Епа не е, има и прашања кои упорно ги игнорираш. Еве издигни се над ситуацијата, одговори ги како за промена. А штом си запнал више за ad hominem еве ти, go home babe, you're basic.
Димо господ работи на ренген во Неготино. Верувај многу верувам во него и тоа како постои, особено кога ти ја дава снимката доказ ипол ти е
Па другар ако има фосилни остатоци и археологија што потврдува дека настаните од излегувањето на израелците од Египет е вистина и се пронајдени сулфурни топчина баш на тоа место кадешто се наоѓал Содом и Гомор тоа значи дека тоа што е запишано во Библијата навистина се случило што ја потврдува нејзината веродостојност незнам што да ти кажам друго барем јас така резонирам
Или можда запазување на покажаното во дискусијата. Drama queen. Ова тек едвај чекам да дознаам што назив и класификација има. Одговорите битно може ќе ги дочекаме некад, здравје...
Не е точно дека така одговара силниот верник... Напротив религијата е длабоко поткрепена со факти и докази, и да во Библијата ќе најдеш одговор на секое прашање... ама тоа не е книга што се прочитува еднаш, или ниту еднаш за жал
Старите Грци исто верувале во богови. Дали се во право? Дали се заостанати ако веруваат дека Зевс се парел со жени кои за да ги скрие од Хера ги претворил во свети животни? Дали муслиманите или христијаните веруваат во вистинскиот бог?
Сега ја препрочитав дискусијата, да пробам да видам дали е дојдено до недоразбирање, евентуално погрешно изразување. Аd hominemot пак немам појма каде треба да е, нити беше ништо во тој или навредлив контекст напишно. Спојлер: . Едино ова, ама пак, не беше пишано во тој контекст. И пак нема да веруваш ако кажам дека ова со болдот е случајно а не со задњи намери, во истиот пост имаш и друг болдиран збор шо исто нема веза со оригиналното прашање за што ми беше зборот, затоа и пак цитирав со болд пак, без задњи намери. Така што тука што е до мене толку можам. Друго што стварно нема поента, оти и без тоа дискусијата е прилично дубочка а и очигледно и без тоа доволно не се разбираме. Можда понатаму ќе пишам, здравје... Што ми беше зборот уствари дека истиов муабет веќе мислам го имаме водено, ќе се цитирам. @Ajronmen
Јас барем, ова го сфаќам поинаку. Јас мислам дека многу од работите во библијата, како и во други митови и легенди уште од пред библијата - се случиле. Природни катастрофи на пример шо се спомнуваат низ многу култури само различно интерпретирани. Особено во "раното" човештво и свест беше страшно потребно да се интерпретира то шо се случва околу нас. И Бог/ови објаснува доволно. Пример градењето на арката и "големиот потоп" во слично време се случуваат низ многу култури. И сите имаат своја интерпретација. Поентата ми е, вервам дека настанот се случил. Имало одредени поплави кои биле катастрофични и луѓето морале да дат одредено значење и важност.
Јас во потполност верувам во Господовото постоење. Во псалмите од старозаветните книги на Светото Писмо, стои запишано од псалмистот кој имал големо искуство Со Бога; цитирам> безумство е за оној кој вели дека Бог не постои. А во Новиет Завет во евангелијата на апостолите сведочат дека Господ Бог е вечен, и дека Тој се отелотворил како новороденче во Господ, Исус Христус, како Божји Син, преку мајката Марија.
