж, нешто во што може да веруваат во најтешките моменти, па Господ се јавил како резултат на се тоа. Односно сире религии се создадени за луѓето да имаат у што да најдат утеха !
Нема многу да пишувам и на многумина да им објаснувам, но само ќе поставам неколку прашања, па кога ќе си одговориме значи навистина не постои Господ. 1. Смрт. Човек умира, додека бил жив бил потполно здрав. Се случува сообраќајна незгода, губи доста крв и умира. Прашање: Зошто медицината и покрај се што прави не може да го врати во живот? Што е она што го изгубил и не може никој да му го врати и да се врати помеѓу живите? 2. Зошто никој доктор кој врши секојдневно многу операции никогаш не ја видел совеста, не ги допрел со свои раце чувствата, не го видел умот на човекот, дали тој има форма, боја, дали е зелен, жолт, црвен, триаголен, седмоаголен, кружен? 3. Пчелата гради шестоаголници од восокот за да го изгради саќето. Најрационално се градат тие ако надворешниот тап агол изнесува 109 степени и 28 стотинки, а остриот 70 степени и 32 стотинки. Научникот Реомир со помош на логаритамски таблици прасметал дека тапиот аголтреба да изнесува 109 степени и 26 стотинки, а остриот 70 степени и 34 стотинки. Други научници истото го провериле и заклучиле дека Реомир згрешил, а не пчелата. Па, кој ја научил пчелата на ваква виша математика и непогрешно сметање со логаритамски таблици?!
Медицината може да погреши, како што може и да спаси нечиј живот. Како што е во природата на птицата да се ориентира во просторот, така е и во природата на пчелата, или пак пчелите оделе на предавање кај Господ и тој им предавал виша математика? Жено не биди смешна. Нашиот дух, нашето јас не се покорува на ниеден Господ, ние сме слободни, независни и свесни сме за доброто и лошото, за грдото и убавото.
Драга Magnolija, и самата пиша дека „Нашиот дух.....свесни сме за доброто и лошото....“ , но ако би сакала да ми одговориш на прашањето. Од каква природа е нашиот дух и од каква природа е доброто и лошото? Дали досега го имаш видено духот човечки, како форма, како како образ? Дали ги имаш видено доброто и лошото, како изгледаат? Но, да ти одговаорам на самиот твој одговор. Можеби несвесно, но сепак напиша дека човекот е составен од две природи: тело и дух. Што мислиш кога човекот ќе почине каде престојува неговиот дух ( бидејќи не веруваш во Господ)?
Верувам.. Тој ми дава сила да продолжам и знам дека и во лошите моменти е со мене и ми помага да одам напред..
koga umira covekot umira i negoviot duh,fakticki duhot e svesta na covekot,razumot koj proizleguva od mozokot i od setilnite organi . [mod-kirilica:2dvlei8e][/mod-kirilica:2dvlei8e]
Духот човечки никој го нема видено, тој се чуствува. Јас постојано работам на мојот дух. Имам престава што е добро, а што лошо. Никој не знае што се случува со нашиот дух кога ќе умреме. А тоа дека нашиот дух по смртта ќе оди во рајот или пеколот е мит! Зошто се создадени митовите? За да се објаснат на некој начин природните појави кои не им биле познати на луѓето. Како што на старите народи немале престава како настанува громот, па си имале Бог на громот и слично.
