Не можиш да тврдиш со сигурност дека нешто постои или не постои. Никогаш нема да бидиме на тоа ниво за да сфатиме што е всушност сето ова. И да, нормално дека е само (не)верување, бидејќи да тврдиш дека си ја дознал тајната на постоењето е само заблуда. Јас лично сакам да верувам дека има некаква виша сила која не можиме да ја разбериме. А тоа мислам дека е самиот универзум, бесконечен, кој секогаш се менува. Сите тие физички закони се "создадени" од универзумот. За верниците тоа е Бог, и донекаде ги сфаќам, сѐ додека во игра не влезат сите приказни за ѓавол, рај, пекол, одење по вода итд. Ние сме конечни суштества кои постојат само секунда во бесконечноста, материја која е премногу свесна за себе и сака да ја дознае смислата на своето постоење иако длабоко во себе знае дека нема капацитет за тоа. Како такви сме постигнале многу и допрва ќе постигнуваме, ако не се уништиме себеси, сме ги разгадале дел од тајните, но тоа што го знаеме со сигурност е само гребнатинка на површината. Сакам да верувам дека универзумот слуша, дека е нешто изнад сѐ, нешто кое отсекогаш било и секогаш ќе биде. Верувам дека има постојан процес на раѓање и умирање, кога сите ѕвезди и сѐ ќе изумри, одново се раѓаат и тој процес е вечен. Дека единствено константно нешто е промената, како и всушност во нашиот краток живот.
Добро, гледам ова води кон бескраен круг.Очигледно е дека цело време со факти, некои прашања ќе биде испреплетувано и нема да води до никаков одговор. Не се водам по Библијата, Куранот или некоја друга книга.Но, верувам дека има Бог.Сега, каков и да е, можеби нема никогаш да дознаам, некој да ми каже или друго...За мене има ете, сила, која ја викам Бог.Исто така, не верувам многу во црквата, поповите што ќе кажат. А сега постојат вери и религии?Зошто има повеќе вери и религии?Баш дека мислиме дека нешто знаеме. А се труди да докаже дека има Божја честица(Бог).Така да, грешка си со поставеното прашање.Научниците од Церн, сакаат да докажат дека постои Бог. Но, пак ќе го извртите сите други и на почеток ќе бидеме со темава ... И да докажат нешто, ќе го речете тоа дека е природа?Еволуција било...
Не знаеш што ќе речам за што, нема логика муабетов, посебно ако мислиш дека еволуцијата не постои. Верувај си во што сакаш, ств.
Точно. Не мора, за да биде вистинито. Можда и така е наменето. Која е поентата тогаш од дебати околу ова? Зошто е тешко сватливо за атеистите? Да не ти барам стари мислења баш твои, ти околу ова дебатираше и баш тебе ти беше битно да мора да се докаже, ама добро. И пак баш тебе лично ќе те прашам пак, шо поента од дебативе? Ти супер мистично битие по потреба си нема шо. Бтв чинам верник беше или нешто сум погрешила? Не бе шо.
Не сум, половично си прочитала. Имам слава ако е тоа прашањето, а целата приказна зошто имам е објаснета, нема да ја повторувам. За мене лично ако ме прашуваш, не верувам во ниту еден бог/религија, како некое семоќно битие. Библија читам (повеќе пати), превод на Куран еднаш. Славам слава, славам празници. Ако е толку важно зошто, наједноставен одговор е затоа што сум родена во Македонија и нашата култура и традиција ги чувствувам блиски. Обожавам храмови (не само православни), ги доживувам како место каде што духовно сум поврзана со другите луѓе, нивната среќа и страдања. Тоа би било наједноставно објаснување.
Лелееее, пак ќе речам. 21 век е, сите информации се на интернет. Хигс се декларира како атеист. А хигсовиот бозон се нарекува и "Божја честичка" поради книгата на нобеловецот Леон Ледерман (атеист) со име "Божјата честичка", бидејќи Ледерман смета дека таа е причинителот на Биг Бенг, односно првичната експлозија од која настанал универзумот. Буквално сака да каже дека честичката е создателот.
