Супер, одлично издвоено. Е сега, имај во предвид Христијанин и нехристијанин не е национална определба. Ти како верник-христијанин теолошки ја имаш одговорноста. Јас ја немам бидејќи не сум убеден, без разлика на традиционалното наследство на православната вера на овие простори. Ниту пак ја сметам за некакво наследство, напротив, верата не би требало да е наследна. Е сега од цитатите шо ги наведе, моево мислење би го поткрепил со 13,14 и 15 пасус. Според нив, и оние што не го знаат Господ за него се океј, се додека се добри луѓе. Исто така вреди да се спомене дека Gentiles од 14 стих се однесува на сите луѓе што не се Евреи по националност. Според тоа, сите сме у ист кош.
Верата е наследство другар самата Библија го потврдува тоа затоа и го ставив првиот цитат нас како православни христијани ни е повеќе доверено и сносиме поголема одговорност од некои родени во друга држава или континент што имаат други верувања и во склад со тоа треба да го почитуваме тоа што ни е дадено во наследство. Сепак на Бог му е повеќе мило кога има луѓе што веруваат во него и се на негова страна одколку некои што не веруваат а со Христос нема што да изгуби човек напротив многу повеќе добива и не сфаќам каков аргумент имаат атеистите што се изјаснуваат дека сакаат да живеат морално и чесно но не сакаат да веруваат во Бог. Зошто? Најчесто причината е што не сакаат да живеат целосно според пропишаното во светите книги туку според некакви свои правила а разликата е во тоа што човечкиот морален компас е релативен а Божјиот апсолутен а многу атеисти не прифаќаат вопшто дека некои работи што се пропишани во Библијата се грев што значи живеат според сопствени правила и прават одредени работи што се грев и не се каат за тоа и баш заради ова потребна е вера.
Као шо пишуваше и во стиховите, сите народи настрана од Евреите се Gentiles. Според првите цитати, да се знае Господ не значи да се крсти бебето као православен христијанин. Туку да се знае која е Божја волја. А тоа наследно не го добиваш, туку го учиш, и на крај одлучуваш. Исус се крстил на 30 год, целосно свесен. Традицијата на крштевање бебе не значи ништо за Бог според овие стихови. Не е битно дали имаат аргумент или не. Ти како христијанин имаш аргумент од библијата, ти самиот го пиша ова: 15 They show that the requirements of the law are written on their hearts, their consciences also bearing witness, and their thoughts sometimes accusing them and at other times even defending them.) И второ - "не сака да верува во Бог" е различно од "не верува во Бог". Брат, пак цитатот го горе. Ете Господ сам вели дека и да не се верници сепак природно го имаат непишан законот во срцата. Од друга страна, 99,8% од верниците демек живеат не по свои мерила туку господови, ама сепак прават работи што се пропишани во Библијата као грев. Така да мислам тоа пострашно е... У најмала рака лицемерно. Го релативизираат божјиот апсолутен морален компас. ПС: Ако Господ не создал сите еднакви, не постои простор за морален елитизам.
@Wideperpetual Немаш буквално никаква логика со напишаното. Каде се тврди дека атеистите се неморални и нечесни луѓе? Едуцирајте се прво, потоа пишете во темата. Во спротивно, се глупирате бесконечно.
Јас како атеист имам што да барам во темата, ти како верник што бараш во темата? Или си овде за да наметнуваш нешто и да им пишуваш на членовите " ВНИМАВАЈТЕ ЌЕ ВЕ СТИГНЕ ЗЛОТО ЕДЕН ДЕН ЌЕ СИ ЛЕГНЕТЕ НА БРАШНОТО" и слично?
Ништо не реков, ниту пропагирам нешто низ форумов. Баш јас си го живеам тоа што треба, на начин на кој треба. Не читаш убаво, извртуваш зборови што ги немам кажано. Не знам кај виде ситење, али пак ќе кажам животот има многу ситуации каде и најтврдокорните ставови се подложни на менување. Не морам да докажувам било што, зашто сметам дека сите кога-тогаш ќе искусат нешто свое, лично па тек тогаш сами ќе си дојдат до одреден став.
"Чудни се патиштата божји, ќе си легнеш на брашното на крајот после куп патешествија." Oк, ќе си легнеме на брашното, фала Ти што не просветли. Уште по интересно е дека тоа според Вас се поврзува со "божјите патишта". Нормално дека не мора да докажуваш било што, затоа што не можеш тоа никако да го докажеш. Тоа што треба да биде докажано, веќе е.
@IamSexyAndIKnowIt гневна си? Те тригерна мој збор? Мој став? Дали мене нешто ми менува што ти плукаш кон одредена целна група, во конкретнава ситуација верници? Зашто јас слободно седам и со геј луѓе и дискутирам најразлични теми - чисто да прошириш видик, ама пак нема да сфатиш кон што целам.
