Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.485 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Секако каде може да заборавиме кога скоро вчера го научивме, па ај сеа напразно да го рецитираме зо поентичка. #хехенце
    Иначе се мисли на општа (или духовна if you will) ненаситност ама добро*

    Иначе, ај за наредни рецитации нека го нека стои можда и спаси нечија душа, односно психа. Ама само можда не обеќавам ништо
    Заменете го душа со психа, и воала.

    Се надевам ова го засити сентелектуалниот дух на оние кои упорно идат тука "да го докажуваат не/постоењето на Бог" :)
    Не нема тука никаква гордост/его не се зезајте.

    И не, не е доволно само да веруваш, ттреба и да се грижиш за својата духовност, односно навистина работиш на себе, во спротивно тоа е она =(духовна) мрзеливост, односно запоставеност нели
    Одење во црква ради одење, и цитирање цитати по социјални мрежи ради цитирање, и покажување колку си супер(/преобратен) Божји чоек, рецитирање доктрини исто, не спаѓаво работа на себе и својата духовност*
    Шо друго, а да и останати квази- манипулации (лаги, и татковци на лагите ти реков ми рече) без самосвест исто*
     
    Последна измена: 9 септември 2024
    На Snowflake97 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. ultraviolence

    ultraviolence Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Епа еве не мора да кажуваш на кратко, кажи поопширно ако навистина и ти ја знаеш науката. А и колку си сигурна дека не знам наука и дека немам размислено што е логично што не е логично. Си ги кажувам мислењата и тоа што мислам дека е во право. Нити увредив некој, нити поднижив некого или некоја религија. Јас не терам некој да верува или да не верува во нешто, ти си веруваш во тоа што мислиш дека е исправно за тебе и никој не ти го зема тоа право. Вака можеме да зборуваме до утре но безвредно е кога имаме различно мислење и само ќе се убедуваме кој е во право а кој не е и затоа викам на крај ќе си излези се на виделина.
     
  3. ultraviolence

    ultraviolence Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    ?
    Кој беше тој што го нападнав???
     
  4. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Машки
    Само сите што мислат спротивно од тебе...?!
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.985
    Допаѓања:
    268.037
    Епа не е убедување, дискусија е. За да постои дискусија потребни се аргументи, поткрепени. Ти вика членот дека религијата е доктрина, ти не го разбираш.

    Што од науката да ти објаснам конкретно? Биологија? Не знам што те интересира, наука е премногу широк поим кој ниту еден човек не го поседува сосема како знаење, од проста причина што е огромно и можеме површно да зборуваме за научни и природни факти (ти дадоа пример - гравитација), но нема математичар што е и хемичар, и археолог и хирург истовремено.
     
    На Gosh, Angie1432 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  6. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Погрешно си цитираш и не се однесува само на духовна ненаситност, ама ајде, си бираме како ни одговара и така си правиме е типично христијанска работа, за работите што сакаме да се буквални ги сфаќаме буквално, за работите што не ни одговара да се буквални, таму си шибаме со толкувања.

    Не планирам да се расправам, не ми е гајле, ако ви се верува во тоа што ви сервираат, верувајте, мене ми е смешно како фаворизирате еден бог над другите, дека баш вашата религија е таа вистиската. Јас еве верувам у Анунаките.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Ти верник си/се бавел со Христијанството/Библијата или само самоидентификациона форумска интелектуална елита?
    Евентуално психологија.
    Не, значењето останува тоа од погоре.
    Да, се работи и за физичка ненаситност, но овде спаѓа и духовниот аспект.
    Ипак збориме за духовност.
     
  8. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Ми лепиш етикети, а јас ти викам дека не ми е гајле.
    Не ми е гајле.
    Не ме цитирај, не ме замарај, јас си пишав што имав да си пишам, врви си по патот.
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Ама не ти е гајле, ама влагаш у дискусија само колку да кажеш, и пишеш колку не ти е гајле.
    Иначе никој ништо не ти се меша, терај си слободно верувај си во што сакаш, ама тоа нема да направи ова да исчезне.
     
    На ultraviolence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    А што ако Господ ја создал науката?Односно сите физички закони тој ги "контролира"?