Каков доказ барате за постоењето на Господ кога тука не станува збор за нешто што физички ќе го видите, туку е тоа духовна работа? Со Господ се поврзуваме внатре во себе, има работи кои верникот не може да ги објасни, кои можат само да се почувствуваат. Така го наоѓаме Господ, преку душата. Каков доказ ви треба? Години и години по Христос, остана само или да веруваме или не, а физичкиот доказ ќе биде второто враќање и исполнувањето, во меѓувреме, на се' што стои во Откровението.
На крајот од книгата Јов, Бог прашува: „Каде беше кога ги поставив темелите на земјата?“ (Јов 38:4) И: „Кој ставил мудрост во умот или кој му дал разум срцето (Јов 38:36)?" Лесно е да се заборави каква лимитирана перспектива ни овозможува науката да ја прошириме нашата перспектива за неколку степени на величина. Поглед на начинот на кој Бог го гледа универзумот. Фактот дека науката ни овозможува да ја прошириме нашата перспектива е важен затоа што е многу лесно да се апсорбираме во една физичка перспектива и да ги заборавиме сите други. Толку е лесно автоматски да го испрашувам Бог кога ми се случуваат тешки работи во мојот живот: „Зошто Бог би дозволил тоа да се случи?“ „Како тоа Бог нема да ми го даде само ова - знам дека тоа би било добро за мене“. Лесно е да се заборави колку поголем поглед има Бог. Тој ме познава подобро отколку што се познавам себеси (1. Царевите 8:39) и знае како се работи заедно (Јов 3) Многу пати работите што изгледаат толку јасни воопшто не се вистинити. Науката ни го покажува тоа.
Апсолутно, затоа е тотално безвезе барање на научници кои се верници. Да си верник не значи ништо друго освен дека ти лично веруваш во нешто што не можеш да го докажеш. Што значи, легитимно е ако сакаш да веруваш. Не треба да докажеш никому. Проблем е кога почнува дебата каде што верници (неважно религија) се обидуваат да убедат/натераат други да веруваат во истото. Оттаму, сеедно е дали веруваш или не во гравитација, докажано постои. За било кој бог, нема таков доказ и затоа нема логика да се убедува било кој. Верата е лична, интимна работа, кога ќе ги премине тие граници (пример џихад) станува проблем за останатите.
Морам да ти реплицирам дека не е вистина дека не постојат научни докази дека Бог не постои. Науката започнува со претпоставка дека постојат природни закони. Доказите за теоријата на големата експлозија се потпираат на претпоставката дека природните закони, како што се законите на термодинамиката и законот за гравитација, постојат уште од создавањето на универзумот. Од каде потекнуваат овие природни закони? Дали тие едноставно може да се „случат“ за време на големата експлозија? Законите бараат Законодавец.
И како е ова доказ за бог? И за кој бог поточно? Едит: сега видов дека си од деноминацииве модерни, твојава дури од 95та е. Уживај си и верувај си, мисионерство плс јок
Одговорот кога нешто не знаеш не може автоматски да е "епа Господ". Тоа ниво е еднакво со логиката на античките народи. "Ах, Грме, сигурно е божество. Ќе го викаме Тор". "Леле, сонцето зајде, сонцето е Бог, и ни се налути и си отиде. Ај да дадеме жртва да дојде пак". Е сеа сме понапредни па знаеме дека све тоа е дел од нешто поголемо. Ама па сеа тоа не го разбираме во потполност. И тогаш: "Ех, не знам ова како се случува. Сигурно е Господ". Јас сум океј со таа логика, во смисла ја почитувам кај оние кои ја имаат. Ама во никој случај тоа не е доказ дека постои Господ и искрено е чудно како аргумент да му се даде на атеист, бидејќи атеистот буквално баш во тоа не верува.
И што и да сум, зошто судиш? Без Бог, теоријата на големата експлозија имплицира дека материјата и енергијата потекнуваат од ништо. Без Бог, единственото објаснување на науката за почетокот на животот е спонтано генерирање. Без Бога, науката не може да објасни како можеле да се развијат сложени органи, кои се непосредно сложени. Без Бога, науката не може да го објасни сложениот дизајн евидентен во секој аспект на универзумот, од субатомски до космички. Без Бог, науката не може да објасни како постојат природните закони. Без Бог, науката не може да го објасни постоењето на морално и алтруистичко однесување. Неуспех на еволутивната теорија на пример е во објаснувањето на моралот. Сите култури имаат основни стандарди на моралот - морални закони. Од каде дојдоа можеш да ми кажеш?
