Не е чудно што повеќето луѓе отфрлаат сè што не го одразува нивното сопствено гледиште (Еремија 10:23). Тие мислат дека имаат подобар, попросветлен начин, многу посупериорен од претпоставениот груб и угнетувачки морал на Библијата. Сепак, Божјиот закон далеку ги надминува алтернативните морални вредности на човекот. Како што напишал апостол Павле: „Мудроста на овој свет е глупост кај Бога“ (1. Коринтјаните 3:19).
Не си ласкај жити се. Не те сфаќаат луѓето пошо постовите ти се конфузни и некохерентни, лишени од смисла и поента, а не пошо луѓето се глупи. На една ваква едноставна и недвосмислена тема, ти немаш еден единствен пост во кој искажуваш твој став дали веруваш во Бог туку само нафрлаш некои линкови и цитираш без врска па кога те прашаа да се изјасниш концизно се вртиш ко киша око Крагујевац. По петти пат те прашувам, која е таа поента што била во линковите? Немаше да биде полесно да си признаеш дека ти уствари немаше поим што е таканаречената "божја" честица, наместо да се вадиш како поентата била у линковите ама не можеш да ја објасниш?
Знаеш да дискутираш без цитати и зашо не? Еве како детето те сака, а не чуло за бог и не читало библија? Или мачето и кучето?
Еднакво социјален конструкт како и религијата. Верувам дека сум Македонка, ама тоа не се докажува научно Ич не сум во конфликт сама со себе, таман сум си со своите лични убедувања. Ќе одговориш зошто united church of god an international association е вистинската црква, а не е православната, римокатоличката, англиканската? Уште се држам во рамки на христијанство, не ни прашувам за ислам, јудаизам, хиндуизам итн.
Јас сум христијанка кој верува во Библијата и сакам луѓето да ја читаат Библијата. И сè што треба да направат е да ги отворат сопствените Библии и да ги прочитаат зборовите на страницата и ќе бидат шокирани, како што јас бев шокирана, од она што всушност е таму. Седни со Бог една минута и види што ќе се случи. Тоа нема секогаш да поправи сè, но тоа е одлично место за почеток. Припадник не сум на црквата, но после одредени истражувања за учењата во Библијата, сметам дека тие се вистинските припадници на црквата што ја изградил Исус и на која ги научил апостолите.
Ја читам Библијата, ехе, уште во средно прв пат, последно пред 1 година да речеме. Како дете имав книжуле "мојата прва Библија", илустрирана за деца. И ќе ја читам и понатаму. Не за да седам со бог, туку е четиво кое вреди да се чита затоа што на негова основа многу останати социјални конструкти, како моралот, биле засновани. Е сега, тоа не е темата и во друга може да ја дискутираме Библијата, моето едноставно прашање беше (под претпоставка) дека си родена во православно семејство, како повеќето нас, значи дека си одбрала деноминација која тебе ти е блиска до твоите ставови и сфаќања. Само исто како тебе, сите останати верници веруваат дека нивната деноминација е вистинската, сите тие ја читаат Библијата. Прашањето беше зошто баш ucg, колку што сум запознаена многу е блиска до протестантизам. Ако имаш желба да одговориш, побарај соодветна тема, овде сме офтопик.
Моралот не е воопшто заснован врз библијата, заснован е врз самата еволутивна интеракција меѓу единките. Дури и не зборуваме за луѓе, па ни за примати, кај глувците има одредено ниво на емпатија, што де факто ти докажува дека имаат некое основно морално чувство, перцепција за добро и лошо, за емпатија. Не го измислиле моралот христијаните.
Се согласувам, но исто така е факт дека огромен дел од нашата историја е под влијание токму на Библијата, од тој аспект е важна. Едит: не сакав да кажам дека христијаните го измислиле моралот, и каде што христијанство немало очигледно развиле свои морални норми, за нашата (европската) култура и традиција е историски важно христијанството. Има многу за дискусија на таа тема, од Византија до расколот на црквата до римокатолички мисионери, до развивање на писмото и писменоста итн. Првите видови на писменост се библиски преводи, почетоците на образованието се христијанските келии, ама тоа е пак ќе кажам, доста опширна тема која не мислам дека можеме овде да ја дискутираме.