    А што знаеш ти од наука?Дека постојат некои закони што ја опишуваат природата?
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.182
    Со тебе не. Со другата членка затоа што е контрадикторна.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Машки
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.003
    Во последно време овака мислам: ако Господ е некој/нешто кој создал сè што постои во универзумот, можам да кажам, да, верувам.
    Можеби Господ е процес.
    Процесот во кој се создало сè во универзумот. Или е влијанието врз нештата кои се споиле, се десил тој процес на создавање на сè во универзумот, и некаде во тој процес се создала и оваа планета, со услови за живот, па се создале битија, па човекот и тука сме кај што сме и си поставуваме вакви прашања благодарејќи на еволуцијата која е дел од процесот. (А процесот можеби сè уште се одвива? Како наредени домина кои паѓаат и паѓаат и паѓаат)

    Процесот таков каков што е, нè донел до момент да постоиме како кревки битија со многу краток живот. Органски битија, кревки, нежни, подложни на повреди и болести. Процесот нè создал како свесни битија со разно разни емоции, особини, карактери, итн. Па така, ако некој некого на пример убие, тоа е зошто процесот нè создал такви, способни за убивање и способни за умирање. И на тој што убил ќе му заврши животот во "едно трепкање со окото" и на тој убиениот исто така. Процесот создал на планетава ние човековите битија да доживуваме ден и ноќ, топло и ладно, задоволство и болка - добро и лошо, среќа и несреќа, раѓање и умирање - создал да може сè и сешто да се случува, па... секој со својата среќа вака или така ќе си го истера своето краткотрајно постоење на планетата како човеково битие. За сè помеѓу сами си придаваме значење затоа што НИЕ конкретно сме се родиле во доволно еволуирана етапа на човештвото да би имале доволно интелигенција за да можеме да си придаваме значење.

    Па да се вратам на почетокот, ако Господ е процесот, а универзумот со сè во него неговото дело - тогаш само тоа е, создадено дело, такво какво што е. Процесот создал што создал, и најпросто ЧОВЕЧКИ кажано - не се замара што им се дешава и што прават таму некои си ситни човечиња на некоја си ситна планета, доволно е што ги создал истите.

    Па не е ни битно дали веруваме во него, пошо не му е гајле, односно нема таква улога да му е битно, улогата му е само создавањето.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.985
    Допаѓања:
    268.037
    Да, бог ја создаде науката, така е.
     
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.900
    Допаѓања:
    7.068
    Пол:
    Машки
    Никола Тесла го знаеш, а знаеш дека без струја и енергија нема наука, нема технологија, нема Artificial intelligence AI, чипови, компјутери. Тесла е жив пример за вистински научник и наука од висок размер, ама го изјавил следнoво, не го преведувам, хрватски разбираш.

    "Dar mentalne energije dolazi od Boga, vrhunskog bića i ako mi koncetriramo naše misli o toj istini postajemo skladni s ovom velikom moći. Ja ništa ne znam. U svojoj glavi samo čujem zvukove od nekog drugog, netko drugi mi govori što da radim s energijom."
     
    Последна измена: 9 септември 2024
    На Srckata28, ultraviolence, Stefan18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.985
    Допаѓања:
    268.037
    Тесла, како и сите останати човечки суштества, бил само човек, со свои убедувања и уверувања. Не е Тесла (и никој, впрочем) научник за докажување на постоење на бог - Тесла не докажал постоење на бог. Во што верувал, сепак, на тоа и останало. Ниту е прв, ниту последен научник верник, иако е малку спорно да си биолог креационист.
     
    На FriendOfDorothy, Angie1432, Waverly Raven и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    А што ако не докажеме ни за 100, 200 години?А, Бог да постои, м?
    Може и другата варијанта, да не постои и да се докаже за 200 години.

    Ете, спорно ти е да си биолог.Како ти би го докажала Бог или спротивното?
     
  18. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Машки
    Лелеее 21 век е и све е достапно, цитатот погоре на хрватски едно 53256 пати беше објаснето дека не е на Никола Тесла.

    Некој малку повеќе ако прочитал за Тесла ќе знае дека Тесла ја отфрла идејата за семоќна личност од христијански аспект иако понекогаш вели дека е длабоко духовен. И иако татко му е православен свештеник...

    На крај заклучува дека универзумот е една голема машина која никогаш немала почеток, и никогаш нема да има крај - што е максимално спротивно на библијата.
     
    На FriendOfDorothy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.194
    Допаѓања:
    8.912
    Пол:
    Машки
    А дали има потреба да се докажува постоењето на природата?
    Дали има потреба да се докажува дека ако рипнеш од карпа ќе се утепаш?

    Зошто би требало човештвото да се труди да докаже дали постои Господ?

    Ако се докаже дека постои Бог, тогаш веќе нема да постојат вери и религии, пошто нема да има потреба да веруваш - туку едноставно ќе знаеш.

    А ако веќе го знаеш Господ, тогаш нема потреба ни од религија која вели дека те води до Господ.
     
    На Gosh, Waverly Raven и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.985
    Допаѓања:
    268.037
    Немам потреба да докажувам бог, кој има нека докажува.

    Нормално дека е спорно да си биолог кој не верува во еволуција :D
     
    На Gosh и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.