Доколку Бог сакаше да дава докази, за Своето постоење, ќе седнеше Христос со сета Своја слава во Иерусалим (или било каде на земјава) и сите ќе одевме(а можеби и турнеи ќе правеше), ќе Го гледавме и ќе Му се поклонувавме. И убава е темава: „Дали верувате во Господ?“, а верата не се базира на докази, ако има докази ќе нема вера. По Второто Христово доаѓање, сите ќе Го видиме Христос во Неговата слава и тогаш ќе престане нашата вера, ќе престане и надежта и ќе остане само љубовта. Поради слободата која Бог ни ја даде, а која слобода вклучува и да бидеме неверници(безбожници), никогаш нема (на материјален начин) да се докаже Божјото постоење и нормално ние не треба да го бараме тоа, посебно не ние верниците. Но, од друга страна мене како верник, самото проучување на природните закони ме утврдувало во верата во Бога.
Епа ајде ќе почнам со научни докази еве. Научниот консензус пред 100 години беше дека универзумот е вечен. Оваа идеја почна да се разоткрива со импликациите на Теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн уште во 1916 година, каде што неговите равенки укажуваа на ширење на универзумот. Сепак, не му се допадна тој исход и затоа додаде константа на неговата равенка што го поништи проширувањето. Подоцна, тој призна дека тоа била најголемата математичка грешка во неговиот живот. Потоа, во 1929 година, астрономот Едвин Хабл потврди дека видел галаксии како се шират нанадвор, што значи дека тие биле многу поблиску една до друга во минатото. Ајнштајн, заинтригиран, сакаше сам да ги види доказите и во 1931 година ја посети опсерваторијата Mt. Wilson во Лос Анџелес, Калифорнија. Ајнштајн ѕирна низ телескопот, ги испита доказите и потоа заклучи: „Сега ја гледам неопходноста од почеток. ” Ова започна промена во научниот став кон космосот. Те интересира уште?
Многу зборови, ништо ново не кажа. Пак истото прашање е, како почетокот на постоењето на нештата го докажува постоењето на Бог?
Научниците во Церн НЕ работат на докажување дека постојат божества. Те молам како го заклучи ова? Дали мислиш дека тоа се случува во една лабораторија? Самата основа на сите религии е вербата. Не постои во ни една религија такво нешто како барање на доказ за сите натприродни работи. Тоа е суштината, да веруваш без да ти треба некој да ти потврди дека тоа е реално. Науката се базира на опсервација, експериментирање, поставување хипотези, тестирање и потврдување или отфрлање на хипотезата. Значи тоа е процес, нешто што трае, што се менува и што има за цел да ги објасни феномените кои нѐ опкружуваат. Која е тука поврзаноста со религијата? Секој нека си верува во што сака, ама не може да ја моделирате науката како што ви одговара за да ги пополните празнините кои фалат. Исто така ако сретнете научник што е религиозен, тоа не е "доказ" дека тој открил дека постои Господ, туку тоа е доказ дека и тој е обичен човек кој бара некаква утеха во нешто. Буквално раскажа анегдота за разговор меѓу двајца научници и го нарече тоа научен доказ? Научен доказ за што? Што воопшто ни објаснува оваа приказна? Која е новата вест што ни ја носи? Кое е новото откритие кое го дознаваме преку оваа приказна? So many questions.
Што е сосема ок (за тебе) - никој не ви (ти) бара доказ - барем јас не барам. Акцентот го ставив на мисионерството, односно потребата на верниците (било кои) да докажуваат и да убедуваат други во своите верувања. Зборуваме за верба, а таа може да биде исклучиво доброволна и лична, со сила можеш само да нервираш народ да бега од тебе (пример се Јеховини), нема да верува никој затоа што ти веруваш. Ниту ќе престанете сите да верувате во тоа што верувате, затоа што јас имам некакви поинакви верувања. Не судам, само тој степен на делулу немам намера да го дискутирам понатаму, извини.