Има јасна разлика помеѓу човештвото и животинското царство во однос на капацитетот за разбирање. Книгата Проповедник прави разлика помеѓу „духот на синовите човечки“ и „духот на животните". Токму овој „дух човечки“ нè издвојува од секое друго живо суштество - не бесмртна душа, туку елемент од нашето битие што ни овозможува да функционираме на различно ниво од остатокот од Божјото создание. За разлика од животните, луѓето имаат капацитет да сонуваат, да тежнеат, да планираат, да формираат мислења и да пренесуваат чувства, мисли и идеи - дејства што животните не можат ни да ги сфатат, а уште помалку да ги изведат. Кога последен пат сте имале вистински добар разговор со домашно милениче? Веројатно никогаш, нели?
А зошто ти мислиш дека Бог им ги одзема одредени емоции на животните? Каде го прочита или слушна ова? Разликите помеѓу луѓето и животните се енормни, што мешате работи и ги вадите од контекст. Честопати, едно лице мора да направи фундаментален избор, без простор за компромиси: Дали верувам дека Библијата е вдахновена, непогрешна Божја Реч и дали затоа верувам во она што е наведено во Библијата? Или верувам во она што самоуверено го учат и веруваат човечките суштества - вклучително и мнозинството од елитата, интелектуалните лидери, учителите, моќните и трендсетерите во светот околу мене? Библијата тврди дека Бог создал сè, а тоа има значителни импликации кои ќе направат вистинска разлика за секој човек.
Но луѓето не секогаш го имале истиот капацитет, преку еволуирање во текот на илјадници години сега ти имаш ментална способност да разглабаш вакви муабети.
Ти почна да сакаш луѓе тек кога прочита библија? Пред тоа немаше чувства никакви? Како јас си ги сакам луѓето околу мене, а не сум верник?
Пред да се појави библијата нашите предци се јаделе себеси за доручек. Исто така цел ден седеле околу оган и се мавале со камен по глава додека не дошле христијанските мисионери да им кажат како да живеат. Не негирам дека во нашата историја библијата имала одредено позитивно влијание, ама тоа не е целата и единствена слика. @Damsel сега ја изгуглав твојата црква, испаѓа дека е некоја гранка што не го прифаќа светото тројство. Нели е тоа еден од најголемите гревови во христијанството? Како се вклопувате вие во целата слика кога не следите еден од основните принципи?
Кога зборите за духот на животните.... Кои заповеди за нив важат за да не горат во пеколот? И како Господ се разбира со нив откако ќе умрат? И он ли лае? И чим постојат духови на умрени луѓе, зошто нема духови на умрени вонземјани? #прашања кои ме мачат
Не знам од каде ги вадиш муабетиве и каде изјавив такво нешто. Само ти ги посочив разликите, ама очигледно сакаш да се караш со мене, а од каде ти доаѓа мотивот точно знам. Кој те научи ова дека е вистина што го збориш за луѓето? Се прашувам дали знаеш кои биле првите луѓе и нивните потомци, ако не знаеш ќе објаснам. Баш ми е драго што си се заинтересирала за црквата, иако не е моја како што потенцирав, ама ви засмета многу нешто, еве се прашувам зошто? Што знаеш ти за тројството? Пекол не постои. Нема духови на умрени луѓе. Многу е поразлично од протестанство и се останато. Баш ми е драго што праша бидејќи би сакала да пишувам на темата за лажни учители и нивните лажни религии. Исклучително малку цркви денес учат дека Божјиот закон е релевантен за христијаните. Тие учат дека во седмиот ден не треба да се одморате. Тие велат дека денот на богослужбата се менува во недела и ако сакате можете да работите во него. Тие ви велат дека не треба да ги славите Божјите Свети денови наведени во Левит 23. Тие велат дека наместо тоа треба да славите некои други празници кои не се заповедани од Бог. Тие сакаат да верувате дека не