Морав да одговорам на ова. Нов член сум, знам дека поракиве се доста стари и можеби не ни ја отварате странава, но сепак сакам да го искажам моето мислење. Викате како може да верува во нешто што не е докажано, но има многу докази дека господ постои и според мене има повеќе логика во религијата одколку во науката. А исто така, ако господ не постои зошто од секогаш единствена религија која била исмејувана од Hollywood и од „големите светски ѕвезди“ било христијанството? Исто така има премногу луѓе кои се исмејувале на христијанството и на бога и завршиле со тешки последици, можете подетално да побарате на интернет ако ве интересира, дали мислите дека сето тоа е „само случајност“? Но на крајот од денот секој си е одговорен за своите последици и секој има право да верува во тоа што мисли дека е најисправно за него, а на крајот секако ќе излезе вистината.
Затоа што во Америка доминантна религија е Христијанството, и затоа што догмата на Христијанството е доминантната догма во Западниот свет. Да беше муслиманството, ќе беше и тоа исмевано/отфрлано. А зошто се исмева Христијанството денес? Затоа што 99.99% од верниците се тешки дилајли, кои ја немаат прочитано библијата и веруваат од помодарство овај извини пошто им рекле дома, ти си христијанин. Затоа што Ватикан е педофилско дувло каде се штитат едните со другите, затоа што и нашата сопствена МПЦ е бизнис организација, која не плаќа данок, ама воедно инвестира, гради згради, а во исто време пред секоја црква има по некој грев шо шета гол и бос. Затоа што нашите попови шетаат со стомаци ко трудни да останале, додека обичните верници се на леб и млеко, затоа што големите божји слуги, се ништо повеќе од најголемите грешници. Да не заборавиме и ненаситноста е грев, еден од дессете. Каде им се клетвите на тие грешници? Или има различен тип на грешници, јас ако зборувам против бог ќе добијам божја казна, ама на попот што ги крши заповедите, ќе му се прости оти ќе се помоли... Заради тоа не верувам во ништо, а и да има бог, и да е баш вашиот а не еден од оние стотиците други, не би сакал да бидам чедо божјо на таков бог.
Сите сме грешници и сите ќе си ја платиме казната за нашите гревови. Единствен начин да се ослободиме од нашите гревови е некој да ги земе на себе, а тоа го направил Исус на крстот платил за сите наши гревови, и единствено нешто што ни останува нам за да бидеме спасени е да поверуваме дека Исус умрел за нас на крстот.
Колку ефтино, Исус ги земал нашите гревови, се што треба е цел живот у грев да го минеш, ама покај се и верувај во Исус пред да умреш и се спаси. Јас лично верувам дека нема ништо по ова, дека сме само материја која е премногу свесна за себе и своето постоење и се надевам дека еден ден ќе најдеме што се крие позади тој црн вел на тоа како настанала реалноста.
Епа затоа викам секој си има свое право, според тебе твоето мислење е исправно, а според мене моето и ако тебе ти е така зацртано јас сигурно нема да можам да ти го сменам мислењето, ниту пак ти моето и тоа е тоа. А не се согласувам со тебе бидејќи денес и муслиманството брои многу верници а и зошто само во христијанството има антихрист а на пример нема антибуда, антиалах и слично, а немој да мислиш дкеа баш 99,99% од христијаните не ја почитале библијата.
Слично мислење имав како тебе пред да почнам да читам библија, незнаев на што сум дали верувам, дали не. Мислев и дека замислата за бог, рај, пекол е измислена од нас за што помалку криминал, убиства и лоши дела да прават луѓето... Но сега е поинаку, верувам многу повеќе, многу работи ми се променија..
Антихристот, Луцифер, Ѓаволот, кажи го како сакаш ама е христијански концепт. Буда како таков не е бог, туку е човек кој достигнал просветление, затоа и не може да има Анти-Буда. За Алах не се разбирам, мада не ми е ни гајле.
Како повеќе логика има? Начинот на кој функционираат работите околу нас се нелогични? На пример гравитацијата? Во науката јасно се разграничени идеите, теориите, и фактите. Во религијата не се. За религија ти треба вера. Ако нешто е логично не ти треба вера. Ти треба вера за неопипливи и "нелогични" работи. Во гравитацијата нема потреба да верувам. Секој си прави шеги за своето поднебје со своите проблеми. Тоа што цел свет гледа американски филмови си е нивен проблем. Секој си се исмејува на случувањата од своето поднебје. А плус, Холивуд ако нема снимано смешки за ислам, арапски свет и слично, не знам кој има... Па ако си стварно верник и ја имаш прочитано библијата ова ќе знаеш дека не е точно. Во Библијата јасно неколку пати се кажува дека Господ не искушува, и не е предизвикувач на несаканите настани.
Може како збор не постои, концептот секој ден го живееме - се вика џихад. Кој можеме мирно ќе го исламизираме, кој не може - на сила. Џихадот е против "неверниците", исто како што крстоносните војни биле де. Макар сето е ради многу други, овоземни побуди, ама на сиромав народ викај му дека богот по избор така наложува . Секој нека верува во што сака, не замарајте свет со своите верувања. Иако христијанството (мхм, оргиналното, џилитка) е мисионерско суштински, плис не бидете мисионери и оставете кој сака што сака да биде. Секому се достапни сите информации на светот и сите сме способни сами да донесеме суд во што ќе веруваме.
Па добро овдека никој не е мисионер сите само си го кажуваат мислењето, никој не вика никому дали да верува или не, или во што да верува а во што не, само разговараме врз основа на она што сметаме дека го знаеме и дека е во право
Па не можеме да ти кажеме баш вака на кратко. Не ти е јасна науката затоа што не знаеш наука, прво седни и учи, после размислувај што е логично и што не е логично.
Не можеш прво да нападнеш од позиција на супериорност во однос на другите, бидејќи другите наводно ќе ги снајдат последиците од неверувањето и евентуално "неслучаен настан" ќе ги начека, и после да речеш... "А бе си разговараме онака "