Како што гласав на анкетата-не сум сигурна дали верувам во господ,но мислам дека повеќе сум накај оние што не веруваат.ЕДно е сигурно-никој не го видел господ и нема доказ дека тој постои,а сепак сите ние веројатно од навика се повикуваме не неговото име-дај боже,со господ напред и слично. Ако веќе постои господ зошто не е праведен кон сите,зошто не ги излечи болните,зошто не ги усреќи несреќните?Или треба да се прифати она дека несреќните ќе се усреќат во божјото царство.Некако комплексна ми е оваа тема,ама сепак мислам дека можам да се ставам себеси во редот на атеист Не знам дали можеби постои некоја виша сила или пак се е резултат на нашите верувања во себе,во она што искрено и длабоко го сакаме па преку моќта на потсвеста го остваруваме? Сепак мислам дека господ како личност не постои
Гласав дека не сум сигурна. ретко одам во црква, одам тогаш коа треба и мора.и кога влегувам внатре се осеќам чудно и се си мислам дека Господ воопшто не ни постои, значи поише сум кон не верување. (извинете ако ве навредив тие што верувате. ) сум носела божји алки имам и ланче со крст но не го носам, и сум ги носела онака, не од што нешто ептен верувам. а и ако постои, зашто никој не го видел, не не избави од нашите маки и страдања, дали на некој болен, сакат човек му помогнал да се излечи. Не! А и нели се вели дека Господ го создал човекот, прво го создал Адам и од реброто на Адам ја создал Ева.Ајде кажете ја логиката во ова. Како може да се создаде од ребро човек? а и научно е докажано дека е така. впрочем, примитивните луѓе што незнаеле како настанал човечкиот род и некои природни појави како грмотевица, молња, дожд, сонце и некој метеор што паднал на земјата ги припишувале овие појави на некоја виша сила што е посилна од нив и што е над нив, и таа сила ја нарекле Господ. и ако е Господ еден и единствен зашто другите народи веруваат на пример во Буда, Алах и слично. а и Грците биле многубошци, ако тоа не е вистина не е ни Господ вистина. И природонаучникот Чарлс Дарвин докажал дека човекот потекнува од некои прастари изумрени предци што чекореле на земјава пред милијарди години.Всушност човеколикиот мајмун и човекот потекнуваат од заеднички предок што е одамна изумрен.И пред едно 10 милиони години кога заради тектонски и вулкански активности површината на Земјата се променила, шумите се уништиле немало простор каде да живеат човеколиките мајмуни и предците на човекот. и човеколиките мајмуни останале да живеат во шумските простори што останале а нашите предци почнале да се населуваат во шумските предели меѓу кои имало широки тревни пространства. и така развојниот пат на човеколиките мајмуни и нашите предци се раздвоил и почнале да се развиваат во различни правци и насоки. инаку ова ми е од првата лекција од Биологија малку скратено го напишав бидејќи ме мрзеше да пишувам, и сето ова се факти и е докажано, има затоа науки како што е биологијата, историјата и слично. научниците се бават со потеклото на човекот уште одамна, и ова се е научно докажано. Сеуште верувате дека Господ постои ?
не верувам, верував до некои 12 години бидејќи ми беше наметнато од дома ама како растев не чуствував потреба од него и сватив (со читање и истражување) дека не постои. одам во цркви на свадби погреби и туризам ги обожавам делата создадени од човекови раце заради нешто што веруваат . не чуствувам потреба да се извинам на верниците јас никого не навредив само си го искажав ставот, ги почитувам и познавам сите религии и дури им завидувам на верниците ...
Не верувам и чувствувам мала доза сожалување према оние кои стојат слепи пред еволуцијата. Жално е какви штети има нанесено таа пропаганда која се шири околу христијанската религија, децата се раѓаат и неизбежно околината им вгнездува длабоко во свеста стравопочит кон Господ... и после кога ќе пораснат и да престанат да веруваат, немаат храброст да го признаат тоа од страв. Крстена сум и порасната во православна фамилија, одев многу на црква како мала, се до денот кога не ми стана ептен проѕирна целата работа.
Не знам зошто го спојувате Бог со црквите... и со религиите општо. Јес да имаат нешто заедничко, но не се зависни еден од друг, посебно Бог од религијата. Верувам во бог, но не и во христијанството, исламот или кои и да се другите пери-мозок религии.
Незнам зошто сум ти малце нејасна. Еве вака... ...верувам во таа креаторска, таткова фигура и мислам дека тоа нешто го направило сево ова што го гледаме... ...океј е до сега? АМА! Не верувам дека истиот овој симбол, оплодил девица и имал свој син.
ахам те сфаќам што сакаш да кажеш, али пологично е да постои религија, која не учи на добро поведение, отколку чичко со бела брада што лежи на облаците!
ахм, океј, а татковскава фигура ти дава некои морални начела кои треба да ги почитуваш? ти ветува некаков задгробен живот ако веруваш во Него?
Оо па шо не кажеш оти си деист И јас бев таму пред да се откажам нацело ок, невермајнд, религиозните дискусии помеѓу две спротиставени страни никогаш не престануваат, подобро твоето отколку религија.. само да знаеш, дeизмот е мост помеѓу атеистот и верникот.