Буквално, ама буквално, овие верници ми се "трн во око". Значи целата филозофија на верата е дека НЕ МОЖЕ да се докаже и дека треба да ВЕРУВАШ во нешто недокажливо, мислам со обидиве за "доказ" сами смислата на тоа во што наводно веруваат ја рушат. Независно која од (меинстрим) религија се следи, ајде за христијаниве, јасно е дека "доказот" ќе биде повторното враќање на Исус, меѓувремено верниците треба да веруваат дека е така и ќе биде така, а не да пробуваат со тотално бесмислени анегдоти да "докажуваат". Посебно ми е врв кога ќе најдат некој научник - епа тој бил верник! И, што со тоа? Докажал/измислил нешто, или докажал постоење на божество? Како и секое друго човечко суштество научникот си има(л) право да верува во што милува.
Можеби ќе дознаеме кога ќе еволуираме и тогаш ќе го имаш твоето како. Можеби и тогаш ќе имаш некој физички доказ.Ќе стане физички во некој си момент кога ќе престане хаосот на универзумот?
Во ред, на брзање читав и погрешно разбрав. Тектстот во боја го прочитав и разбрав е прашање. Па, тоа е и иронијата на неверниците. До тој степен на разбирање на физичкиот свет го имате, што понатаму не сакате да истражувате и добивате одговор дали постои нешто, нека не биде Бог.
Во однос на научниците - верници. Тоа е последица на фактот дека почнувајќи од периодот на Просветителството и кулминирајќи во 20. век, па за жал дури и до денес, најголем број од атеистите сакаат да го докажат спротивното - непостоењето на Бога изнесувајќи научни факти. Демек тие во Бога не веруваат - во науката верувале. Ама тоа е истото како и верниците кои сакаат да го докажат Божјото постоење. Науката се заснова на докази. Но, полето на интерес на науката и на верата е различно. Тоа што човекот ја напуштил атмосферата не значи дека Бог не постои. Ниту пак проучувањето на бозоните, кварковите и лептоните не може да го докаже постоењето на Бога. Бог е повеќе од математички докази! Свештените Писанија не се учебници ни по биологија, астрономија, геологија итн. Уште свети Василиј Велики (4. вел) вели, дека научниците треба да си се занимаваат со науката и да ги проучуваат природните закони (кои се Божји закони). Но, ќе повторам верата како наука треба да биде за проучување на начините и патиштата како да постигнеме заедница со Бога и не треба да се занимава со толкување на природните закони. А науката треба да си се занимава со природните закони, а не да се занимава со докажување на постоењето или непостоењето на Бога. На Бога не Му требаат докази, Богу се потребни нашите срца и нашата љубов према Него и према секој наш ближен.
Јас сум делумно верник и мислам дека може да се докаже постоењето?Секој си има свое мислење.Сега, што ќе напишеш за моево мислење? Одма сега одговор ќе добијам, па докажи си дека ти постои Бог
Тоа и го кажав, меѓутоа не се докажува непостоење. Не можам да докажам дека Зевс не постои. Се докажува постоење. Оттаму, верниците кои пробуваат да докажат на други дека бог постои (или дека баш нивната религија е највистинската според Бог) самите одат против своето учење, дека верата се вика вера затоа што не се докажува, веруваш во нешто без да го видиш. Духовна работа е која ниту може ниту има потреба да се докажува. Повеќе мислам дека се политичари/милитантни бранители на филозофија овие што убедуваат, отколку што се верници.
Многу од татковците на модерната наука кои го проширија нашето научно знаење беа христијани кои веруваа во Библијата. Тие веруваа во Бог Творец и не гледаа конфликт помеѓу науката и религиозното верување. Ова сè уште важи за многу научници денес, и покрај гласните извици на гласните атеисти и агностиците во оваа област. Истражувањето на членовите на Американското здружение за унапредување на науката, спроведено од Истражувачкиот центар Пју во 2009 година, откри дека мнозинството научници (51 процент) велат дека веруваат во Бог или во повисока сила. Некои, како астрофизичарот Хју Рос, биле изненадени кога откриле колку е темелно научно точна Библијата. Едната тетратка стана многу полна, рече тој, додека другата остана празна. „Библијата вели дека земјата е сферична. … Библијата беше против науката од своето време. Зборува за ѕвездите кои надминуваат милијарди кога астрономите велеа дека има само 6.000. Библијата правилно ги опишува законите на физиката - тоа нема да го најдете во ниту една друга света книга. „Тоа зборува за тоа кои ѕвездени јата се гравитациски врзани. Тоа навистина ме импресионира. Дури пред 20 години знаевме дали ѕвезденото јато Плејади [спомнат во Јов 38:31 ] е врзано или не. … Овде откриваме нешто што Библијата го спомнала пред 4.000 години“
Извини @Damsel ако сум ти го пропуштила одговорот, ќе можеш да се навратиш за ова за еволуцијата на љубовта и моралот, кое е гледиштето на твојата вера по ова прашање?
Ама јас сум доволно јасна во тој еден пост. Тоа не значи и дека ќе бидам разбрана и 10пати да се дообјаснам, ако некој не сака/може да разбере. Тоа едноставно не секогаш е до мене. Поготово ако има вклучено напразни дебати и поентирања/провокации, како што си ја сфаќаат поготово атеистите. Затоа и не се дообјаснувам.
Неуспех на еволутивната теорија е во објаснувањето на моралот. Сите култури имаат основни стандарди на моралот - морални закони. Од каде дојдоа? Теоријата на еволуцијата ќе нè наведе да веруваме дека алтруистичкото однесување ќе биде препознаено како позитивен атрибут при изборот на партнер. Сепак, го гледаме токму спротивното во животинското царство. Доминантниот мажјак ја добива женката. Животните немаат такво чувство за морал како луѓето. Науката нема добро објаснување за постоењето на моралот. Нема задоволително објаснување за тоа како љубовта можела да еволуира. Моралот навистина не одговара на еволутивната теорија; сепак, рационално е да се верува дека мора да постои извор на морален закон. За да постојат морални закони, мора да постоел Законодавец — Бог.