Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Господ?

Дискусија во 'Религија' започната од Magnolija, 3 декември 2009.

?

Дали верувате во Господ?

  1. Да, верувам

    1.484 глас(а)
    75,8%
  2. Не сум сигурна

    170 глас(а)
    8,7%
  3. Не, не верувам

    304 глас(а)
    15,5%
  1. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Животот не е некој едноставен механизам што може да се објасни со слепа еволутивна случајност.
    Сложените организми даваат јасен доказ за интелигентен дизајн.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.911
    Допаѓања:
    267.417
    Не постои (барем не познавам) било кој што не е верник, без оглед дали е овчар или физичар, кој мисли дека знае сè.
    Немаат сите потреба да најдат некакво волшебно значење на постоењето, ниту неверниците (посебно научници) не тврдат дека одговор за сè знаеме. Кратко хомо сапиенс шета по земјава во однос на нејзината старост, за да знаеме што ни носи иднината, а посебно е кратка технолошката револуција, за да знаеме што ќе се открие утре.

    Знаеме дека не знаеме, можеби ќе дознаеме во нашиот животен век, можеби нашите правнуци ќе дознаат.

    А замисли интелигентниот дизајн да е од друга планета и сме само пропаднат експеримент. :u:
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Не ни помислувам да замислувам, бидејќи точно знам во што верувам и цврсто се држам до верата.

    А ти го избегна одговорот за еволуција за моралните вредности како што гледам.

    Најсилниот доказ за доверба во она што го вели Библијата е во примената на лекциите што се изучуваат на нејзините страници. Зборовите Божји имаат за цел да донесат позитивна промена во животот на поединецот. Во Малахија 3:10 Бог му рекол на Својот народ „да ме испробаат сега во ова“, зборувајќи за доверба во Неговите ветувања за благослов кон оние што ги слушаат Неговите зборови. Ако навистина сакаме да можеме да ѝ веруваме на Библијата, мора да бидеме спремни да ги следиме упатствата содржани на нејзините страници, користејќи ја онака како што Бог сакал, како повеќе од само историска книга.
    Не е поентата академски да се интересираш за неа само.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.911
    Допаѓања:
    267.417
    Верувај си, само ако сакаш еве објасни - не мораш - зошто баш твојата подсекта е вистинското христијанство, а потоа зошто мислиш дека си повеќе во право од, да речеме, ашкенази Евреин или Јеховин сведок?
     
    На Realist1 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    5.477
    Пол:
    Женски
    Као сила која со интелектуален дизајн и причина прави да тоа нешто постои. *, наспроти нели беззначајна и случајна.
    И да, меѓудругото и науката се бави и со ова


    Не е проблем што не знаете и разбирате, уствари е али тоа сега е друг поопширен муабет, проблем е што и сте притоа толку самоуверени, успат и немате свест за истото, бонус и контрадикторноста нели.
    Исто е и за ова со "античките" иначе, ама тоа е друг муабет.

    Божја честица, не Бог.

    https://www.dailymail.co.uk/science...ccelerator-smash-particles-solar-eclipse.html

    И тоа баш на еклипса им текнало, као потреба од Сонце +Месечина еклипса.

    Ама нема везе ете не ве обавестиле.
     
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    5.477
    Пол:
    Женски
  7. Wolfie Girl

    Wolfie Girl Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Да верувам во Господ,секогаш кога сум му се молела за нешто искрено и од срце ми се остварило.
     
  8. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Со задоволство ќе ти објаснам, само прво сакам одговор за еволуцијата на моралот, или љубовта на пример
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.911
    Допаѓања:
    267.417
    Јас не поставив услов, па, не може :)
     
  10. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Не знаеш да објасниш, ама добро.
    И воопшто не е добро да навредуваш и да осудуваш, бидејќи си доста пагански настроена а сепак си атеист, ни ладна, ни топла си.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.911
    Допаѓања:
    267.417
    Голема е разликата меѓу "не знам" и "не сакам".
    Објаснив поназад зошто правам работи што правам, можам да разглабам за традиција, култура, заедништво - не сакам.
    Ти реков ако сакаш да објасниш, објасни, не мораш :)
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.616
    Допаѓања:
    39.154
    Пол:
    Женски
    Ова е медиумски дадено име за честичката. Можеш да изгуглаш, 2 секунди е. Во самиот текст што си го постирала е објаснето така да малце не ми е јасно која е поентава? :D
    IMG_0354.jpeg
     
    Последна измена: 11 септември 2024
    На FriendOfDorothy, Asparagus и Ajronmen им се допаѓа ова.
  13. Damsel

    Damsel Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    А овие традиции што ги славиш се во конфликт со Бога, или не се?
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.471
    Допаѓања:
    5.477
    Пол:
    Женски
    Поентата ти е Анѓо у линковите шо ги постирав, не се брукај вака со се смех до осмица ако не знаеш да читаш, слеш сеуште не знаеш за ова.
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.895
    Пол:
    Машки
    Моралните вредности се развиле под различни влијанија.
    Еволуцијата меѓу другото. Особините кои поттикнувале соработка и социјална конекција биле од помош за фамилиите, племињата, народите да преживеат и на напредуваат социјално, културно, технолошки.
    Со тек на време општествата си ги граделе овие вредности и си ги пренесувале традициите и нормите од колено на колено.

    Со други зборови, лесно било и е забележливо кое однесување допринесува за доброто на лицето и оние околу него, и обратно.
    Како? Од последиците.
    Нели учиме од грешките.
    Не треба Господ да ти каже дека е лошо да се убие, коа гледаш дека резултатот е непостоење на една личност и тага за најблиски.

    Причина - последица - лекција.

    Впрочем, моралните вредности се менуваат и еволуираат од генерација во генерација, и се разликуваат од култура до култура.

    Во поглед на религијата, постојат постари божества во светот од Еврејскиот и христијанскиот, со свои приказни за создавање на светот и човекот.
    Така да, да се тврди некому кој има многу постара религиозна традиција од јудео-христијанската дека неговите морални вредности дошле од твојот Бог, не само што е делулу, туку е покажување на дрска супериорност - која можеби е основниот проблем на јудео - христијанските религии.
     
    На theowndemon, CameliaMiller и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.609
    Допаѓања:
    25.168
    Пол:
    Машки
    Уште коа ќе видам дека некој ми „докажува постоење на Бог“ со цитати од библија, бегам далеку. :nod:

    Верувањето во господ е само тоа, верување, за некоја сопствена психолошка цел - мир, надеж и тн. (што ми е малку смешно, земајќи предвид дека за сè друго во животот бараме објаснување, докази и факти)

    А голем дел од верниците се верници оти „така треба да биде“, „традиција“ и оти така ѝ кажале од дома...
     
    На CameliaMiller и Ajronmen им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.412
    Допаѓања:
    20.687
    И маче и куче и дете покажуваат љубов на свој начин, а абер немаат од богови.
     
  18. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Еве, нека биде јас не сум верник.Искрено, се сметам за нешто помеѓу, но верувам во натприродна сила, сум ја искусил и верувам до некој степен во Бог.Зошто ние да бараме докази за Бог кога ни вие не сакате да ги барате?
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.911
    Допаѓања:
    267.417
    Јас немам конфликт со ниту еден бог, не знам за другите. Не разликуваш припадност и традиција од вера или?
     
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    8.895
    Пол:
    Машки
    Друже, не ти е читан разговорот од почетокот.

    Не барам доказ бидејќи не може на физички начин да се докаже нешто што не е дел од физичкиот свет.

    А на муабетот дека "може и е докажано", прашувам како?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.