Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    Со погрешна група "верници" си имала работа. Секакви не' има. Верници кои само на Велигден оделе во црква и правеле строго површни муабети. Во случајов не било до верата, си била со скроз утнато друштво. Сите што не веруваат прават подлабоки разговори?! Неправилна поделба и сфаќање.
     
    На eliesaab и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Барем знаеш дека се во заблуда, а ти не си.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    4.374
    Не, никаде тоа не го напишав. Раскажав мое искуство со група на луѓе кои се декларираат како верници.
     
    На Elenpelen и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Не би делел јас на "длабоки" и "плитки" разговори, бидејќи постојат разни теми за дискусија.

    Ама разбирам што сака да каже членката.
    Често има mismatch во комуникација на јак верник и неверник.
    Пред се затоа што атеистот и сличните бараат одговори на многу прашања и мора да се задлабочат за да си објаснат некои работи во животот.
    Додека со силен верник е потешко да правиш муабет за многу работи бидејќи одговорите цело време се: Господ знае, Господ гледа, судбина било, Господ ќе среди и слично...
     
    На IamSexyAndIKnowIt, theowndemon, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.528
    Пол:
    Женски
    Претходно на @eliesaab и замери за тоа што го пишала, а овој коментар што е? Сите верници се во заблуда, тврдиш. Не е во ред. Или кога веќе така тврдиш, барем не замерувај на другата страна што го тврди своето туку прифати го и почитувај го спротивното мислење.
     
    Последна измена: 24 мај 2024
    На Elenpelen, eliesaab и exceptional им се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.486
    Пол:
    Женски
    Абе ако стварно задлабочиш и можда испадне дека missmatch-от и не е толку missmatchy. :D
    Кога сме веќе тука, кои тоа одговори што дубоко ги барале и трагале атеистите ги нашле за сиво ова постоење човечко, односно атеистичко?
    А не верниците на пример?

     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Не ги нашле, и веројатно нема да ги најдат.
    И не е поентата да се најдат... Атеистот е постојано во потрага по вистината.

    Додека за вистински религиозен човек крајната вистина е Господ, што е исто така во ред.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.486
    Пол:
    Женски
    Ок, ама ова ми беше зборот т. е. прашањето углавно во постот што не ми одговори, ок моја грешка не сум болдирала, еве да се поправам.
    Атеист на верник му вика ти не си претерано дубок.
    Хм, ете и тоа се доживеа. Земја, 2024 година.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки
    Атеистот во потрага по вистината...? Дај да не се зезаме друже атеистите априори отфрлаат било каков доказ за постоење на Бог, а кога дебатираш со нив се поставуваат во суперпозиција дека тие се знаат а ти си глуп и заостанат и се исмејуваат. Можеби агностиците се поотворени за дебата и сакаат да слушнат друга страна и влегуваат во дебата без предрасуди и сакаат да научат нешто ново тоа не е случај со атеистите.

    Добро кажав во претходниот пост атеистите од старт одбиваат да веруваат а за тоа има неколу причини најчеста е онаа група на атеисти што не сакаат да живеат по одредени правила и прописи на светите списи па атеизмот им служи како параван да продолжат да живеат во грев, а другата група се оние кои иницијално биле верници но им се случила некаква траума, падови во животот и се "разочарале" од Бог па престанале да веруваат пошто Бог не им исполнал некоја желба чиниш треба да веруваш само кога ти оди се како подмачкано во животот ако не одма фрлај со дрва и со камења а тоа не функционира така.

    Имаш и атеисти кои генерациски и фамилијарно се индоктринирани со атеизам но тие се помал процент а и таквите спаѓаат во групата број еден не сакаат да живеат по одредени правила и прописи така да и кај нив атеизмот е само изговор.

    Инаку атеизмот општо е општествено социјален конструкт и пропаганда која агресивно почнува да се промовира во 19ти век со појавата на Дарвинизмот, одредени филозофи како Маркс, Ниче... и одредени струи во науката кои нарочно или не прават спој на науката со атеизмот иако сите најголеми научници до 20ти век биле верници. А атеизмот не е воопшто натурално стање кај човек. Луѓето со векови верувале во Бог и сега се наоѓаат некој паметни да ги нарекуваат сите луѓе низ историјата заостанати и прости а всушност според природата на нештата атеизмот е поприлично нов феномен и индоктринирачка доктрина нешто што атеистите милуваат да зборуваат за црквата а уствари не гледаат дека самите тие станале жртва на прогаганда и некој ги индоктринирал да не веруваат во Бог.
     
    На Anaroz1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Па не, не заборави да болдираш, туку болдираше друг збор, а сега се предомислуваш во некаква надеж дека ќе ме фатиш во тесно.

