Не верувам во организирани религии и богови дефинирани според човекот, најмногу се потпирам на наука. Исто така, сметам дека универзумот крие свои тајни кои никогаш нема да ги дознаеме. Сакам да верувам дека можеби таму има некоја сила, енергија, и можеби некако таа дејствува насекаде. Не знам што е точно моето, агностик, спиритуалист или двете, ама сметајќи колку незамисливо е голем универзумот мислам дека никогаш ништо не треба да тврдиме или одрекуваме. Секако човекот е љубопитен по природа, но исто така немоќен да знае што точно се случува таму некаде. Без разлика, мал дел сме од нешто големо и мистериозно.
Енергија. Добар опис, иако и тој поим е неопиплив и во основа индивидуален. И јас така некако ги осеќам нештата. Сите сме дел од истото, под сите мислам на сè што постои во универзумот. Под истото мислам на просто кажано - постоењето (дур сме живи постоиме преку живеење на планетава во форма на човек). Меѓутоа некој/нешто друго постои/живее во друга форма, на друг начин. Универзумот е огромен, "жив е", нешта се случуваат во него, меѓу кои и живот на разно разни битија на една мала планета. Од таа причина, не можам да гледам исклучиво на ниво на планетава како ништо друго да не постои. Ако ние тука на планетава сме поврзани преку одредена енергија, тогаш верувам дека сме поврзани и со сè останато насекаде. Штом сме поврзани, значи има една целина. Дали таа целина е господ? Или е она што нè поврзува? Или и двете? Или Господ е создател на таа една целина со сите енергии, планети и живи битија во неа? Како и да е, сè започнало со создавањето на првото нешто, нештата се "пуштени во движење" и ДЕЛУМНО како домино ефект ги осеќаме последиците и се движиме заедно со тие енергии. Затоа, често мислам дека господ е спектатор, остава енергиите да се движат низ неговата "скица" на неговото дело (универзумот и сè во него). Затоа често мислам дека ниту помага, ниту одмага, едноставно остава да се одвиваат нештата сами по себе, остава планетата да се развива, остава флората и фауната да се развиваат, остава сите битија да се развиваат, верувам дека за него сите се еднакво важни бидејќи сè е негова креација, верувам дека не им придава посебно значење на луѓето ко битија. Сметам дека нему му се подеднакво важни сите нешта кои ги создал во таа целина, и дека ние самите луѓе си даваме посебни значења на многу работи, во форма на спасение, казна, рај, пекол, карма, свети нешта, итн, затоа што на одреден начин не гледаме подалеку од сопствениот нос. Поради сето ова, мислам дека после смртта, енергијата и свесноста добиваат друг облик, кој се спојува со нешто друго во универзумот. Пак е дел од некоја целина. Се обраќам со него и нему затоа што зборот господ во наш речник е машки род. Само споделувам што размислувам, не е контрирање или наметнување. П.С. Мило ми е што конечно почнаа да се даваат дефиниции, може да се добијат идеи.
Никако не верувам дека е енергија туку интелигентен креатор - личност која што е вечна, неогранична со време и простор. Универзумот не е Бог туку креација на Бог.
Знам дека постои Бог, ама уште вежбам да верувам во Божјата волја. Може сум подобра од што бев пред година дена, ама тоа цел живот се учи. Па кога ќе си ја кажувам Оче Наш, навистина да го почувствувам делот и нека биде волјата Твоја. Без премногу да барам со мојот земен ум, со многу благодарност и целосно поверение во Бога дека се што се случува е за мое добро и дека Божјата волја е најдобриот можен исход, без разлика на тоа како размислува и што бара мојот ограничен ум.
Не е прашањето од што се состои универзумот туку кој го создал заедно со земјата и сите небесни тела. Ако нешто е вечно во универзумот тоа е Бог постои одсекогаш и засекогаш јас лично верувам дека не му сме ние прва создадена креација овие 6000 години. Сигурно има друг живот на други планети и можда бесконечно многу мултиверзуми и планети каде што постои живот и битија кои не паднале во грев и живеат вечно во вечна светлина и унија со Бог.