Девојко/жено, не плукам по никого, имам другарки/другари геј, пријатели христијани, се дружам со секој и дискутирам на секаква тема. Но тоа кога некој ќе ми каже "ќе си легнеш на брашното" звучи како "абе постои Господ 100% ќе видиш ти Тој што ќе ти направи". Не е во ред за мене. Едно е да дискутираш, а друго е како тебе да велам со сигурност "ќе ги осетите божјите патишта". Твоето за жал не е ни дискусија, ако вака "дискутираш" и со пријателите и други луѓе, тогаш во тешка заблуда си. Не коментирам повеќе. Убав ден!
@IamSexyAndIKnowIt ти не се секирај, тој што ќе прочита ќе сфати на што мислам, а тоа е кога ќе искусиш одредени работи. Некој помалку, друг повеќе, трет ништо - секој толку колку што треба. Моето е дискусија, твоето не е зашто ти се фати да ме вреѓаш, па откако прочита малку повеќе културно престануваш да враќаш. Да ти реплицирав поинаку сега ќе се засилеше само со навредите.
Колку што може да се прочита, никаква навреда кон никого не упатив, извини заборавив дека постојат "кревки" луѓе кои умеат да глумат жртви и се за нив е некултурно и навредливо. Тоа што Вие сте искусиле нешто, не значи дека е 100% токму така и дека мора на сите да им го наметнувате. Престанувам да враќам поради тоа што не вреди на луѓе на кои веќе им е испран мозокот да им се докажува било што. Уште еднаш, имај убав ден, културна.
@IamSexyAndIKnowIt никој не се направи жртва, ти самата се носиш во неповолна позиција. Демек мудруваш нешто, среќа имаш па што јас не сум безобразна инаку сега сосема поинаку ќе завршеше па ќе плачеше на модератор да позадбрише мислења.
Единствените стереотипи кои ги имам се кон верници, т.е кон луѓе кои така се декларираат. Ич не сакам да имам стереотипи и предрасуди, можеби ќе запознаам поинакви верници и ќе го променам мислењето. Се имам дружено со луѓе кои се изјаснувале како религиозни. Е сега, ниту добро си ја познаваа, ниту пак правилно ја практикуваа религијата. Од религиозност го имаш одењето во црква за Велигден, некакви празни и глупи суеверија и потенцирањето дека многу веруваат во Господ. Скоро сите од нив беа многу хомофобични, доста конзервативни околу многу прашања и полни со предрасуди. Тоа беше причината за мое дистанцирање (постепено) и селекција на луѓе кои ќе останат во мојот живот. Немавме заеднички погледи кон светот, слични интереси, ставови, башка и никогаш не им се отворив во поглед на мојата сексуалност, а која е поентата да се дружиш со некој, а да не споделиш нешто што е интимно. Со некои од нив буквално го знаев и редоследот на муабети кога одевме на кафе, за што ќе збориме. Многу ограничени и површни муабети, а и они меѓу себе така функционираа. Тоа со текот на годините почна да ме изморува, мрчев и едвај одев на средби кога ќе дојдеше тој момент. Али ете, го правев тоа поради тоа што сме се дружеле во средно, имавме поминато некои нешта заедно, на стара слава. Како контактот денес го сведовме на честитки на вибер за роденден? Се омажија и родија деца.Последните собиранки беа на крштевки, по цркви/свадби и на детски родендени. Ковидот исто си го направи своето, 2 години скоро дистанца, изолации, без можност за кафе-собиранки, покани за во затворени простории. Мене ковидот многу повеќе ми донесе, ништо не ми одзема. На фб имав и свештено лице (прв братучед), да не отворам уста за тие гадости што ги имав читано од особа што не треба да ги дели луѓето, да проповеда мир, пошто нели сите сме чеда божји. Останати ми се три другарки (една ми е од детство) - безбожнички, едната е агностик, не е баш атеист. Едната другарка имаше среќа да најде сопруг кој е со исти ставови, либерален тип, не се венчаа ни во црква, а не го крстија ни детето, а имаа многу притисоци од нивните дома. Супер функционираме, отворени разговори на сите теми, меѓусебна доверба, лојалност, тераме одмори заедно, викенди.
Мило ми е што сега имаш друштво што ти одговара. Кај мене се секакви, но ете се дружиме и добро е што секој за секого има почит и разбирање без разлика кој е атеист кој верник, битно е дека луѓето околу мене се свесни и разумни, добро едуцирани. Дискусии има и ќе има бесконечно, но во разумен стил. Исто и мене короната повеќе ми донесе, а ништо не ми одзема.
Ние домашните како атеисти/агностици, едногласно заклучивме дека на верниците им е полесно. Стално имаат на некој да се помолат, поплачат, очекуваат утеха, заштита, надеж им дава. Тешко е да се најде смислата во бесмисла, и да носиш се сам на плеќи. Јас малку и љубоморна им сум на некои... Понекогаш. Кога ми е тешко и морам со своите мисли да кампувам на невреме.