    Како што реков, сите прашања на кои што тежок верник во одговорот би го вмешал Господ или Алах.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.486
    Пол:
    Женски
    Не, убаво си стои и во првичниот пост прашањето што го изигнорира.
    Па па ти го поставив со болд.
    Болдот на "нашле" во првиот пост за друго е иначе ама нема веза а и поента да се објаснуваме. Од преголема дупочина не се сфатило ете.

    Значи не ги нашле.
    Не ни треба да ги најдат.
    Ама битно подубоки се на начинот на кој ги бараат (оти така се чувствуваат).
    (highfive)

    Ете видиш пак истото, кои?
    И како (недогматично!) би одговориле атеистите на истите?
     
    Последна измена: 25 мај 2024
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Нема да го коментирам цел пост бидејќи после првите две реченици секоја дебата е излишна.

    Прво, тргнуваш со претпоставка дека атеистот не е во потрага по вистината (во широка смисла на постоењето на животот и универзумот) само затоа што како верник сметаш дека веќе си го поминал тој пат, и ја имаш вистината - односно верата и Господ.

    Така да, самата дискусија со атеист кој трага по одговори верникот ја води од својата супериорна гледна точка дека твојата вистина е пред мои очи ама не сакам да ја видам (твоето мислење е таман пример).

    Наместо во дискусија заедно да ја трагаме.
    Што е уште еден пример зашто атеист и тежок верник не можат да се разберат...
    Бидејќи јас поставувам прашања, а ти сметаш дека го имаш решението и одговорот на све - а тоа е Господ.

    Еве јас сум атеист. И не, не е точно дека не сакам да верувам дека постои Бог, туку едноставно не верувам.

    Зошто? Бидејќи постоењето на Господ лежи надвор од призмата на науката каква што ја знаеме и низ истата не може да се докаже.
    Доколку е понуден доказ надвор од апстрактноста и архаичноста на религијата тогаш ниту еден атеист нема да може да остане рамнодушен или игнорантен, освен евентуално анти-теистите кои се друга категорија.

    Така да, јас не верувам, а ти веруваш - и така се додека не ни се докаже спротивното.

    Што се однесува до доказите што верниците ги изнесуваат за Господ, лично јас стварно неам слушнато објективен и асален доказ, освен некаков чуден настан кој му се случил на човек пред илјадници години, притоа настанот не се повторил никогаш повеќе.

    Ако сметаш дека постојат докази, повели, понуди.
     
    Последна измена: 25 мај 2024
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Не знам каде во моето мислење се почувствува навредено, но жалам.

    Бидејќи ова болдираното го нагласив уште при првото мислење, немаме што да дискутираме - всушност се согласуваме.

    А сега ќе останам доследен на мојот став дека при употреба на ad hominem - дискусијата со таа индивидуа завршува.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    5.486
    Пол:
    Женски
    Другарче ниту еден коментар, ни став, ни не/верување не ме увредил икад ни на форумов ни надвор од, ниту твојот ќе е првиот.
    Ниту има ad - homilnem никаде.
    Немој да си ласкаш и проектираш додатно молим те.

    Во истиот контекст и ти реплицирам од првиот пост.

    Дискусијата завршува да, зошто не си способен да дискутираш без ова очигледно.
    И да, пак се навраќаме на тоа, не, не е е толку до невербата/атеизмот(иако игра клучна улога) , колку што е лимитираната перцепција и самосвест у случајов од твоја страна.
    Па проектирај си ти комплекс на инфериорност замаскиран позади супериорност и "рационалност" колку сакаш.
     
    Последна измена: 25 мај 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    За тебе што е доказ дека постои Господ или не постои?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Машки

    Археолошки пронајдоци на дното на Црвено Море кога израелците излегувале од Египет



    Сулфурни топчина и човечки коски од уништувањето на Содом и Гомор



    Торинско платно- Верувам во неговата автентичност

    Има доста ама залудно е сето ова кога атеистите веруваат во научници што се атеисти и не само што се атеисти туку се и антитеисти а тие со потсмев ќе речат "Тhis is a Hoax"и одма ваквите докази пропаѓаат во вода бидејќи некој "стручњак" рекол дека не се валидни
     
  17. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Не сум налетал на доказ до сега.
    Не знам.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Познато ми е све.
    Не мислам дека е hoax и дека не се случило.

    Работата е што во секоја култура деструктивните природни појави се објаснуваат со казна од некој Бог.
    Зошто еврејските би ги прифатил за доказ за вклученост на божество и негово постоење?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.898
    Пол:
    Машки
    Цел коментар е ad hominem
    :rofl:
    Да си жива и здрава
     
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    3.656
    Пол:
    Машки
    Дали верувам во господ по религиска смисла и проповедање - не.
    Дали има нешто што ги реди работите, ваљда има ама сигурен сум дека тоа не е тоа што го преставува религијата.