Фала ти на објаснувањето, но не го поставив прашањето јас, туку побарав одговор на прашањето што го постави членката погоре. Е веќе кога ме цитираше, ме интерсира зошто во 6000 години?
Затоа што во Библијата се дадени рорословија на сите патријарси после Адам која година биле родени, колку години биле кога добиле деца и кога починале се до Исус па до денес се смета дека се поминати 6300 години.
Ок, а според другите свети списи каде што се јавуваат цивилизации што веруваат во Бог, 15.000 години пред нашата ера? Или тие луѓе биле друга креација?
Другите свети списи се сотонско дело, најголемата желба на лукавиот уште од самиот почеток е да владее и да биде обожуван од луѓето како бог па така во секоја култура и цивилизација што настанала после потопот замешувал прсти, ја искривувал вистината и смислувал свои концепти на верување така се настанати сите пагански и политеистички религии. Да земеш подлабоко да ги истражуваш сите религии ќе забележиш дека во сите религии ќе ги сретнеш истите "митови" и настани само на поинаков начин прераскажани. Јас долги години верував во Будизам но после долго време истражување и компарација и барање на заеднички точки во сите религии заклучив самиот дека најдобро и најконцизно е се опфатено и опишано во Библијата па така повторно се вратив во Христијанството.
Исус ни-ка-де не ги споменува ни критикува паганите, нити вели дека нивните религии се лажни. Само и исклучиво Евреите, оние кои што се оддалечиле од Бога и Божјите закони и пат (и го распнаа како резултат).Но повторно не сите Евреи, помеѓу нив биле меѓу другото и првите Христијани. И во Стариот Завет и Јудејството(за оној што е навистина запознает а не рецитира напамет религиски доктрини) денес има дел од тие (јудејски)пагански, како исправни, така и оние кои не се. И не сите Евреи се сложуват околу се. Исклучиво (Греко-Романските) пагани, ги критикува Павле(повторно не Исус) , за истото што и Исус Евреите. За што поточно исто си пишува. Приберете си ги шовинистичките страсти, и игнорантноста=слепоста што Исус ја спомнува господо , повторно не за паганите(или "непосебните" "неевреи", потоа и "нехристијани" ) , туку за лажните верници/безбожници, како и преносители на Исусовата порака. Поготово во атмосфера како што имаме денес со ситуацијата во Израел, на раб на 3та светска војна поради истата таа самодекларирачка (нај) посебност, шовинизам и фанатичност. И баш тие си немаат везе со везе ни со Исус, ни со Бога, туку со оној баш другиот. Друго со вас нема што да се дискутира, безнаедежни случаи сте едноставно.
Според Библијата да земјата е млада и луѓе постојат само 6000 години сега натаму кој како верува за најстара цивилизација се сметаат сумерите кои постоеле некаде пред околу 4500 години пред нашата ера кои имале свој јазик, писмо, земјоделие, математика, астрономија... Нема никакви пишани докази за цивилизации што постоеле пред нив а науката тврди дека модерниот хомо сапиенс постои 160 илјади години а имаме само од 6 до 8 илјади години запишана историја на човештвото. Ова мене ми е најдобар индикатор за млада земја и дека не постоиме подолго од 6000 години не верувам во теорија на еволуција и биг бенг
Муабетов ти е на ниво, не верувам у теорија на гравитација оти е теорија. Патем пештерите со цртежите во Франција се датирани на 16000 години пне. Така што муабетов за нова земја не ти држи вода.
Не ведите се уште помлади мислам дека 1500 2000 години пред наша ера најстари се сумерите затоа и ги спомнав едноставно е невозможно модерен хомо сапиенс или денешен човек да има запишана историја само 6000 години, каде се луѓето пред тоа? Не знаеле ли ни да пишуваат ни да зборуваат? Невозможно е во 160 илјади години модерен човек да има само 6000 години документирана историја а останатото да се само некој цртежи во пештера пред 50 илјади години