Да. Заш не верувам дека луѓето настанале од мајмуни и не верувам во дарвиновата теорија. Мислам дека Господ не создал.
Сакам едно прашање до тие што се верници. Дали ја мешате реалноста со верата? Дали мислите дека парите се проклети? Ако сака некој нека ми пише лп што верува би сакала уште нешто да прашам.
Парите не се проклети и зошто би биле?освен ако за пари заработувачка не убиваш луѓе правиш шпионажа и намештаљки и ред други неморални работи
Чисто ме интересира што значи тоа дека веруваш во универзум? Веруваш дека универзумот постои? Мислам дека тоа е очигледен факт за кој сме учеле и сите деца учат по физика за вселената (универзумот) дека се состои од галаксии, планети, метеори, комети и други небесни тела итн.
Јас денеска дознав дека мојата спиритуалност има име - пантеизам, и дека сум всушност пантеист. Нема никогаш повторно да го употребам зборов, ама good to know.
Не мислам на галаксии, планети, атрофизика - го користам во контекстот на постоење на некоја повисока интелигенција/енергија/свест/натприродна моќ
Веќе некое време убедена сум дека живемее во симулација. Thus, има некаков креатор. Иначе, има ли "изм" назив за таквите ко мене?
Од секогаш сум верувал во Господ, никогаш моите родители, не ме носеле низ Цркви, Манастири, да бидат нападни со верата, или да ми збореле дека мора, треба, да верувам во Господ, него едноставно како раснев така повеќе сознавав за Господ, и ми дава посебна енергија тоа, посебено чувство на мир, спокој.