сте предмет на никакви ограничувања во исхраната. Велат дека можете да јадете кое животно сакате. Искрените, но погрешни верски водачи можат и прифаќаат доктрини кои во нивниот ум им дозволуваат да прекршат некои од Божјите заповеди. Потоа ги убедуваат другите да веруваат како тие. За жал, преку влијанието на ѓаволот, тие се убедуваат себеси дека нивните погрешни концепти се праведни - дека Бог е задоволен со нив. Тие веруваат во лажните доктрини што ги учат. Иако се искрени, тие искрено грешат. Меѓутоа, со создавање на фалсификувана христијанска религија - онаа која не е сосема различна од вистинската Црква, но отфрла некои од основните библиски учења кои водат до вечен живот - сатаната се обидува да го попречи Божјиот план за спасение на човештвото. Запомнете, Исус вели: „Ако сакате да влезете во животот, пазете ги заповедите“ (Матеј 19:17). Токму тоа ѓаволот сака да го спречи. Тој промовира незаконско христијанство кое учи дека можеме селективно да ги слушаме, па дури и да ги игнорираме, Божјите заповеди. Сатаната задржува доволно вистина во своите доктрини за да ги убеди луѓето дека го следат Христос. Но, тој внесува доволна грешка за да ги спречи да живеат онака како што бара Бог како услов за наследување на вечниот живот. Запомнете, Исус веќе ги предупредил Своите вистински слуги дека тоа ќе се случи: „Влезете преку тесната порта, зашто широка е портата и широк е патот што води до уништување, и има многумина што влегуваат низ него. Тежок е патот што води кон животот, а малкумина се оние кои го наоѓаат, пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат кај вас во овча облека, а одвнатре се волци грабливи“ (Матеј 7:13-15 До крајот на третиот век, вистинските Божји слуги станале посебно малцинство меѓу оние што се нарекувале христијани. Фалсификуваното христијанство станало мнозинство. Само Десетте заповеди ја стеснуваат потрагата. Побарај цркви кои веруваат и ги поучуваат - сите . Кога станува збор за почитување на четвртата заповед, да се сеќаваме на библискиот саботен ден и да го чуваме свети, само тоа елиминира над 90 проценти од црквите. Тогаш би можеле да ја погледнете Божјата заповед да не се вградуваат пагански практики во обожавањето на Него (5. Мојсеева 12:31-32; 2. Коринтјаните 6:14-1. Следејќи ги оние кои ја следат оваа заповед, можете да го елиминирате огромниот број цркви кои ги слават Божиќ и Велигден, а пребарувањето сте го стесниле за уште 3 или 4 проценти. Потоа можете да погледнете дали црквата ги одржува или не библиските празнични денови, Бог јасно вели дека се негови, нарекувајќи ги „Мои празници“ (Левит 23:2). Евангелијата и книгата Дела јасно покажуваат дека Исус, апостолите и раната Црква ја потврдуваат и чуваат седмичната сабота од седмиот ден (Матеј 12:8; 24:20; Марко 1:21; 2:27-28; 6:2; 16:1; Лука 13:10; Овие книги и другите списи на апостолите исто така покажуваат дека ги празнуваат другите Свети денови и Божји празници (Матеј 26:2, 17-19; Марко 14:12-16; Лука 2:41-42; 22:1, 7- 20:13, Јован 7:1-30; :23-29; Ова ги елиминира сите, освен дел од црквите, и ни останува многу мал дел од сите цркви кои ги прават овие работи што Бог ги заповедал на страниците на Библијата. Имајте на ум дека Исус не ја опиша Неговата Црква како голема и видлива, туку како „мало стадо“ (Лука 12:32), така што можеби не е лесно да се најде меѓу илјадниците и илјадници цркви кои тврдат дека го следат .
Изборот е твој во што ќе веруваш. Само и љубовта и моралот Бог ги создаде, како и се останато. И Бог е еден, не знам колку богови знаеш ти.
А како сега погоре една членка ти рече отворив и прочитав нешто за твојата црква во која што си. По пишувањево очигледно си саботарка. Верувате во нешто, а немате поима во што.