Точно така. Ама(не/верување во и не/доказ за) Бог вклучува многу повеќе и не е сведено само на ова, поготово не буквално сфатено и интерпретирано(од било која страна). A и тие природни појави можда и не биле толку природни, односно се смета дека можда вклучувале и (зло) употреба на технологија и "играње" со природата, односно природниот екосистем. Односно можда и имаат и научно објаснување. Зборот ми е, ако се сака може да се најде заеднички јазик и од двете страни. Е сега прашањето е дали се сака? Пр. верзијата со Атлантис. Ама сега сме поеволуирани и можноста за тоа се дочекува ентузијастично, евентуално недоволно битно за размотрување. Така што не може да се знае со сигурност како ќе биде интерпретирано доколку повторно дојде до тоа. Всушност, и темава е погрешно насловена. Дали верувате во Бог е правилно. Уствари можда е редно се постави прашањето, Што уствари значи (верување во) во Бог? https://www.differencebetween.com/difference-between-god-and-lord/ Називот Господ сведува на верување во (едино и само една! ) персонифизирана (или интерпретирана по човечки стандарди, односно религии) верзија на Бог. Спојлер: . Потоа и буквално истиот назив(lord) се користел и сеуште се користи и за луѓе/личности(пак, персонилизирана форма), односно во кралските богом дани лози. За кои во средновековни, до антички времиња се верувало не само дека се пратени од бог, туку и дека се буквално отелотворение на бог. Иначе монархијата и црквата/религијата отсекогаш биле во тесна поврзаност. A ова упорно доведува/ло на пример до полемики околу тоа ''чиј'' господ(lord) е "вистинскиот", а со тоа и религиски војни веќе неколку милениуми. Потоа пак до ова.
Сите народи во историјата што верувале во богови биле во право од моја гледна точка, пошто богови постоеле, сите тие легенди и митологии што ги наоѓаме во разни древни религии содржат по нешто што било вистина, конкретно примеров што го спомна со Зевс е митологија но е фикција, што не значи дека сите митологии се фикција пошто има митологии што и тоа како се точни како таа со потопот што се појавува во еден куп различни култури и дефенитивно според мене е вистина а има и многу други што се вистинити. https://en.wikipedia.org/wiki/Creation_of_life_from_clay https://en.wikipedia.org/wiki/Tree_of_life https://en.wikipedia.org/wiki/Tower_of_Babel https://timesofindia.indiatimes.com...nt-religious-beliefs/photostory/109612565.cms Човек од земја, дрвото на животот, Вавилонска кула што го објаснува потеклото на јазиците, првите луѓе на земјата, се митологии што на доста сличен начин се опишани во доста различни култури и древни религии што би било преголема случајност да не се вистинити пошто доаѓаат од цивилизации кои се географски доста оддалечени една од друга, на различни континенти што практично е невозможно во тоа време да ги препишувале едни од други туку најверојатно се сеќавање на сите овие народи на настани кои се случиле историски и биле проследувани од генерација на генерација. Што се однесува до Христијанството доволно е да се прочита Библијата и Стар и Нов Завет да се дојде до заклучок дека всушност постои само еден Бог креатор на универзумот кој самиот се издвојува од останатите а овие останати "богови" во останатите древни религии се паднати ангели или демони што ја искривувале вистината, па затоа имаш многу приказни од типот на таа со Зевс и многу слични што немаат никаква логика ниту смисла. Барем ова е мое мислење и став не мора никој да се согласи со мене ниту ми е намерата за наметнувам на некого мои ставови секој нека си размислува за себе и нека верува по свое видување во тоа што му е најлогично
Да, верувам. Ме спаси Господ многу пати, меѓу кои ќе го спомна и неговото спасување оваа пролет кога неможев здив да земам заради бронхитис што фатив и силна кашлица неиздржлива. Голема е милоста негова, му благодарам за секој нов ден што се разбудувам и му благодарам за секоја болка што ми ја ублажува. Слава тебе Господи, слава тебе
Верувањето во БОГ е како возење на велосипед. Еднаш учиш и никогаш не забораваш. Но секое невнимание може да те собори од велосипедот како и од вербата кон БОГ. Истиот велосипед мора да има ноќно осветвување за да не изгубиш патот. Љубовта и Верата се чуваат како штотуку купен велосипед. И велосипедот не се дава на пријатели а најмалку на непријатели. Тоа е превозно средство за да стигнеш до зададената цел, исто и вербата во БОГ не се расфрла и споделува со секој и таа тие дадена за да стигнеш до Царството Божјо.
E Sega сум на два ума, се мислам дали во паралелните универзуми постои Бог, дали е ист или е некоја друга верзија спротивна од овој, или ако во овој постои во паралелниот не постои , а јас не верувам во Бог, но другата јас во паралелниот универзум во кој не постои Бог верува дека постои, и сега ке останам без спиење мислејки што и како
Верувам во Господ и мислам дека се е во негови раце,како што мисли тој дека Е најдобро за тебе така и ќе стори,во тоа се уверив периодов.